29.06.2012, 14:30 Филип Ивановски две години во Астана
Голгетерот на Вардар и најдобар стрелец во Првата македонска лига му се приклучи на поранешниот играч на Работнички, Димитрија Лазаревски
Филип Ивановски се пресели во Казахстан, каде што во наредните две години ќе ги брани боите на Астана. Голгетерот на Вардар и најдобар стрелец во Првата македонска лига минатата сезона му се приклучи на поранешниот играч на Работнички, Димитрија Лазаревски, кој со Астана заврши на четвртото место во шампионатот на Казахстан и не успеа да избори настап во еврокуповите.
„Задоволен сум од потпишаниот договор. Се надевам дека ќе продолжам со одличните настапи и во новата средина, како што тоа беше случај во Вардар“, изјави Ивановски, кој е шести играч што си замина од македонскиот шампион по Филип Петров, Ибезито Огбона, Пауло Кандидо Лико, Тони Велјановски и Владимир Туневски. (Љ.В.)
|