Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
28.06.2012, 18:19

Мислења

Оценки и за учениците и за професорите од државата

Ана Павловска-Данева

Добро ли е да наградуваме професори и наставници кои продуцираат класови со просечен успех „доволен“

Никој не може да претпостави што уште ќе и' текне на оваа власт кога станува збор за образованието. Сите т.н. „реформи“ во оваа област се сведоа на пишување законски норми за казнување професори. Така, во високото образование, се утврди дека политичари во Собранието ќе одлучуваат кои критериуми треба да бидат исполнети за избор и реизбор на универзитетските професори. Со закон, пратениците од Собранието утврдија какви трудови треба да се напишат, каде да се објават, колку и какви конференции да се посетат за да може да се биде доцент.

Сеедно на кој факултет или универзитет! И на економски, и на машински, и на правни и на медицински науки, критериумите се едни исти, ги изгласале пратеници од владејачкото мнозинство и ги претвориле во закон. Па сега, некој нека спроведува автономија на Универзитетот!

Ама тоа не е доволно. Универзитетски професори нема толку колку што има професори и наставници во средните и основните училишта. Намириса Владата каде е политички или партиски поопортуно да се стегне обрачот – во основното и средното образование. Огромен број кадри кои лесно, со неколку законски одредби може да се овозможи да се моделираат како пластелин, по нарачка и потреба на партијата. Затоа смислија нова мудрост: екстерно оценување на учениците од кое ќе зависи наградата или казната, а на крај и работното место на наставникот!?

Така, учениците ќе бидат тестирани на крајот од годината со тестови подготвени и спроведени од државата олицетворена во Министерството за образование и наука, а преку орган кој звучи демек помалку државнички, а повеќе стручно (а во кој се вработуваат лица од листите на партиските штабови, на чело со директор именуван од министерот) и се вика Биро за развој на образованието. Истото она Биро во кое ми се чини беше вработена сопругата на возачот на премиерот уште пред да заврши високо образование, а со несоодветна стручна спрема!

Доколку оценката на учениците соодветствува на оценката што ја дал наставникот, тогаш тој ќе биде награден. Ако пак таа отстапува од оценката во дневникот, наставникот ќе биде казнет! И сето ова чудо, наречено екстерно оценување служело за подобрување на квалитетот во образовниот процес!? Е, ова последното е нешто што звучи смешно, а те тера всушност да плачеш, да плаче секој родител што има деца за школување. Да плаче секој наставник и професор кој учествува во процесот на основно и средно образование. Најмногу да плачат оние кои целиот живот работеле на дефинирање цели, методи и начини на унапредување на образовниот процес.

За каков квалитет зборувале и пишувале владините министри и нивните пратеници кога креваат рака за ваков закон, ќе пробам да објаснам: квалитет кој значи просто погодување на оценката која соодветствува на знаењето на ученикот. Нема веќе мотивирање наставникот да го извлече максимумот од ученикот, да ги препознае неговите максимални постигнувања. Не, не, не, не. Сега е важна само оценката. Да не е ни најмалку повисока или пониска од она што ученикот го меморирал. Не, она што ученикот го знае и умее (бидејќи тоа не доаѓа до израз на тест од екстерно оценување), туку на она што го меморирал и што ќе го употреби при тестирањето! Така, наставникот не мора да се труди ама баш воопшто да поттикне размислување, знаење или интерес во класот за повеќе од тројка. Тројчето може да биде максималната оценка што неколку ученици ја постигнале со просто меморирање и тоа за наставникот ќе биде доволно, битно е само објективно да оцени кој ученик колку меморирал. Така, ако просечниот успех на класот е 2,3 и истото тоа биде констатирано на екстерното оценување што државата го спровела, наставникот ќе биде награден како успешен, ќе му биде зголемена платата, а ако доживее неколку вакви проверки кои ќе ги покажат истиве резултати (ги погодил оценките на учениците) ќе биде и унапреден во повисоко наставничко звање!

Добро ли е да наградуваме професори и наставници кои продуцираат класови со просечен успех „доволен“? Дали е тоа унапредување на квалитетот во образованието што требаше да се утврди со законски измени? Вака ли се применува екстерното оценување во европските држави на чии искуства се повикуваме? Сакаме ли децата да ни учат во ваков систем на образование?

Ова се прашања на кои не може да се разговара само со политички речник и да се водат дебати меѓу политичките субјекти. За ова мора да се изјасни стручната јавност, професорите, оние кои директно учествуваат во процесот, но и родителите, како и учениците од повисоките класови во средното образование! Власта не ги прашува и ги игнорира, ние пак од опозицијата ги повикуваме да се огласат, да го кажат својот збор, само така се станува општествено корисна личност и се оправдува општествениот статус!

(Авторката е пратеничка и потпретседателка на СДСМ)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1143 пати.

Испрати коментар



Сите сакаат во полици��а
Одличните студенти на ВМРО-ДПМНЕ
Сен Тропе по охридски



Hari, 29.06.2012 10:45:33
Ana, mora da vetite edna rabota deka ke go vratite obrazovniot sistem na nivoto od SFRJ koe bese nivo za segasniov basibozuk. Itno zatvoranje na Stipskiot Univerzitet-kvazi kade se unakazaa nekolku generacii. Kriminalot i privatizacijata na Grujo moze da mu ja prostime no unistuvanjeto na generacii preku kvazi obrazovanie NE.
el toro, 29.06.2012 11:08:25
Ne mi e jasno sto sakal da kaze pisatelot.Eksternoto ocenuvanje se nametna samo po sebe bidejki so godini,uste od vremeto na ednoumieto,kaj nas ucenicite bea posebno nadareni vo odnos na nekoi drugi zemji i prosecnata ocenka bese vo 95% odlicen uspeh!!Prasuvam dali e normalno vo eden klas so 30 ucenici 25 da bidat odlicni,3 mnogu dobri i 2 dobri.A nikoj ne polaga popraven,a za povtoruvanje na klasot i da ne zboruvame.Istoto vazi i za visiokoto obrazovanie.Mozno li e da sme tolku nadarena nacija ili e vo prasanje nesto drugo.Ako eden ucenik go zavrsil klasot so odlicen uspeh,normalno bi bilo istiot uspeh da go povtori i na eksterniot ispit.Sega ima slucaevi koga odlicen ucenik na eksterniot ispit dobiva katastrofalno losi ocenki,kako ke go objasnite toa.Vprocem javna tajna e kako i na koj nacin se doagja do tie visioki oceniki.Za zal taa pojava e prisatna i vo visokoto obrazovanie kade sto na istiot nacin se doagja do fakuletetska diploma,pa duri do magistertski i doktorski tituli.
Obrazovanieto kako i drzavata, za zalenje!, 29.06.2012 12:39:31
Vnukot na Josip Broz, dvapati povtaral vo gimnazija, za shto go Tito karal i teglel za ushi, pri shto ni ne pomislil da digne tel.slushalka. Zamislite vie nekoj denes da mu go povtara deteto na nekoj nash politichar, npr na Ivanov ili Gruevski? A velichinata na Ivanov i Gruevski vo odnos na Tito e ameba i chovek. E za toa za kvalitetot na tie i segashnite uchenici/studenti ne mozeme ni da zborime. Uchitelite i profesorite imaa znaenje i avtoritet, chija preokupacija i vodilja beshe, da gi uchenite nadminat uchitelite. Dali se ova koselo so demokratijata ne znam, ama zasigurno znam deka na anrahijata im beshe zabranet pristap vo celata drzava, vkljuchitelno i obrazovnite institucii. I na krajot, se soglasuvam so nekoi komentari, KiM beshe sosema dovolna i kvalitetna visokoobrazovna institucija za Makedonija i nejzinoto stopanstvo. Nazalost, diplomite se totalno dviraa, a se toboze poradi siromashnite. Taa komunistichka fora ni komunistite ne ja upotrebuvaa.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 12°C

Среда
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 10 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Венлок маскота на Игрите во Лондон
Негова улога е приближување на Олимпијадата до најмладите и поттикнување на нивниот интерес за занимавање со спорт...
Американски и австралиски олимпијци се „загубиле“ во Лондон
Американците се пожалија дека патувале дури четири часa од аердоромот до своето сместувалиште, додека спортистите на Авс...
Добредојде за првите олимпијци
Лондон ја почна борбата против допингот
Киднапиран претседателот на „Олимпискиот комитет“
Игри со 5.000 допинг-тестови и 150.000 кондоми

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |