28.06.2012, 12:58 „Гугл“ го претстави таблетот Nexus Seven
Таблетот има седум инчен IPS дисплеј со резолуција од 1280 x 800 пиксели, а ќе го напојува четири-јадрен Tegra 3 процесор на 1.3GHz
„Гугл“ официјално го претстави Nexus Seven таблетот на I/0 конференцијата за програмери во Сан Франциско – ќе произведува ASUS.
Nexus Seven има седум инчен IPS дисплеј со резолуција од 1280 x 800 пиксели, а ќе го напојува четири-јадрен Tegra 3 процесор на 1.3GHz во комбинација со 1GB RAM меморија и ултра-штедливата графичка nVidia GeForce графичка.
„Гугл“ и покрај овие перформанси успеа да ја задржи цената на само 199 долари, за верзијата со 8GB внатрешна меморија или 249 верзијата со 16GB.
Google Nexus Seven ќе се поврзува преку Wi-Fi a/b/g/n, Bluetooth и NFC. За жал, ќе нема 3G модел, но очигледно работата била да се држи цената колку што е можно пониско. Поради истата причина нема камера од задната страна, туку само предна од 1,2 мегапиксели за видео повици.
|