25.06.2012, 15:32 Краткиот филм „Бардо“ награден во Романија
Ова е трета награда за филмот, кој е дипломски труд на Апчевска
Филмот „Бардо“ на режисерката Марија Апчевска доби награда за најдобар краток филм на вториот Меѓународен фестивал за филмови за деца „Дрим фест“ во Слатина, Романија, кој се одржа од 20-ти до 24 јуни, соопшти Филмскиот фонд на РМ.
Ова е трета награда за филмот, кој е дипломски труд на Апчевска. Премиерно беше прикажан во февруари на Берлинскиот филмски фестивал во програмата за деца и млади „Генерација“.
Апчевска дипломираше на ФДУ во класата на Столе Попов. Таа е и авторка на сценариото, заедно со Катерина Момева, асистент на ФДУ.
Филмот трае 14 минути, снимен е минатото лето во Скопје и прикажува детски поглед на светот, перцеприран од девојче чиј лик го игра осумгодишната Марија Благоевска.
|