25.06.2012, 14:45 Поволна ждрепка за нашите претставници во Лига Европа
Металург ќе се сретне со Биркиркара од Малта, Шкендија го доби Портдаун од Северна Ирска, а Ренова ќе игра против Либертас од Сан Марино
Трите македонски европски претставници, Металург, Шкендија и победникот на купот, Ренова денеска имаа поволна ждрепка во квалификациите за Лига Европа, откако добија посакувани противници.
Ренова не би требало да има проблем затоа што доби противник од Сан Марино. Противник им е екипата на Либертас. Металург, кој беше неносител на ждрепката ќе патува на Малта против Биркиркара, која не е силен тим,ж како Твенте, Розенборг или Елфсборг, кои беа потенцијални противници.
Третиот претставник Шкендија за противник во првото коло во најмасовното натпреварување ја доби екипата на Портдаун од Северна Ирска
Мечевите во првото коло се играат идниот четврток на 5 јули, а реваншите една недела подоцна на 12 јули.
|