Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
24.06.2012, 23:50
(ЕП 2012) Пеналите кобни за Англија



Италија се пласира во полуфиналето, откако го елиминира „гордиот албион" по подобро изведување на ударите од белата точка со 4:2

Италија го доби пенал рулетот со Англија и се пласира во полуфиналето на Европското првенство во кое ја очекува дуел со Германија. Немаше победник, ниту гол, во основните 90 минути, така беше и во двете продолженија по 15 минути, па ударите од белата точка го дадоа последниот полуфиналист на шампиопнат. Во нив поуспешни беа Италијанците со 4:2. Погодија Балотели, Ночерино и Дијаманти, промаши Монтоливо, на спротивната страна Жерар и Руни беа прецизни, Јанг ја погоди гредата, а Буфон го "прочита" Кол за голема радост на "азурите".

Италија беше многу поактивна на теренот и поблиску до погодок во воведните 45 минути од мечот. "Азурите" уште од почетокот заиграа на половината на Англичаните и таму останаа во најголем дел од полувремето. Притоа погодија статива (Де Роси), трипати во гол прилика се најде Балотели и еднаш Касано, но Џон Харт успеа да сочува мирна мрежа до одморот. Најизлегдните прилики ги имаше напаѓачот на Манчестер сити. Неговиот удар во 25 минута го изблокира Џон Тери во последен момент. Седум минути подоцна Касано му спушти топката во петерецот, а англиските штопери одново се спасија од негатива. Првата закана од "гордиот албион" дојде во 7 минута, само две минути откако стативата беше сојузиник на Англија по ударот на Де Роси. Шанса да се запише во листата на стрелци имаше Глен Џонсон меѓутоа аплаузите ги собра Џанлуиџи Буфон кој со фантастична рефлексна реакција не дозволи водство на противникот. Се закани и Руни со глава и биеше надвор од рамки на голот, нишанските справи во првото полувреме ги тестира и Дени Велбек, но и тој остана без реализација.

Англичаните целосно се повлекоа во вториот дел, делумно поради замор, делумно поради недостаток на идеја и креативност. За разлика од нив, Италијнаците ја задржаа доминацијата на теренмот, но без конкретен ефект. И Прандели и Хоџсон се обидоа со измени да го променат текот на мечот, но успеаја само да ја живнат играта, но не и примарната цел - да дојдат до посакуван гол.

Вечерва во Киев, сепак, беше постигнат меѓутоа не и признат. Целта ја погоди Ночерино чија реализација не беше призната поради офсајд позиција на фудбалерот на Милан. (С.Д.)






Статијата е прочитана 1083 пати.

Испрати коментар



Македонија поразена и на втората контролка со Порторико
Надал елиминиран уште во второто коло на Вимблдон
(ЕП 2012) Италија финалист, Балотели и пресуди на Германија
Половина фаворитки на Вимблдон во аут
(ЕП ВЕСТИ) Оставка на холандскиот селектор Ван Марвајк
Лондон „печен“ за трка во Формула 1
(ЕП 2012) Германија - Италија, судир на две големи фудбалски династии
Македонските кошаркари поразени од Порторико
Шпанија прв финалист на ЕП 2012
Милошевиќ нов тренер на Силекс
„Фед-екс“ не запира на Вимблдон
Лери Бирд се повлече од Индијана
(ЕП ВЕСТИ) Балотели како Кинг Конг
Алонсо блиску до рекордот на Шумахер
(ЕП 2012) Ибериски двобој за финалето
МЗТ Скопје станува акционерско друштво
Крај уште на почетокот за Бердих
Шевченко избира меѓу пензија и САД
(ЕП ВЕСТИ) Две години суспензија за Самир Насри?
Шундовски ја презеде Констанца
Дрогба доаѓа во Барселона?!
(ЕП 2012) Илиевски - Најдобрите се во полуфиналето
Илчо Ѓорѓиевски најсериозен кандидат за претседател на ФФМ
Серафимоски нов претседател на АФМ
Ѓоковиќ лесно со Фереро, Венус во аут
Почина 23-годишен поранешен член на Ливерпул и Бетис
Поволна ждрепка за нашите претставници во Лига Европа
Вардар го доби БАТЕ Борисов во квалификациите за ЛШ
Кошаркарите успешни на вториот тест во САД
Гетлин побрз од Геј на 100 м
Вимблдон шлаг на сезоната
Алонсо ја разби низата со различни победници
(ЕП 2012) Борбеноста против тактиката
(ЕП 2012) Французите немаа клуч за шпанската тика-така
Македонија домаќин на ЕП за ракометарки до 17 години
Иницијативниот одбор постигна договор со ФФМ околу одржување на Собранието
Германската и грчката амбасадорка заедно гледаа фудбал
(ЕП 2012) Грчкиот бункер распарчен, Германија во полуфинале
Ракометарките добија тешка група на ЕП 2012
Управниот Одбор на ФФМ поднесе оставка
Мајами со шампионски прстен!
(ЕП 2012) Германија ќе им наплаќа на Грците во Гдањск



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |