Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
24.06.2012, 19:33
Промовирани нови 24 наслови од проектот „Превод на 1.000 стручни книги“



Во читалната „1000 Книги“ во Градскиот трговски центар, беа промовирани 14 книги од областа на биотехничките науки и 10 од областа на архитектурата и градежништвото

Премиерот Никола Груевски, министерот за образование и наука Панче Кралев и ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски, денеска присуствуваа на промоција на нови 24 наслови - 14 од областа на биотехничките науки и 10 од областа на архитектурата и градежништвото, во читалната „1000 Книги“ во Градскиот трговски центар.

Тие се дел од проектот на Владата за превод на 1.000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија.

До денес преведени се 654 книги, кои се користат на еминентните светски универзитети, а кои им се достапни на академската, но и на пошироката македонска јавност.

- Книгите кои денес ги промовираме ќе бидат од големо значење како за образовниот систем и научната фела од постоечките области, така и за реалните процеси во архитектурата, градежништвото и биотехничките науки, рече премиерот Груевски на промоцијата.

Верувам, додаде тој, дека и овие книги како и сите претходно промовирани дела од овој проект ќе станат дел општествениот интерес, проучувања, позитивни критики низ научната јавност и дел од предавањата на факултетите низ Македонија.

- Колку повеќе луѓе доаѓаат во допир и црпат знаење од нив, толку поголеми ќе бидат ефектите за нашата држава и стручните кадри во македонското општество. Токму затоа потребно е секој од нас да го вложи својот авторитет, своето име и познавање и да ги промовира овие книги, истакна Груевски.

Како премиер во сиот изминат период, Груевски рече дека бил и ќе остане постојан промотори на оваа нова литература, затоа што е убеден и сигурен во полезноста од нејзиното користење.

Министерот Кралев посочи дека колку повеќе се наобразуваме, толку стануваме помудри и поспособни успешно да се справме со предизвиците на секојдневието.

- Книгата секогаш била и ќе биде прозорец низ кој се гледа и доживува светот. Овие книги за студентите, но преку читалните и библиотеките и за сите граѓанина Македонија имаат посебна дополнителна вредност, бидејќи тие имаат и психолошка димензија за нив. Самата помисла дека учат од истите книги, како и студентите на светски реномираните факултети, претставуваат голем поттик и мотивација да се надградуваат и едуцираат студентите, рече Кралев.

Можноста младите практиканти, како што посочи, да користат најнова научна литература и да консултираат најнови научни сознанија по одделни области дава придонес во едукацијата и идниот професионален развој, усовршување и оспособување.

- Тоа пак ќе покаже свои резултати во иднина-македонските граѓани да бидат конкурентни на своите колеги од земјите со висок образовен и економски стандард. Можеби еден ден, токму на врвните американски и европски универзитети ќе се учи од книгите на нашите студенти, кои го изградиле своето знаење благодарение на овие книги, рече министерот Кралев.


Статијата е прочитана 427 пати.

Испрати коментар



Адел очекува бебе
Се разведоа Том Круз и Кејти Холмс
Карла Бруни повторно бремена!
Гостиварката Анета Стојковска - Мис на Македонија 2012
Кинеската астронаутка се врати на Земјата
„Самсон и Далила“ и изложби на Богдан Богдановиќ на „Скопско лето“
Нино Величковски дипломираше соло пеење
„pH неутрална за животот и смртта“ од Лидија Димковска објавена на словенечки
Слободата во културата треба да се освојува секојдневно
Мјузиклот „Ева Перон“ го отвори седмиот „Битфест“
„Гугл“ го претстави таблетот Nexus Seven
Претставата „Госпоѓица Јулија“ од Стриндберг премиерно во МНТ
(ФОТО) Подводен моден свет на врела чаршиска калдрма
Почина режисерката и сценаристка Нора Ефрон
(ФОТО) Возбудлива компилација на артисти на „Скопје Гори“
„Глас на светлината“ - втор регионален концерт на слепите лица
Промовиран порталот КупиКнига.мк
Со мјузиклот „Ева Перон“ започнува „Бит фест“
Стартот на „Охридско лето“ со над 150 уметници на сцена
Џеј Ло не оди никаде без лична WC даска
(ВИДЕО) „Орбитал“ и „Паблик енеми“ вечерва на „Скопје гори“
Никола Маџиров учествува на Поетската олимпијада во Лондон
Македонскиот јазик го бранат светски лингвисти
Краткиот филм „Бардо“ награден во Романија
Промоција на Македонија во Полска
До септември ќе заврши изградбата на Спомен куќата на Ататурк
Се ожени ракометарот Филип Миркуловски
Мадона ја стерилизира облеката за да не и украдат ДНК примерок
Промоција на 24 наслови од проектот „Превод на 1.000 стручни книги“
Kомедија, рок-класика и хорска музика на „Скопско лето“
„Аргентинска лекција“ - најдобар филм во главната селекција на „МакеДокс“
(ФОТО) Јубилејот на Елизабета Втора одбележен и во Скопје
Принцот Вилијам наполни 30 години и доби 10 милиони фунти
„Њуз нет“ со свое „глобално издание“
Џони Деп ќе и остави 155 милиони долари на Ванеса Паради
(ВИДЕО) Нов гаф на „Мајкрософт“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |