(ВИДЕО) „Орбитал“ и „Паблик енеми“ вечерва на „Скопје гори“
Ќе настапат и легендарниот српски рокенрол-бенд „Партибрејкерс“, додека од Македонија ќе учествуваат „Подземен ефект“ од Куманово и скопската рап-групација „Легијата“
Со настап на британското електронско дуо „Орбитал“ и на американските хипхоп легенди „Паблик енеми“ вечерва на скопското Кале ќе се одржи фестивалот „Скопје гори“ во организација на „Авалон продукција“.
Освен „Орбитал“ и „Паблик енеми“ како ѕвезди на фестивалот, на овогодишното издание на „Скопје гори“ од регионот ќе настапи легендарниот српски рокенрол-бенд „Партибрејкерс“, додека од Македонија ќе учествуваат „Подземен ефект“ од Куманово и скопската рап-групација „Легијата“.
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите