Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.06.2012, 17:20

Мое ќоше

И Путин ќе гласа за Груевски

Ерол Ризаов

Рускиот гас станува глас на македонските комунални избори

Владимир Путин, рускиот претседател, еден од најмоќните луѓе на светот, ќе гласа на македонските локални избори што ќе се одржат идната година. Оваа вест стаса завиткана во прекрасен новински наслов, со големи букви на првата страница: „Груевски и Путин ќе ја гасифицираат Македонија“. Класичен соцреализам на кој може да позавидат и комунистичките агитпроповци и демократските спин-мајстори. Рускиот гас станува глас за Груевски на македонските комунални избори. Лично Владимир Путин го ковертира денес во Москва својот глас, а пликот ќе го отвори премиерот Груевски идната пролет заедно со славината на новиот гасовод што ќе се гради низ Македонија. Ете какви чуда може да направи политиката, кои не му поаѓаат од рака ни на Господ.

Во целата оваа фантастична руско-македонска бајка има само еден реален момент. Во Македонија изгледа се потрошија парите и гласовите за воздигнување на достоинството и националната гордост, за изградба на стадиони, мостови, музеи, театри, споменици, коњи, лавови, фонтани, голи и облечени Прометеи, восочни фигури, триумфални капии, плажи, кораби и жални врби среде загаден Вардар. Сето тоа во строгиот центар на Скопје, на помала површина отколку што зафаќа една фабрика за пристојна цена помалку од милијарда евра. Тој вознес веќе спласна уште пред да се дадат во употреба новите потрошувачи на буџетот. На политичкиот мегдан, конечно, се отвори борба за вистинската работа која држи вода. Гасификацијата на државата, односно едно од најсуштествените економски прашања за иднината запоставувано со децении, а тоа е енергетикат��. Целиот свет и особено Европа водеа изминатите десетина години еден од најголемите стратегиски и драматични натпревари, главно, зад јавната сцена, во која беа вклучени најмоќните и најбогати луѓе, претседатели, премиери, цареви, кралеви, глобалните трустови и корпорации, разузнавачки служби, многу пари. А, каде што ни тоа не помогна се отворија кризни жаришта и вистински војни, само за тоа каде ќе поминуваат нафтоводите и гасоводите, кој кого заобиколува, кое снабдување со енергенси е посигурно и поисплатливо. И додека сите наши соседи добија дел од централните светски енергетски автостради, Македонија градеше споменици и копаше пославно минато длабоко до вековите пред Христа.

И кога лидерот на опозицијата изненади дека главна тема на локалните избори ќе му биде енергетиката, а главни адути Зоран Заев и гасификацијата на Струмица и на Куманово, како и единствениот електроенергетски објект изграден во последните децении „Козјак“, камбаните во ВМРО-ДПМНЕ удрија на цел глас. Ако на Црвенковски му се главни адути гасот и Заев, на Груевски главен адут ќе му биде Путин и гасовод за цела Македонија. Одлично. Нема ништо лошо во еден ваков политички натпревар, особено ако од тоа нешто испадне. Но, стравувам дека е доцна и дека многу поволните славини на нафтоводите и гасоводите кои требаше да поминат низ територијата на Македонија од што ќе имавме добар бенефит веќе не' заобиколија. Сега се крстиме на краци од соседите кои кај нас ќе завршат како во ќор-сокак за што не можеме да наплатуваме патарина за енергенсите кои би оделе кон други земји. Таа стратегиска битка Македонија ја загуби во едно време кога беше обземена со своето славно минато. Се' ми се чини дека се' уште не сме излегле целосно од тој филм иако барем формално пред изборите се најавија големи инфраструктурни проекти како што се изградбата на поголеми и низа помали хидроелектрани, регулација и прочистување на водите, гасни и термоцентрали и, конечно, гасификација, патишта и автопатишта во повеќе патни правци. Тоа се предусловите и стратегиските приоритети за прогрес на Република Македонија. Има уште еден голем, но се' уште не многу видлив предуслов за вистински напредок на Македонија, а тоа е главниот адут на сите држави кои немаат големи природни богатства. Тоа се демократијата, образованието и општата култура. Македонските тркачи по власт, но и гласачи, конечно, треба да ја совладаат формулата дека без развој на демократијата и правната држава, сите реформи и политички и економски се неостварливи. Кога граѓаните ќе го прифатат единственото мерило за успешноста на една политика, а тоа се демократијата и квалитетот на животот, тогаш веројатно и ќе потече и рускиот гас и ќе задува европскиот ветер низ Македонија. Засега, според мерилата на ОН за квалитетот на живеење, Македонија е последна во Европа. А слобода имаме колку што можеме да ја поднесеме.


Статијата е прочитана 5801 пати.

Испрати коментар



Златна зора ќе не' дисциплинира и нас
Опозицијата веќе не спие - дома
Бучковски немал намера да прави партија
Митрова не ја коментира одлуката на судот
Според Кацин, Груевски се договорил за името, па одложил
Бугарија гради (анти)грчка позиција
Македонија успешна во борбата против трговијата со луѓе
Извештајот за МРТВ е нереален, оцени ревизорот
Новa лустрација пред новитe избори



Itar Pejo, 21.06.2012 00:07:01
Slusam deka deneska Gruevski ce rucal so Putin. Nisto cudno za nasiot Premier. Pa neli minatiot februari bese na ista masa so Анџелина Џоли!
DOM, 21.06.2012 00:35:54
Svoevremeno bev vo teshka zabluda so Miloshevic i negovata odbrana na Jugoslavija, no zatoa so Gruevski i negovite politiki, pred se odbranata na imeto i raschistuvanjeto so mizerijata, nemav nikakva zabluda. Nazalost, mnogumina se! A toj e opasnost za Makedonija tokmu kakva shto beshe Miloshevic za Jugoslavija i Srbija. Ama se e isto, samo shto e vo poskromni razmeri, soglasno goleminata na Grujo i MK vo odnos na Slobo i YU. Svatete go toa vece ednash dragi patrioti i ne bidete povece seljaci/glupaci kako ,,Marinko Rokvic,,. Nie treba da bideme demokratska drzava so demokratski institucii, a ne chovek-drzava, da raboti shto saka i da troshi kolku saka. Vo ime na Boga, ne glasajte go povece!
USA, 21.06.2012 05:33:15
Vo demokratskata kolumna na avtorot, kritikite padjaat samo na vlastta so pemolcan povik site da pieme SAMO od izvorot na SDSM koj presusuva veke 6 godini. Sakate promena na vlast so starata vlast i kadar?? Demokratija........abe ajde.
ФЕЛИКС, 21.06.2012 06:39:34
Нема потреба од иронизирање на авторот за средбата на премиерот со Путин преку врската гасификацијата и соблечениот па облечениот Прометеј и др.работи.Вероватно мотивот да ти бил бојазност да не случајно сепак биде нешто од договорот за гасификација на РМ па така идниот проект за гасификација на Куманово и сега Струмица се сведе како на гасификација на две локални самоуправи и ништо друго.Очекувам сега изблик на просветлени написи од стилот,,премиерот ги батали ЕУ и НАТО интеграциите и се сврте кон Русија,ами шчо праиме сега леле,леле,,Нормално од како пропадна проектот,,со оваа влада не изолираа сите,,И на крај очекувам од авторот да во ист стил го опсервира автобускиот роуд шоу на домашен терен,од спиење по селски објекти,ниви пред жетва до посети на брани и др.На крај еден совет,да не направи грешка илузионистот па така залетан да ни каже како го направи патот Тетово-Скопј�� или пругата за Бугарија.
miki, 21.06.2012 07:11:54
Пред 1,5 година Путин дојде во Србија со цела свита бизнисмени, новинари, тајкуни и........... НИШТО.........само некоја трошка, Истото ќе се случи и со нас.............
Перо, 21.06.2012 08:02:34
И што ке му каже Грујо.Знаеш Путин ние те сакаме ама тајно , јавно ги сакаме Америте онака повеке колку да ги заебеме inaku samo Rusija i Srbija makedonija ja spasavaat. Ех ех ке му се смее Путин, и ке го прашуе до кад ее спорот со Името и дали Русија може да помогне хахаахахахаха. ЕХ ех ех ...
Istocna Makedonija, 21.06.2012 08:05:20
Veruvajki vo vetuvanja,a vo ocajnicki ocekuvanja za pristojna ziveacka,vo bliskoto minato,glasavme mnogu.Sega...A,prasanje e dali i liderite na najgole mite svetski velesili ke pomognat.Ne se naucivme na greskite na prethodnite,ednostavno i samo gi repri ziravme na steta na obicniot graganin.
Regan, 21.06.2012 08:49:54
Ако не дојде гасоводот во Македоија, како што тврди авторот,со кои гас ќе се гасифицира Струмица?Со канти ли ќе го носат гасот?А колку што се сеќаваме,Македонија повеќе години води преговори за рускиот гас.
jaco, 21.06.2012 08:54:04
a be sto mu bide na premierot 5 god. ne izleze od makedonija a sega go proseta celiot svet barajki investitori od stranstvo .Sega po se izgleda trgna da sobira poeni od nadvor demek nosi investitori miljarderi koi doagaat vo makedonija uzivaat 3-4 dena i zaminuvaat vo eden pravec i ne se vrakaat a sega demek soputin ke rucel a be i so sveti putin da vecera vo makedonija rabotata ne ja biva .Gospodine Gruevski narodot nema ni po 50 evra semeen budcet nema sto da jade .a ti vrbi mi sadis vo Vardar sramota.
od ostrijot, 21.06.2012 09:02:47
ako i putin kako i makedonskijot narod nasedne na falbite na grujevski togas ion ke glasa za nego.
jordan, 21.06.2012 09:20:57
Pa neli vasiot vesnik nezavisennapisa deka Putin ke go odmine Gruevski!Tolku ste nastroeni protiv Makedonija toa e nesto neverojatno!Pisuvate se i sesto protiv vlasta a od druga strana vikate deka imalo mrak vo novinarstvoto! Narodot gleda i kaznuva!So vakva politika sdsmovska nikogas nema da bidete vesnik so rejting a i nikogas nema sdsm da se vrati na vlast!A i neznam sto ceka ovoj noviov gazda treba malku da napravi promaja!Dosta so ovoj Erol neka pusti mladi Makedonci da pisuvaat,dosta e so ovie plukaci!
nato-jato, 21.06.2012 09:37:34
Samo sto ne ni trgnalo , vo prasanje se sekundi i nekoja stotinka...
Mark, 21.06.2012 10:00:55
Pa ima nesto so taa gasifikacija! Eve pred nekolku dena Sintez Grup, golema ruska firma sopstvenik na 80% od gasnata centrala TE-TO, kupi 17% od skopska Toplifikacija! So ogled na toa sto Toplifikacija e registrirana i kako distributer na gas se zboruva i za direktno vklucuvanje na GASPROM, preku spomnatata grupacija vo gasifikacijata! Nabrzo ke se znae!!
Трпе, 21.06.2012 10:39:49
Овие туристички прошетки на нашиот ни пропаганден премиер ми мирисат на нешто.Случајно чоекот да не бара, која земја ке му даде азил по ова катастрофа што ја направи на сопствениот напатен народ.
девичанецот, 21.06.2012 10:52:58
Почитуван Ероле, Само потсети се кога и зошто сегашниот пензионер Б.Ц. чекаше со денови во Москва да биде примен од Путин, ама не беше примен. Дали е тоа подобро, или ова денес што нашиот премиер е на средба со Претседателот на Русија. Размисли добро, па после грижи се дали Путин ќе гласа за Груевски, или за пензионерот Б.Ц.
baltazar, 21.06.2012 11:37:22
Abe DOM ne huli na gospoda,zosto ce se nalutat tvoite oti uste ja pamtat sorabotkata so Marko,sinot na onoj od Srbija.Samo kolku sleperi so cigari se protnaa,pa cisterni so nafta i dr.za vreme na embargoto.Uste se zbori kako se vrsese punenje na kesinjata i privatni i partiski.
kaznet, 21.06.2012 11:45:48
До Реган, еј малку поразмисли кога ќе тропнеш, како ти текна дека со канти ќе носи Заев, има Регане има само кога се сака, дали те служи сеќавањето пред некоја година го барабме долгот од РУСИТЕ во кеш, ама небидна Регане, наше големо име,
VMRO-DPMNE Dolzno kako grcka, 21.06.2012 13:00:47
Dezurnoto dusogrizno macorce prodolzuva metaforicno da mjauka, se posilen e negoviot mjauk, ke saka da e od strav od budenjeto na narodot i opozicijata.
Картер, 21.06.2012 14:15:59
Колега Реган,ептен си одлепил!Гасот во Струмица веќе се носи компримиран,со цистерни!Се чувствуваат последиците од атентатотврз тебе!
Natasa, 21.06.2012 16:15:32
A sigurno razgovarale ili samo se pozdravile, od tolku reklami nisto ne e cudno.
Vladimir, 21.06.2012 19:44:58
Ako ne se lazam istiov avtor imase objaveno tendenciozen i navredliv napis vo istiov vesnik za slovenite i grcite; kako i grcite bile sloveni. Tendenciozni i navredlivi napisi za koj treba da se skreni vnimanie. Cela Evropa zavisi od ruskiot gas, a Rusia e ekonomski magnat vo energetika. Isto taka Rusia e golem pazar vo koj Makedonia moze da gi afirmira svoite proizvodi. Samo edna rabota zameruvam, trebase vladata na Makedonia porano da odi vo Rusia da gi intenzivira osobeno ekonomskite vrski zosto vratata na Rusia sekogas e otvorena za najjuznite slovenski braka.
ah feliks feliks, 21.06.2012 19:48:17
zal mi e za tebe najiskreno mozes da zboruva kako jas sum sdsmovec i normalno e da komentiram protiv tebe no toa ni me zagrizuva nitu e tocno od toa sto si pisal najveke mi ostavi vpecatok toa sto velis deka so ovaa vlada ne izoliraa site tuka samo ti fali da gi trgnis navodnicite zasto pogolema vistina od toa vo momentov nema

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Петок
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Телеграма пронајдена по 68 години
Телеграмата ја реши мистерија за судбината на британскиот војник Гордон Хитон...
Знаменитостите на Европа чинат само 700 милијарди евра
Според истражувањето Ајфеловата кула во Париз е најскапа и е проценета на 434 милијарди евра...
„Епл“ највредна компанија во историјата на берзата
Американскиот електронски гигант достигна вредност од 623 милијарди долари, со што го надмина рекордот на „Мајкрософт“ о...
Војна со Иран израелската економија ќе ја чини 41 милијарада долари
Анализата е направена преку екстраполација на трошоците за време и по војната во Либан во 2006 година...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |