Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.06.2012, 17:41

Митрова не ја коментира одлуката на судот

��убиша Станковиќ

Гевгеличанката Спаска Митрова не сака да ја коментира одлуката на Врховиот суд на Македонија да и' ја одземе малолетнатата ќерка. Во краткиот разговор Митрова ни рече дека ќе молчи по пресудата на највисокиот суд, а со која петгодишната ќерка му се доделува на чување на таткото Воислав Савиќ.

Пресудата, која предизвика и политичка бура на реалција Македонија -Бугарија, за Врховниот суд е сосема легитимна и издражана и во неа нема политика, туку исклучиво правно толкување на состојбите. Во пресудата, елаборирана на неколку страници е дадена комплетна слика која ги обременила односите меѓу поранешните сопружници. Имено, се' почнува со денот на склучување на брачна заедница меѓу Спаска Митрова и Воислав Савиќ во октомври 2006 година. Во февруари следната година тие ќе станат родители на девојчето околу кое сега се кршат копјата, но веќе во мај 2007 година бракот бил разведен. Откако бракот бил разведен, новороденчето и' било доделено на чување, воспитување и издржување на Спаска Митрова, а Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на 31 мај 2007 година ќе донесе решение со кое ќе ги регулира натамошните односи меѓу таткото и ќерката. Со одлуката Воислав Савиќ добил право да го гледа детето секој петок во траење од два часа, во домот на мајката и во присуство на блиски роднини, а по потреба и пред претставници на Центарот за социјални работи.

Целата работа околу гледањето на детето ќе се прекрши кога мајката ќе одлучи повеќе да не му дозволува на таткото да се гледа со своето дете. Ваквиот однос ќе доведе Воислав Савиќ да поднесе тужба против својата поранешна сопруга. Всушност, тој против мајката поднел три тужби за сторено кривично дело „одземање малолетник“, а судовите донеле исто толку пресуди со кои се потврдило делото за кое таа била обвинета. Една од пресудите, изречена во декември 2008 година, била потврдена и од Апелацискиот суд во Скопје, а со неа се предвидувало и затворска казна во траење од три месеци. Токму поради упатувањето на Спаска Митрова на издржување затворска казна, Центарот за социјални работи ќе донесе одлука со која и' се дава право да одржува контакти со своето дете.

Во еден дел од пресудата на Врховниот суд е наведено дека таткото „остварува егзистенција со привремени вработувања, работи повеќе работи без регулиран работно-правен однос“ и дека живее во станот на неговите родители. За Спаска Митрова судот ќе наведе дека „остварува приход од работен однос во друга држава, но дека за тоа не приложила никаков доказ“.

Дали Спаска Митрова, која освен македонско има и бугарско државјанство, сама ќе ја бара правдата пред меѓународните судови или тоа во нејзино име ќе го стори бугарската влада? Премиерот Бојко Борисов и некои европратеници најавија ангажирање на експерти по меѓународно право, кои би постапувале пред меѓународни судски инстанци.


Статијата е прочитана 604 пати.

Испрати коментар



Златна зора ќе не' дисциплинира и нас
Бучковски немал намера да прави партија
Опозицијата веќе не спие - дома
Според Кацин, Груевски се договорил за името, па одложил
Бугарија гради (анти)грчка позиција
Македонија успешна во борбата против трговијата со луѓе
Извештајот за МРТВ е нереален, оцени ревизорот
И Путин ќе гласа за Груевски
Новa лустрација пред новитe избори

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 30°C

Делумно облачно

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |