Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
26.06.2012, 17:45

Крај уште на почетокот за Бердих

Финалистот на Вимблдон од пред две години елиминиран во три сета од Летонецот Гулбис

Финалистот на Вимблдон од 2010 година и шести носител годинава Томаш Бердих е најнепријатното изненадување на првиот ден од машкиот дел од неофицијалното светско првенство во тенис. Ернест Гулбис (23) од Летонија, 87. на АТП-листата, го елиминира Чехот со 7-6, 7-6, 7-6. Гулбис покажа сензационална игра, а многумина веќе сметаат дека ќе го надмине успехот од пред четири години, кога стигна до четвртфиналето на Ролан Гарос.

„Кога ја видов ждрепката, бев пресреќен. Сакав да играм уште на стартот со голем противник. Тоа ме мотивираше уште повеќе. И да беше некој повисоко рангиран тенисер, немаше да имам проблем со тоа“, изјави младиот Гулбис пред новинарите.

Голем дел од заслугите имаше и неговиот нов тренер Гантер Бресник, а старите видеа од играта на Бердих и дополнителните тренинзи беа причината за изненадувачката победа на Летонецот, кој пред две години во Скопје загуби од Лазар Магдинчев во рамките на Дејвис купот.

„Морам да признаам дека на тренинзите ми беше напорно, но, сепак, ги увидов слабостите на мојот противник на видеата и тоа беше причина за мојот триумф. Многу е едноставно - ако тренираш напорно, резултатите ќе дојдат сами по себе, ако не, тогаш не можеш да се надеваш на успех. На тренинг можам да победам секого, но на турнир е сосем поинаку. Сфатив дека треба да играм порелаксирано затоа што преголемото размислување може да те чини скапо на теренот“, додаде Гулбис.

Резултати од првото коло, мажи: Федерер (3., Швајцарија) - Рамос (Шпанија) 6-1, 6-1,6-1; Типсаревиќ (8., Србија) - Налбандијан (Аргентина) 6-4, 7-6, 6-2; Монако (15., Аргентина) - Маер (Германија) 6-4, 7-6, 7-6; Долгополов (22., Украина) - Богомолов (Русија) 6-3, 6-4, 7-5;

Истомин (Узбекистан) - Сепи (23., Италија) 6-7, 6-4, 3-6, 6-3, 8-6 итн. Жени, прво коло: Шарапова (1., Русија) - Родионова (Австралија) 6-2, 6-3; Кириленко (17., Русија) - Каданту (Романија) 6-3, 6-1; Клајстерс (Белгија) - Јанковиќ (18., Србија) 6-2, 6-4; Петрова (20., Русија) - Камерин (Италија) 6-0, 6-2 итн. (Љ.В.)


Статијата е прочитана 269 пати.

Испрати коментар



(ЕП ВЕСТИ) Оставка на холандскиот селектор Ван Марвајк
Лондон „печен“ за трка во Формула 1
(ЕП 2012) Германија - Италија, судир на две големи фудбалски династии
Македонските кошаркари поразени од Порторико
Шпанија прв финалист на ЕП 2012
Милошевиќ нов тренер на Силекс
„Фед-екс“ не запира на Вимблдон
Лери Бирд се повлече од Индијана
(ЕП ВЕСТИ) Балотели како Кинг Конг
Алонсо блиску до рекордот на Шумахер
(ЕП 2012) Ибериски двобој за финалето
МЗТ Скопје станува акционерско друштво
Шевченко избира меѓу пензија и САД
(ЕП ВЕСТИ) Две години суспензија за Самир Насри?
Шундовски ја презеде Констанца
Дрогба доаѓа во Барселона?!
(ЕП 2012) Илиевски - Најдобрите се во полуфиналето
Илчо Ѓорѓиевски најсериозен кандидат за претседател на ФФМ
Серафимоски нов претседател на АФМ
Ѓоковиќ лесно со Фереро, Венус во аут
Почина 23-годишен поранешен член на Ливерпул и Бетис
Поволна ждрепка за нашите претставници во Лига Европа
Вардар го доби БАТЕ Борисов во квалификациите за ЛШ
Кошаркарите успешни на вториот тест во САД
Гетлин побрз од Геј на 100 м
Вимблдон шлаг на сезоната
(ЕП 2012) Пеналите кобни за Англија
Алонсо ја разби низата со различни победници
(ЕП 2012) Борбеноста против тактиката
(ЕП 2012) Французите немаа клуч за шпанската тика-така
Македонија домаќин на ЕП за ракометарки до 17 години
Иницијативниот одбор постигна договор со ФФМ околу одржување на Собранието
Германската и грчката амбасадорка заедно гледаа фудбал
(ЕП 2012) Грчкиот бункер распарчен, Германија во полуфинале
Ракометарките добија тешка група на ЕП 2012
Управниот Одбор на ФФМ поднесе оставка
Мајами со шампионски прстен!
(ЕП 2012) Германија ќе им наплаќа на Грците во Гдањск

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хоро��коп |