29.06.2012, 13:08 Европскиот совет ги потврди преговорите за Црна Гора
Шефовите на држави и на влади на Европската унија на денешниот самит во Брисел го потврдија отпочнувањето на преговорите за членство на Црна Гора.
- Европскиот совет ја поддржа препораката на Министерскиот совет за отпочнување на преговорите со Црна Гора, се наведува во неофицијалната верзија на заклучоците од Самитот.
Одлуката официјално ќе биде објавена најверојатно денеска попладне.
Советот на министри на ЕУ го одобри отпочнувањето на преговорите со Црна Гора, но одлуката ќе стапи во сила по формалната потврда од шефовите на држави и на влади.
|