29.06.2012, 11:45 Надал елиминиран уште во второто коло на Вимблдон
Шпанецот сензационално загуби од малку познатиот чешки тенисер Лукаш Росол со 3:2 во сетови 6:7(9), 6:4, 6:4, 2:6, 6:4
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал синоќа беше елиминиран во меч од 2.коло на „Вимблдон“ од малку познатиот чешки тенисер Лукаш Росол со 3:2 во сетови (6:7(9), 6:4, 6:4, 2:6, 6:4). Мечот траеше три часа и 18 минути.
Надал го доби првиот сет во тај-брек, а потоа следните два му припаднаа на Росол со 6:4. Вториот светски тенисер (Надал) се врати во игра откако со 6:2 го доби четвртиот сет, потоа следуваше пауза, бидејќи организаторите го затворија покривот на Централниот терен и ги запалија рефлекторите. Паузата добро му дојде на Росол, кој се одмори и го доби решавачкиот сет со 6:4.
За Росол , кој се наоѓа на 100.то место на АТП листата ова е прв настап на „Вимблдон“, а за Надал 33.то учество на Грен слем турнир и по четврти пат (по двапати на Вимблдон и УС Опен) мечевите ги завршува во 2.коло. зс/9:34
|