Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.06.2012, 13:40
Азербејџан заинтересиран за инвестирање во Македонија



Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Баку се сретна со шефот на азербејџанската држава Илхан Алиев

Азербејџан е заинтересиран за интензивирање на економските односи со Македонија и за инвестирање во македонското стопанство, беше посочено на денешната средба во Баку меѓу македонскиот претседател Ѓорге Иванов и шефот на азербејџанската држава Илхан Алиев.

На средбата, која се одржа на 17-годиишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Азербејџан, двајцата претседатели изразија задоволство од досегашниот тек на билатерлната соработка и се согласија дека односите се пријателски и се одвиваат со позитивна динамика.

Тие се заложија за натамошно динамизирање на односите, особено на политичкиот дијалог и на средбите на високо ниво. Алиев го покани Иванов во офицална државна посета, а македонскиот претседател прифати и му ја возврати поканата.

Иванов и Алиев се осврнаа и на потребата за унапредување на правната рамка за натамошно развивање на односите, со што ќе се овозможи правно регулирање на соработката во сферите на економијата, туризмот, науката и образованието.

Тие заклучија дека заокружувањето на правната рака ќе биде и поттик за поврзување на стопанските субјекти од двете земји.

На средбата тие изразија интерес за продлабочување на соработката во сферата на енергеткатата.

Алиев го информира Иванов за енергетските и гасоводни проекти, кои се во фаза на реализација и кои се планирани во Каспискиот регион и во Европа.

Македонскиот претседател го информира Алиев за инвестициските можност во Македонија.

Алиев предложи во наскоро време да се се организираат заеднички бизнис форуми и средби, како и заеднички меѓувладини економски комисии.

Тој нагласи дека би сакал да ги види арзербејџанските компании во Македонија во мошне скоро време.

Двајцата претседатели ја разгледаа и можноста за реципроцитетен безвизен режим, со оглед на фактот дека Македонија на една година, од периодот март оваа година до март следната година, времено ги укина укина визите за Азербејџан. Двајцата претседатели изразија уверување дека тоа наскоро ќе се реализира.

Иванов му упати честитки на Алиев за забрзаниот економски раст на Азербејџан, кој стана една од водечките економии во Каспискиот регион.  Тој му упати честитки на својот азербејџански колега и за организацијата на форумот Кран Монтана, кој оваа година е посветен на енергетските прашања и политиките во оваа сфера.

Претседателот Иванов утре на официјалното отварање на 23. сесија на форумот ќе се обрати говорејќи на тема поврзана со ен��ргетските прашања во новите светски услови.



Статијата е прочитана 661 пати.

Испрати коментар



Поранешен руски полицаец силувал и убил 23 жени
Силен земјотрес ја погоди Кина, 17 лица повредени
Германскиот парламент го одобри фискалниот пакт
Селмани - Декриминализацијата на клеветата ќе донесе поголема слобода
Црна Гора ги започна преговорите за членство во ЕУ
„Хеленик петролеум“ тврди дека има нафтени резерви
Се шири пожарот на Кајмакчалан
Завршува кампањата за плаќање на долговите за струја
Иванов - Сите членки на ЕУ се одговорни за Македонија
Џулијан Асанж нема да им се предаде на британските власти
Евангелос Мимаракис избран за спикер на грчкиот Парламент
Европскиот совет ги потврди преговорите за Црна Гора
Баросо - Членките на еврозоната посветени на иднината на еврото
Ставрески - Компаниите што поскоро да ги искористат 111-те милиони евра
Попоски - Немаме територијални претензии кон соседите
Иванов - Македонија има за цел да биде ставена на мапата на енергетски коридори
Пронајдено телото на момчето кое се удави во Мавровско Езеро
Прва жртва во пожарите во Колорадо
Средба на организациите на архитекти од Југоисточна Европа и Азија
Сончево со умерена облачност
Почнува ноќното обележување на градските улици
Покренато обвинение за „Детонатор"
Петнаесетгодишник изчезнал во Мавровско Езеро
Груевски - Спасот на еврото е централна тема во Брисел
Бистра Ангеловска - нов претседател на Фармацевтската комора
МПЦ се засили со двајца епископи
Мајка Тереза ќе го надвиши Александар
(ФОТО) Средба за помирување меѓу Црвенковски и Георгиевски
Самоубиство од Акропол
Почна исплатата на субвенциите за тутунарите
Тројца велешани демонтирале 746 метри шини
Најлоша туристичка година за Грција
Жена се самозапали во Арачиново
Дачиќ нов мандатар на српската влада
Тројца повредени во пад на воен хеликоптер во БиХ
Напад врз полициски пункт кај Бујановац
Шешељ доби уште две години затвор за непочитување на судот
ЕК се произнесе за налепниците БЈРМ
Монти - На ЕУ и се заканува сиромаштија
„Њуз корпорејшн“ ќе се подели во две компании
Немири во Стокхолм, демолирани полициски возила
Премиерот Груевски на Самитот на Европската народна партија во Брисел
Пан-европска конференција за зелениот појас
Папуљас со писмо од Самарас на самитот на ЕУ во Брисел
Анан со повик за влада на национално единство во Сирија
Cончево и малку потопло
Груевски - Македонија има најниски трошоци за водење бизнис во Европа
Грција бара да престанат нападите од македонските политичари
Нови 54 лека без доплата
ФБИ откри уште двајца хакери од Македонија
Јанкулоска
(ФОТО) Прв пат во Македонија 40 бренда во „Скопје сити мол“
Горан Бошевски - в.д претседател на Кривичен суд
Пад на индустриското производство за 5,4 отсто
Употребата на синтетички дроги го надмина користењето на хероин и кокаин
Бесплатни прегледи за дијабетичари во Систина Офталмологија
„Национал“ заминува во стечај
Листа на најпродавани автомобили во светот
Презентирани можностите за инвестирање на Македонија во Будимпешта
Почна уривањето на објектот „Ив-Ире“ во Трпејца
Карл Билд побара почеток на преговори за Македонија
Тројца турски војници загинаа во напад на ПКК
Баросо повика на солидарност кон Грција
Асад - Сирија е во состојба на војна



Donco, 28.06.2012 19:04:07
Ispravime go so Kina, Kuvajt, Indija, ... pa sega i so Azerbaidzan.
refat, 28.06.2012 20:00:27
Листата на потенцијални инвеститори станувА бесконечна. Конечно влада која што се гружи за доброто на сите.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |