Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
29.06.2012, 10:05

Иванов: Македонија има за цел да биде ставена на мапата на енергетски коридори

Трите столбови врз кои ја градиме иднината на Република Македонија се трите „Е“ – Европа, економија и енергија

Република Македонија има за цел да биде ставена на меѓународната мапа на енергетски транспортни коридори, со што ќе се отвори можност за добивање евтини енергенси за македонските компании и домаќинства и намалување на цената на домашното производство, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов во обраќањето на официјалното отварање на 23. годишна сесија на Форумот Кран Монтана, кој почна денеска во Баку.

Тој посочи дека тоа ќе претставува конкретен влог во енергетската и во генералната економска стабилност и сигурност на Македонија и на регионот.

- Трите столбови врз кои ја градиме иднината на Република Македонија се трите „Е“ – Европа, економија и енергија и овие три меѓузависни и тесно поврзани „Е“ се клучни за развојот на државата, изјави Иванов.

Тој потенцира дека Македонија останува посветена на стратешката цел – членство во Европската унија и НАТО и чекорејќи по тој пат земјата е целосно фокусирана на подобрувањето на целокупната економска состојба.

Претседателот изрази уверување дека овој мировен проект нема да биде завршен без членството на Македонија и на останатите земји од Западен Балкан. Иванов посочи дека чекорејќи на патот кон европска и евроатлантската интеграција Македонија е фокусирана на подобрување на економска состојба во земјата, на борбата против сиромаштијата и невработеноста, а сето тоа преку создавање на поволна бизнис-клима, која ќе привлече директни странски инвестиции.

- Економскиот развој кон кој сме целосно посветени е незамислив без енергетска безбедност и сигурност. Тоа важи речиси за сите земји во светот. Важи и за Република Македонија. Денес сме тука во Баку, во една од областите која има изобилство на нафта и на природен гас, рече Иванов.

Тој потенцира дека Македонија, како впрочем и другите балкански земји е заинтересирана за приклучување кон енергетските коридори и додаде дека Македонија, како и останатите балкански земји сака енергетската зависност да ја замени со енергетска меѓузависност. За таа цел, нагласи претседателот, потребна енергетска диверзификација.

Обраќајќи се пред учесниците, на Форумот, кој го отвори претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, Иванов нагласи дека Кран Монтана повеќе од четврт век на едно место собира луѓе со исклучителни достигнувања, луѓе со визија за иднината и мисија за подобар свет.

Претседателот Иванов истакна дека овогодиншниот Форум е посветен  на дискусија за два клучни предизвика: борбата против сиромаштијата и унапредувањето на менаџирањето со јавните политики.

На годинешната сесија на Форумот во Азербејџан учествуваат голем број актуелни и поранешни шефови на држави, министри, високи претставници на меѓународни организации и мултинационални корпорации.

На претседателот Иванов вечерва ќе му биде доделено одликувањето „Кран Монтана“- номинација на нови лидери за иднината 2012. 

 


Статијата е прочитана 308 пати.

Испрати коментар



Поранешен руски полицаец силувал и убил 23 жени
Силен земјотрес ја погоди Кина, 17 лица повредени
Германскиот парламент го одобри фискалниот пакт
Селмани - Декриминализацијата на клеветата ќе донесе поголема слобода
Црна Гора ги започна преговорите за членство во ЕУ
„Хеленик петролеум“ тврди дека има нафтени резерви
Се шири пожарот на Кајмакчалан
Завршува кампањата за плаќање на долговите за струја
Иванов - Сите членки на ЕУ се одговорни за Македонија
Џулијан Асанж нема да им се предаде на британските власти
Евангелос Мимаракис избран за спикер на грчкиот Парламент
Европскиот совет ги потврди преговорите за Црна Гора
Баросо - Членките на еврозоната посветени на иднината на еврото
Ставрески - Компаниите што поскоро да ги искористат 111-те милиони евра
Попоски - Немаме територијални претензии кон соседите
Пронајдено телото на момчето кое се удави во Мавровско Езеро
Прва жртва во пожарите во Колорадо
Средба на организациите на архитекти од Југоисточна Европа и Азија
Сончево со умерена облачност
Почнува ноќното обележување на градските улици
Покренато обвинение за „Детонатор"
Петнаесетгодишник изчезнал во Мавровско Езеро
Груевски - Спасот на еврото е централна тема во Брисел
Бистра Ангеловска - нов претседател на Фармацевтската комора
МПЦ се засили со двајца епископи
Мајка Тереза ќе го надвиши Александар
(ФОТО) Средба за помирување меѓу Црвенковски и Георгиевски
Самоубиство од Акропол
Почна исплатата на субвенциите за тутунарите
Тројца велешани демонтирале 746 метри шини
Најлоша туристичка година за Грција
Жена се самозапали во Арачиново
Азербејџан заинтересиран за инвестирање во Македонија
Дачиќ нов мандатар на српската влада
Тројца повредени во пад на воен хеликоптер во БиХ
Напад врз полициски пункт кај Бујановац
Шешељ доби уште две години затвор за непочитување на судот
ЕК се произнесе за налепниците БЈРМ
Монти - На ЕУ и се заканува сиромаштија
„Њуз корпорејшн“ ќе се подели во две компании
Немири во Стокхолм, демолирани полициски возила
Премиерот Груевски на Самитот на Европската народна партија во Брисел
Пан-европска конференција за зелениот појас
Папуљас со писмо од Самарас на самитот на ЕУ во Брисел
Анан со повик за влада на национално единство во Сирија
Cончево и малку потопло
Груевски - Македонија има најниски трошоци за водење бизнис во Европа
Грција бара да престанат нападите од македонските политичари
Нови 54 лека без доплата
ФБИ откри уште двајца хакери од Македонија
Јанкулоска
(ФОТО) Прв пат во Македонија 40 бренда во „Скопје сити мол“
Горан Бошевски - в.д претседател на Кривичен суд
Пад на индустриското производство за 5,4 отсто
Употребата на синтетички дроги го надмина користењето на хероин и кокаин
Бесплатни прегледи за дијабетичари во Систина Офталмологија
„Национал“ заминува во стечај
Листа на најпродавани автомобили во светот
Презентирани можностите за инвестирање на Македонија во Будимпешта
Почна уривањето на објектот „Ив-Ире“ во Трпејца
Карл Билд побара почеток на преговори за Македонија
Тројца турски војници загинаа во напад на ПКК
Баросо повика на солидарност кон Грција
Асад - Сирија е во состојба на војна



Smeshko, 29.06.2012 10:42:29
Hi, hi, hi...
горјан, 29.06.2012 16:50:53
Ваков претседател чекавме со години... Само напред претседателе.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |