Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
27.06.2012, 10:04
(ЕП 2012) Ибериски двобој за финалето



Португалија вечерва на „Донбас арена“ ќе ја предизвика Шпанија во првиот полуфинален меч на Европското првенство

Кога „ууу“ ќе го замени „оле“, значи усовршеноста на фудбалската игра ги пробила границите на привлечното и преминала во димензија на „здодевен квалитет“. Актуелниот светски и европски првак е толку супериорен во последните години што доминацијата почна да ја убива возбудата во нивните натпревари и да буди гнев кај неутралните фудбалски вљубеници. Европа се прашува дали може да чукне судниот час за шпанското „тика-така“.

„Армадата“ ќе се бори за третото едноподруго финале на големите натпреварувања, но Португалија се амбицира да ја запре и да направи сензација. За големи потфати потребни се големи луѓе. Во фудбалот Стариот континент има еден човек пред останатите во својот род. Кристијано Роналдо стои пред предизвикот на кариерата, барем кога е репрезентативниот фудбал во прашање. Точно, играше финале пред осум години, но сега е ’рбетот на оваа генерација на Португалија и, покрај правото на јунаштво, има и одговорност пред милионите фанови. Најдобриот голгетер на Реал Мадрид ќе заигра против четворица клупски соиграчи, сите деструктивци и дефанзивци, што значи дека ќе биде исклучен факторот непредвидливост во нивните директни дуели.

„Неговата сезона во Реал беше неверојатна од аспект на начинот на кој играше, на постигнатите голови и на урнатите рекорди. Но, мислам дека сега не е на своето највисоко ниво“, анализира капитенот на „кралскиот клуб“, Икер Касилјас. „Кога тој шутира, топката прави чудни движења. Среќа што не е ’јабулани‘, бидејќи би било екстремно, но и вака морам да бидам максимално внимателен“, предупредува шпанскиот голман и самиот под светлата на популарноста поради едно престижно статистичко достигнување што го очекува. Ако Шпанија ја совлада Португалија, Касилјас ќе биде првиот фудбалер воопшто што ќе ја прослави стоттата репрезентативна победа.

Уште еден колега на Роналдо признава дека тој е посебен, но дури и за него заеднички ќе најдат решение.

„Секогаш играме со истиот однос, без разлика на противникот. Во случајов, ќе ја анализираме играта на Роналдо и можеби ќе направиме мали приспособувања, но ќе се обидеме да играме како тим, бидејќи тоа е најдобриот начин да запрете поединец“, изјави Чаби Алонсо.

Колегите можеби го познаваат Роналдо, но никогаш не играле против него. Затоа, веројатно, полесно ќе им биде на оние што веќе воделе битка на теренот со „ЦР7“.

Пулените на Барселона ќе имаат двојна мотивација да го запрат португалскиот ас, а најзасегнат меѓу нив секако е Жерард Пике. Сепак, тој не се занимава со Роналдо, туку се осврна на последниот официјален судир меѓу Шпанија и Португалија на СП 2010, кога Шпанците славеа со 1:0 со голот на Давид Вилја. Клучно во тој меч беше присуството на Фернандо Љоренте, кој влезе во вториот дел и ја скрши дотогаш беспрекорната португалска одбрана. Токму во таа насока, со навестување за вечерашниот состав, анализира и Пике.

„Тој беше супериорен во воздушните дуели и се бореше како лав. И овде тренира неуморно и во одлична форма е, така што би можел да биде опција за нападот вечерва“, вели Пике за Љоренте.

Иако шпицот на Атлетик Билбао ги отседе на клупа сите четири меча досега на ЕП, нема да чуди ако биде новото изненадување од Висенте дел Боске, кој досега успешно експериментираше со нападот. Останува енигма за која варијанта ќе се реши Дел Боске во ситуација кога и тој и Пауло Бенто имаат комплетни екипи на располагање поради правилото за бришење на претходните жолти картони. За Португалија е лесно да се претпостави дека ќе излезат истите 11-мина од сите три досегашни меча.

Двете екипи се сретнаа уште еднаш по осминафиналето во Јужна Африка. Во ноември 2010 година Португалците победија со 4:0 во пријателски натпревар, но во седумте компетитивни средби имаат само една победа. Сепак, во последните 12 ибериски двобои Шпанија има само два триумфа. Третиот ќе го бара вечерва во 20,45 ч. на „Донбас арена“ во Донецк. (В.А.)



Статијата е прочитана 455 пати.

Испрати коментар



(ЕП ВЕСТИ) Оставка на холандскиот селектор Ван Марвајк
Лондон „печен“ за трка во Формула 1
(ЕП 2012) Германија - Италија, судир на две големи фудбалски династии
Македонските кошаркари поразени од Порторико
Шпанија прв финалист на ЕП 2012
Милошевиќ нов тренер на Силекс
„Фед-екс“ не запира на Вимблдон
Лери Бирд се повлече од Индијана
(ЕП ВЕСТИ) Балотели како Кинг Конг
Алонсо блиску до рекордот на Шумахер
МЗТ Скопје станува акционерско друштво
Крај уште на почетокот за Бердих
Шевченко избира меѓу пензија и САД
(ЕП ВЕСТИ) Две години суспензија за Самир Насри?
Шундовски ја презеде Констанца
Дрогба доаѓа во Барселона?!
(ЕП 2012) Илиевски - Најдобрите се во полуфиналето
Илчо Ѓорѓиевски најсериозен кандидат за претседател на ФФМ
Серафимоски нов претседател на АФМ
Ѓоковиќ лесно со Фереро, Венус во аут
Почина 23-годишен поранешен член на Ливерпул и Бетис
Поволна ждрепка за нашите претставници во Лига Европа
Вардар го доби БАТЕ Борисов во квалификациите за ЛШ
Кошаркарите успешни на вториот тест во САД
Гетлин побрз од Геј на 100 м
Вимблдон шлаг на сезоната
(ЕП 2012) Пеналите кобни за Англија
Алонсо ја разби низата со различни победници
(ЕП 2012) Борбеноста против тактиката
(ЕП 2012) Французите немаа клуч за шпанската тика-така
Македонија домаќин на ЕП за ракометарки до 17 години
Иницијативниот одбор постигна договор со ФФМ околу одржување на Собранието
Германската и грчката амбасадорка заедно гледаа фудбал
(ЕП 2012) Грчкиот бункер распарчен, Германија во полуфинале
Ракометарките добија тешка група на ЕП 2012
Управниот Одбор на ФФМ поднесе оставка
Мајами со шампионски прстен!
(ЕП 2012) Германија ќе им наплаќа на Грците во Гдањск

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | С��ет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |