Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
26.06.2012, 17:28

Со мјузиклот „Ева Перон“ започнува „Бит фест“

На програмата на фестивалот во Битола се 170 настани, а на 8 јули на Хераклеја концерт ќе одржи Горан Бреговиќ

Годинешното издание на Фестивалот „Бит фест“, културното лето во Битола, кој започнува вечерва пред Домот на АРМ во 21 часот со мјузиклот „Ева Перон“ од Ендрју Лојд Вебер, во режија на Цветан Стојановски и сценографија на Зоран Николовски, на публиката ќе и' понуди исклучително богата програма со над 170 настани. Покровител на ова седмо фестивалско издание е градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, а на него покрај домашните, ќе гостуваат и уметници од Хрватска, Грција, Канада, Италија и од други земји.

Општина Битола, која неколку години наназад создава еден интересен концепт на Фестивал за сите луѓе, за битолчани, за гостите, за гостите од дијаспората, го најавува годинешното издание на „Бит фест 2012“, како најдолго, најубаво и најсодржајно досега.

„Бит фест“ веќе ги спои сите други манифестации што постоеја, но секоја засебно. Ги споивме културните институции со сопствените програми, им поддржавме и други програми за кои досега немаа финансиска поддршка и, се разбира, вклучивме рок-групи, поп-групи, детска програма итн., се' со цел да направиме програма која ќе одговори на сите вкусови и на сите возрасти. Тоа го правиме и одговараме во најголемиот дел. Минатата година имавме над 130 настани што беше навистина врв и мислевме дека тоа никогаш не може да се надмине, но оваа година имаме над 170 посебни настани. Нашите анализи и истражувања покажаа дека Битола има капацитет и интерес за се'. Се обидовме да ги изброиме просторите што ги користиме. Оваа година имаме и дисперзија надвор од централното градско подрачје. Настаните ќе се случуваат на 20-ина простори, а сите настани за кои постои можност ќе се дисперзираат“, изјави градоначалникот Владимир Талевски на прес-конференцијата одржана вчера во Битола, најавувајќи дека настаните ќе бидат бесплатни, а ќе се одвиваат во „Магаза“, на Широк сокак, на плоштадот „Магнолија“, во Домот на АРМ, во Завод и музеј, во просторот „Пацио“, на Хераклеја, на Тумбе-кафе, во Зоолошката градина, на Нов пазар, во сите сали на Центарот за култура, во Народниот театар и на други локации.

На 8 јули на Хераклеја со својот оркестар концерт ќе одржи Горан Бреговиќ, а Општина Битола ќе учествува и во покривање на цената на влезниците, така што граѓаните наместо по 600 денари, ќе можат да ги купат по 200.

Годинава во рамки на манифестацијата „Бит фест“ ќе се одржува и познатото Битолско графичко триенале, а во градот ќе гостуваат и голем број театарски претстави. Ќе биде изведена театарската претстава „Без сенки“ од Виена, ќе гостува Питер Брук, а акцентот ќе биде ставен на две премиери на Битолскиот народен театар.

На програмата се и повеќе литературни проекти, Филмските денови СЕЕ а ПАРИС, концертот „Песни од Коштана“ на „Силви бенд“, гостувањето на Фабула Раса од Унгарија, рок-концертот „Балканска улица“ од Грција, гостувањето на „Паркети“.

Ќе настапат и групите „Баклава“ и „Синтезис“, а дел од програмата се и големите фестивали што носат и големи имиња: „АКТО“, „Битола отворен град“, „Илинденски денови“, „Локум фест“ и други. (К.Б.)


Статијата е прочитана 384 пати.

Испрати коментар



Стартот на „Охридско лето“ со над 150 уметници на сцена
„Жената што си ги избриша солзите“ во трка за „Срцето на Сараево“
„Празен град“ на Дуковски на „Скопско лето“
„Лисјата...“ го преполни Турскиот театар



tampani 102, 27.06.2012 09:05:49
Toa sto G.Bregovic go odrzuva e daleku od koncert, cista utakmica! Toj natprevar e samo uste edno perenje na pari.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |