Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
29.06.2012, 13:22

Џулијан Асанж нема да им се предаде на британските власти



Асанж побара политички азил, во обид да ја избегне екстрадицијата во Шведска, каде е осомничен за силување и за сексуално насулство

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж изјави денеска дека нема да им се предаде на британските власти и ќе продолжи да се спротивставува на судската одлука за екстрадиција во Шведска.

Во изјава за Би-Би-Си, тој рече дека нема да се јави на денешното сослушување во полицијата, нагласувајќи дека „законот за азил е поважен и посилен од законот за екстрадиција“, па затоа тој нема намера да излезе од еквадорската Амбасада.

Асанж (40) на 19 јуни побара засолниште во зградата на дипломатската мисија на Еквадор во центарот на Лондон, откако претходно избега од станот што судски му беше определен за живеење, додека беше условно ослободен во тeкот на судската постапка околу екстрадицијата.

Во Еквадорската амбасада тој побара политички азил, во обид да ја избегне екстрадицијата во Шведска, каде е осомничен за силување и за сексуално насилство. Тој и натаму тврди дека шведските власти го бараат за сослушување само за да биде префлен во САД и таму да му се суди за неовластеното објавување на доверливите и служебени документи на Пентагон и на Стејт департментот.

Скотланд Јард со служебно писмо ја извести Амбасадата на Еквадор, дека Асанж треба да се јави денеска на пладне во полициската станица во центарот на Лондон на сослушување.

Претставник на полицијата објасни дека станува збор за нормална процедура во процесот на екстрадицијата, што е верификувана со одлука и на британскиот Врховен суд.

- Асанж веќе ги прекрши прописите со бегството во Амбасадата, па непојавувањето на сослушвање, ќе значи ново прекршување на одредбите од законот, изјави претставникот на Скотланд Јард.

До вчера, Џулијан Асанж имаше право да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права, но неговите адвокати одбија да откријат дали жалбата, која би можела да го блокира процесот на екстрадиција, е воопшто поднесена до судот во Стразбур.

Еквадорските власти кои тврдеа дека ќе го разрешат случајот со бегството на Асанж и барањето азил, сега одолговлекуваат со решението. Според соопштението на Министерството за надворешни работи во Кито, сега се испитуваат и политичките импликации околу овој случај.


Статијата е прочитана 431 пати.

Испрати коментар



Маж во полициска униформа уби тројца војници на НАТО во Авганистан
Најмалку 17 лица загинаа во напад врз цркви во Кенија
Пожарите во близина на Валенсија излегоа од контрола
Сончево и топло
Кривични за пратениците кои гласаа за Законот за лустрацијата
Трифун Костовски размислува да формира партија
Времена забрана за тешки товарни возила на патот Гостивар - Охрид
СДСМ во Прилеп - Власта го направи народот сиромашен
Стартува владината мерка за бесплатен одмор на 3.000 деца
Претседателот Иванов во посета на Казахстан
Кипар го презема претседавањето со ЕУ
Груевски - Четирите нови инвестиции значат четири илјади нови работни места
СДСМ вечерва со митинг во Прилеп
Поранешен руски полицаец силувал и убил 23 жени
Силен земјотрес ја погоди Кина, 17 лица повредени
Германскиот парламент го одобри фискалниот пакт
Селмани - Декриминализацијата на клеветата ќе донесе поголема слобода
Црна Гора ги започна преговорите за членство во ЕУ
„Хеленик петролеум“ тврди дека има нафтени резерви
Се шири пожарот на Кајмакчалан
Завршува кампањата за плаќање на долговите за струја
Иванов - Сите членки на ЕУ се одговорни за Македонија
Евангелос Мимаракис избран за спикер на грчкиот Парламент
Европскиот совет ги потврди преговорите за Црна Гора
Баросо - Членките на еврозоната посветени на иднината на еврото
Ставрески - Компаниите што поскоро да ги искористат 111-те милиони евра
Попоски - Немаме територијални претензии кон соседите
Иванов - Македонија има за цел да биде ставена на мапата на енергетски коридори
Пронајдено телото на момчето кое се удави во Мавровско Езеро
Прва жртва во пожарите во Колорадо
Средба на организациите на архитекти од Југоисточна Европа и Азија
Сончево со умерена облачност
Почнува ноќното обележување на градските улици
Покренато обвинение за „Детонатор"
Петнаесетгодишник изчезнал во Мавровско Езеро
Груевски - Спасот на еврото е централна тема во Брисел
Бистра Ангеловска - нов претседател на Фармацевтската комора
МПЦ се засили со двајца епископи
Мајка Тереза ќе го надвиши Александар
(ФОТО) Средба за помирување меѓу Црвенковски и Георгиевски
Самоубиство од Акропол
Почна исплатата на субвенциите за тутунарите
Тројца велешани демонтирале 746 метри шини
Најлоша туристичка година за Грција
Жена се самозапали во Арачиново
Азербејџан заинтересиран за инвестирање во Македонија
Дачиќ нов мандатар на српската влада
Тројца повредени во пад на воен хеликоптер во БиХ
Напад врз полициски пункт кај Бујановац
Шешељ доби уште две години затвор за непочитување на судот
ЕК се произнесе за налепниците БЈРМ
Монти - На ЕУ и се заканува сиромаштија
„Њуз корпорејшн“ ќе се подели во две компании
Немири во Стокхолм, демолирани полициски возила
Премиерот Груевски на Самитот на Европската народна партија во Брисел
Пан-европска конференција за зелениот појас
Папуљас со писмо од Самарас на самитот на ЕУ во Брисел
Анан со повик за влада на национално единство во Сирија
Cончево и малку потопло
Груевски - Македонија има најниски трошоци за водење бизнис во Европа
Грција бара да престанат нападите од македонските политичари
Нови 54 лека без доплата
ФБИ откри уште двајца хакери од Македонија
Јанкулоска
(ФОТО) Прв пат во Македонија 40 бренда во „Скопје сити мол“
Горан Бошевски - в.д претседател на Кривичен суд
Пад на индустриското производство за 5,4 отсто
Употребата на синтетички дроги го надмина користењето на хероин и кокаин
Бесплатни прегледи за дијабетичари во Систина Офталмологија
„Национал“ заминува во стечај
Листа на најпродавани автомобили во светот
Презентирани можностите за инвестирање на Македонија во Будимпешта
Почна уривањето на објектот „Ив-Ире“ во Трпејца
Карл Билд побара почеток на преговори за Македонија
Тројца турски војници загинаа во напад на ПКК
Баросо повика на солидарност кон Грција
Асад - Сирија е во состојба на војна

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 28°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 16°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Состојбата во нашата кинематографија е таква што ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели режисерот и сце...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скоп��е | Забава | Хороскоп |