28.06.2012, 18:21 Си велам
Одличните студенти на ВМРО-ДПМНЕ
Ерол Ризаов
Со партиска книшка в џеб најлесно се стасува до целта
Ги гледам деновиве по весниците на пропагандни партиски плакати убавите насмеани лица на некои од најдобрите македонски студенти. Бликаат од среќа што се здобиле со партиска книшка и што ќе можат да и' помогнат на Македонија. Новиот бран ќе и' донесе на партијата свежи млади сили, умни и образовани луѓе, а тие ќе добијат можност да го покажат своето знаење и да и' се одолжат како вистински патриоти на татковината за се' што направила за нив. Уште една чиста десетка и за ВМРО-ДПМНЕ и за студентите кои го направиле вистинскиот избор со партиската книшка в џеб.
Кога ги видов овие момчиња и девојки прво што ми падна на памет е дека, конечно, некој се сетил во ВМРО-ДПМНЕ да ги смени оние ужасни страници и слики со негативна кампања кон граѓани и јавни личности само затоа што биле симпатизери, или припадници на опозицијата. Оние фотографии на татковци деца во стилот „се бараат“, како повик до ловците на уцени на Дивиот Запад, само недостасуваше износот на наградата, беше една од највалканите и најподли работи што воопшто се видени во македонската транзиција. А, богами сешто се нагледавме и наслушавме. Неисе, откако ги прочитав пораките на одликашите, ме касна змија. Па, ова е уште полошо од оние бесмислени плукања по противниците. Ги бележат јавно овие успешни млади луѓе со нивна партизација на стартот од животот. Како да им е тоа тапија и жиг за цел живот. Ни комунистите не ги вадеа сликите на одличните студенти по весници кога ги зачленуваа во единствената партија. Зарем на идните генерации на овој начин ќе им го покажуваат дека најбрзиот и најлесен пат до успехот е преку партијата. Кој револуционерен д��х и подготвеност да се смени, светот се негува кај овие луѓе ако ги канализираат и ставаат во партиски калапи уште неизлезени од училишните клупи.
Како гимназијалец и како студент бев длабоко убеден дека најкритичната маса на едно општество, од која најмногу се плашат заседнатите во фотелји корумпирани политичари, се токму студентите и нивните професори. За наша несреќа македонските студенти и нивните професори уште од времето на големите студентски демонстрации во Европа и во Белград од 1968 година па наваму тргнаа по патеките на нивните татковци и дедовци: наведната глава сабја не сече. Најдобро е да се молчи, да не се спротивставуваат на власта, да не искажуваат јавно незадоволство, па дури ни за тоа што не можат да добијат бесплатна студентска автобуска карта, пристојна стипендија и менза, а да не зборуваме за некои повисоки идеали, или да бараат промени и демократија. Така, лека-полека нашите студенти и професори сега маршираат во редовите на демократските леви и десни партиски сили. Во својот поход до слободата во транзицијата најголемиот дострел го имаа кога стасаа до градскиот плоштад како архибригада колку да ни покажат колку навистина е трагично нашето општество. Тие студенти протестираа за големата штета што беше на повидок од узурпацијата на власта на скопскиот плоштад и против дехуманизацијата на јавниот простор што ни припаѓа на сите. И што се случи, на очиглед на полицијата и на сите нас партиските насилници и силеџии им удрија ќотек на студентите. Го видовме и проголтавме тој голем срам. Тој наш молк и страв не' чинеше стотици милиони евра. Тоа беше наш општомакедонски пораз, а не на оние храбри студенти на архитектура на кои им ги скрши крилата арогантната власт и ги прогласи за непријатели и предавници. Потоа, сосема спокојно, непречено од никој, го изгради на плоштадот најголемото Потемкиново село во 21 век во Европа.
Едни други ученици и студенти, можеби не одлични како овие што се смеат денес од страниците на весниците, ги видовме на скопскиот плоштад како бараат одговорност за убиството на нивниот другар Мартин Нешковски. Полицаец од обезбедувањето на премиерот го уби брутално младиот Мартин на само 50 метри од бината каде што се славеше изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Младиот Нешковски сакал да се качи на бината на партијата блиска до народот и да ја слави победата со своите сопартијци. Сиромав, не знаел дека таму непоканети не примаат. Плати со глава.
Немам ништо против луѓето кои сакаат да имаат партиска книшка, да припаѓаат на политичка опција и да ги бараат патиштата како најбргу и најлесно да и' помогнат на својата татковина. Таквите идеали се добредојдени и се одраз на патриотизам, младешки идеали, добро воспитување и образование. Конечно, ќе немавме повеќепартиски систем ако немаше луѓе кои видоа во тоа демократија и прогрес на општеството што доведе и до слободна и независна Македонија. Главниот проблем не е ни во тоа што премногу и по сите линии се партизира државата, па политиката уште подлабоко од еднопартискиот систем навлезе во сите пори на животот и во војската и во полицијата, во културата, во науката, во образованието, во спортот... ќе речете политиката секогаш била таму. Да, ама вака никогаш. Сепак, мислам дека нашата најголема трагедија на патот за демократија и правна држава е во фактот што политичките партии ги заменија, поточно ги блокираа, сите институции на системот. Нема ништо без партија. Нема работа без партиска книшка, нема бизнис, нема стипендија, нема кариера, нема успех. Така, она што бевме убедени дека е основен предуслов за развој на едно просперитетно и демократско општество се претвори во негова груба спротивност. Партиските седишта станаа заводи за вработување, судници, банки, училишта, факултети, телевизии, весници, болници, градинки...
Еве го првиот тест за најдобрите студенти новопримените вмровци. Појдете во партијата и прашајте го вашиот лидер зошто студентите во Република Македонија веќе половина учебна година не си ги добиваат стипендиите. Кој го сервира овој лош имиџ за партијата. А, се разбира, можете да прашате дали во партијата ги знаат последиците кога студентите не примаат стипендија. Или можеби со членството се избегнува тоа чувство. Ако ја немате храброста да ги поставите овие прашања, бадијала ви се книшките.
Вака помпезното зачленување во партии на најдобрите студенти, се разбира, по сопствен избор, што е основно демократско право, голема заслуга имаат и нивните професори. Алал да им е. Ова е уште еден нивни голем придонес за автономијата на Универзитетот. Жална Македонија. |
|
Статијата е прочитана 4649 пати.
|
Испрати коментар
|
|
gimi, 29.06.2012 01:00:06 | Не е тајна дека младите во Македонија многу повеќе ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ како политичка опција отколку некоја друга партија. В прочем тие и ја донесуваа победата на последните 6 изборни циклуси. Уште подобро за една партија е кога 100 те најдобри студенти, првенци на генерацијата ќе ја одберат истата политичка партија, подобра реклама за партијата нема. Во Вашава колумна г-дине Ризаов мој впечаток е дека преовладува љубомора за изборот на политичката опција на студентите (дали истово ќе го напишевте доколку не дај боже ја одбереа спротивната опција). Каква врска инаку има улогата на професорите за изборот на студентите, кога најголем дел од нив се веќе дипломирани и тоа со просек поголем од 9,80 ? И зошто е жална Македонија кога нејзината интелегенција исто размислува ?Да не е некој друг за жалење? |
| cobe, 29.06.2012 07:05:21 | Se ti e na mesto Erole !!? Koga gi gledam onie deca, ubavi, mladi, polni so entuzijazam... ednostavno GI SOZALUVAM...... |
| Hari, 29.06.2012 07:35:09 | Najgolemoto zlo sto gi napravi dpmne pokraj mnogute zla e kompletnoto unistuvanje na obrazovanieto, megju drugoto so otvoranje na takanarecen Stipski Univerzitet za koj samite studenti velat deka e polesno da se studira vo Stip otkolku da se bide srednoskolec. Za odlicnite studenti Erole moze da kazam deka se polnoletni i dozvolija karierata da si ja zapocnat so eden golem sram, isto kako i onoj grev od zrtva na tranzicijata-alkos koj za pari snimase spotovi protiv Branko. Kolumnata e brilijantna Erole, Sekoja Cest. |
| kocanec, 29.06.2012 08:11:31 | Erol izgleda zaboravil na studentskite protesti za Pedagoskiot Fakultet koga nekolku iljadi stidenti i srednoskolci protestiraa (imase duri i strajk so glad) - pa ne gi ni spomnal vo tekstot. Daleku e 1996! |
| bitola troa skolovan, 29.06.2012 08:23:57 | Sekogas se barani dobrite studenti,no za zal familijata koja bara takvi deca - kadri , dumajki se jas od kade vakva klasa na ludje so najisfrustrirani licnosti izlegoa na povrsina i vladeat so broenje na vremeto od nivno doadjanje na vlast,svativ koi se tie.Ovie se ludje koi go vidoizmenija sistemot od edna mnogu prosta pricina, ako toa ne go napravea site ovie na vlast e golemo prasanje vo nevidoizmenetiot sistem dali vozacka dozvola ke mozea da polozat , a ne magisterski tituli da dobijat. |
| lenka, 29.06.2012 08:52:40 | i prasajte gi kade se vrabotile..., i sto im preporacuvaat na onie studenti isto taka so desetki koi nemaat partiska kniska... |
| Бубе, 29.06.2012 09:57:54 | Многу ми драго што г-динот Ризаов ја анализира новата пропаганда на ДПМНЕ, само чекав да видам кој ќе ја препознае како појава за моралното пропаѓање на нашето општество. Ги гледам на сликите млади, убави, образовани, па си викам што им недостига кога прифатиле да бидат вака обележени. И нема друго, тие се несигурни во своето знаење, им недостасува самодоверба, им недостасува храброст и немаат визија за себе и својата иднина. |
| Gordana, 29.06.2012 11:09:21 | Se mi lichi na formiranje Kinder jugens! |
| Vuk, 29.06.2012 11:45:21 | Site tie se i upishani, shkolovani i zavrsheni po partiski kriteriumi. Da ne e taka, ne bi si ovakov sram/blam dopushtile, i ne samo sram. Shto ke pravime koga utre ke pobedi drugata politichka opcija? A tie dokolku se navistina tolku pametni kako kazuvaat ocenkite, treba tokmu protiv toj particizam (toa zlo) da se borat, ne zavisno od koja strana doadja. Na zalost, vo pravo si Erole, za zalenje se, a i nie i drzavata so niv. Inache shto se odnesuva do Shtipskiot Univerzitet, ne e nishto polosh nitu pak podobar od *mnoshtvoto* makedonski univerziteti. Osven KiM ili nekogashniot KiM, seto drugo e ispod nivo na srednoto obrazovanie. Eve proverete gi onie vmro-vski vukovci, pa ke vidite kolku znaat. Nula, golema nula! Seto znaenje na mladata populacija se kompjuterite i angliskiot, a toa e samo alatka/osnova, ne i nadgradba. Vprochem, kako molivot i srpskohrvatskiot vo nashe vreme. |
| S.P., 29.06.2012 15:00:08 | Zalna e onaa drzava sto ima maldina koja mora partiski da se oboi za da uspee.
|
| deko, 29.06.2012 15:56:48 | Duri i pravoto na sekoj poedinec,intelektualec,graganin da se opredeli politicki vi smeta.Ej luge veke 20-tina godini sme kapitalisticka i demokratska drzava,sekoj ima pravo da clenuva kade saka.Sega e trend vo vmro-dpmne,utre mozebi sdsm-ne preteruvajte be luge.Denes mladinata ne se naoga so svoite pogledi vo sdsm,no toa e problem na sdsm,a ne da analizirate zasto clenuvaat vo vmro-dpmne-ostavete mladinata sama da resi,ne i popuvajte bidejki i vie postarite zabegavte koga bevte clenovi na KPM,A SEGA IZIGRAVATE DEMOKRATI-VIDI TI SE MOLAM. |
| od ostrijot, 29.06.2012 21:32:56 | znaci i do toj stepen dojdovme ako sakas da dobijes dobri ocenki na univerzitetot treba dasi clen
na vmro-dpmne.mnogu znajenje netreba. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 29°C
Делумно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 14°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|