01.07.2012, 11:08 Претседателот Иванов во посета на Казахстан
Иванов утре во Астана ќе се сретне со неговиот домаќин, казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, по што ќе има средби и со премиерот Карим Масимов и со претседателот на Сенатот на Казахстан, Каират Мами
Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов од денеска престојува во државна посета на Казахстан.
Иванов утре во Астана ќе се сретне со неговиот домаќин, казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, по што ќе има средби и со премиерот Карим Масимов и со претседателот на Сенатот на Казахстан, Каират Мами.
Во рамки на посетата на македонскиот претседател на Казахстан ќе бидат потпишaни и неколку билатерални договори, меѓу кои и за економска и трговска соработка, за избегнување на двојното оданочување и за заштита на инвестициите.
Претседателот Иванов ќе се обрати и на македонско-казахстанскиот бизнис форум, на кој пред бизнисмените од Казахстан ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Македонија. Во рамките на форумот Ивнов ќе се сретне и со претседателот на Фондот за национална блгосостојба „Самрук-Казина“, Умирзак Шукеев.
Во составот на делегацијата што го придружува претседателот Иванов за време на посетата на Казахстан, се и заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Виктор Мизо. сп/мч/9:09
|