29.06.2012, 16:03 Карла Бруни повторно бремена!
Стомачето веќе не може да се скрие - довчерашната прва дама на Франција пак ќе менува пелени
Карла Бруни (44), довчерашната прва дама на Франција, повторно е бремена! Очекува бебе со сопругот Никола Саркози (56) и ова е нивното второ заедничко дете. Како што пишуваат медиумите, и двајцата се луди од среќа, оваа вест значи повторно сонце по облаците и дождот што ги имаше на изборите.
По породувањето минатиот септември кога ја роди Јулија, како што пишува францускиот „Closer“, Карла падна во постпородилна депресија. Набргу потоа дојде разочарувањето и уште поголема тага поради изборниот резултат на нејзиниот сопруг и напуштањето на Елисејската палата.
„Последните неколку недели пријателите ја прашуваат како тоа да не може да ослаби, целата е потечена и постојано јаде, но се потврди дека Карла чека уште едно бебе“, наведува изворот на магазинот. „Стомачето и' е се' поголемо и веќе не може да се скрие. Карла е свесна дека е во години кога бременоста може да биде опасна, така што докторот и' советува мирување, спокој и хармонија“.
Оваа двојка е во брак четири години и вкупно имаат пет деца - Карла го има синот Аурелијан(11), а Саркози има три сина - Пјер (25), Жан (23) и Луис (13), а заедничката Јулија веќе има осум месеци. |