30.06.2012, 11:30 (ЕП ВЕСТИ) Бејл во Тотенхем до 2016 година
„Овде сум веќе пет години и уживав во секоја минута од натпреварите. Фановите беа фантастични и на овој начин би сакал да им се заблагодарам за укажаната поддршка“, изјави Бејл
Велшкиот фудбалер Герет Бејл ја продолжи верноста кон Тотенхем до 2016 година и со тоа ги негира шпекулациите околу неговото заминување од „Вајт Харт Лејн“.
„Овде сум веќе пет години и уживав во секоја минута од натпреварите. Фановите беа фантастични и на овој начин би сакал да им се заблагодарам за укажаната поддршка“, изјави Бејл.
Тој досега одигра 160 меча за спарси, во кои постигна 29 гола. Највпечатливите настапи ги имаше пред две сезони во осминафиналето од Лигата на шампионите против Интер, кога во победата од 3:1 постигна два гола.
Пронаjдена бомба во Варшава
Полската полиција пресретнала сплав на реката Буг, во кој пронашла бомба со детонатор и фотографија од стадионот во Варшава, на кој се одигра вториот полуфинален натпревар меѓу Германија и Италија. Властите веднаш формирале кризен штаб, а со цел да ја смири јавноста со изјава излезе и полскиот министер за внатрешни работи Јачек Чихоцки.
„Формиран е кризен штаб и заклучено е дека не постои опасност и закана за полските граѓани и објектите“, изјави тој.
И покрај тоа што бомбата била пронајдена во јужниот дел од земјата, блиску до границата со Украина, сепак, властите не оставија ништо на случајот и на стадионот на кој се играше мечот Германија - Италија беа поставени 6.000 полицајци. Се очекуваат зголемени мерки на безбедност и за финалето во Киев, Украина.
Нани: Роналдо, немој да лажеш
Крилото на Манчестер јунајтед, Нани, излезе со шокантна вест во јавноста дека не е вистина тоа што Роналдо изјавил оти на играчот на Реал Мадрид му било сеедно дали ќе шутира прв или последен во пенал-рулетот со Шпанија. Нани изјави дека Роналдо намерно сакал да шутира последен со цел да ја земе славата.
„Роналдо намерно побара да шутира последен. Обично, во пеналите последните ја товарат славата на свој грб, а Роналдо токму тоа го сакаше. Бенто сакаше да го стави да шутира прв, со цел да им влее самодоверба на останатите, но тој одби“, изјави Нани.
Роналдо го утнал летот за Лисабон
Кристијано Роналдо останал во Украина подолго од планираното, откако португалската ѕвезда, непланирано, поради тоа што отишол да си земе нешто за јадење на аеродромот во Донецк, го пропуштил авионот во кој се наоѓале репрезентацијата и Стручниот штаб.
„Организаторот на патувањето ме праша дали би сакал да седам во петтата зона, на крајот од авионот. Се согласив. Потоа отидов до едно ресторанче да си земам нешто за јадење, а авионот ��олета без мене. Купувањето јадење можеби беше моја грешка, но тоа што го направија пилотите е непростливо“, изјави Роналдо.
|