Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.06.2012, 19:31
Груевски: Спасот на еврото е централна тема во Брисел



Според премиерот, било укажано дека на Самитот на Г-20, лидерите на другите економии надвор од Европа барале од ЕУ брзо да најде мерки со кои ќе ја стабилизра ситуацијата

Европската унија е во ситуација да мора целиот фокус на внимание да го стави на финансиските проблеми и на спасот на еврото и на денешниот Самит на Европската народна партија (ЕПП) отворено се разговараше за спас на еврото. Ова го истакна претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, по завршувањето на тричасовниот состанот на првите луѓе на Eвропските народни партии во Брисел.

Според Груевски, било укажано дека на Самитот на Г-20, лидерите на другите економии надвор од Европа барале од ЕУ брзо да најде мерки со кои ќе ја стабилизра ситуацијата, оти кризата на еврото директно влијае на нивните економии, кои и онака не се во многу добра ситуација. Тој додаде, дека по апелот од другите држави побрзо да се справат со ова прашање нормално е сега фокусот во целост да биде на прашањето поврзано со спас на еврото и надминување на должничката криза.

- На денешниот самит на ЕПП имав можност да направам голем број контакти и средби со присутните лидери на држави, премиери или претседатели на опозициските партии од десницата. Имав можност да бидам дел од оваа дискусија и да ги слушнам најновите придвижувања поврзани со кризата во еврозоната. Тоа беше централна тема и централна дебата. ЕПП е целосно фокусирана на овој проблем, за кој отворено се разговараше и беше посочено дека ситуацијата е исклучително тешка, дека не смее повеќе да се губи време и работите да се одложуваат, изјави премиерот Груевски.

Тој додаде дека мора да се оди кон здрави реформи кои не секогаш се популарни, но со цел да не се загуби еврото, како и дека постои подготвеност за таков чекор.

- На овој Самит говореа поголемиот дел од членовите на еврозоната, говореше и германската канцеларка Меркел, претседателот на Европскиот совет Ван Ромпуј и првиот човек на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Сите ја оценуваат ситуација исклучително сложена и во основа постои подготвеност да се направат покрупни чекори, додаде првиот човек на македонската Влада.

Според Груевски, на овој Самит се говорело и за создавање на банкарска унија во која Европската централна банка ќе може да дејствува во ситуација кога ќе има неликвидност во некоја од банките на земјите-членки на Унијата.

- Има посериозно незадоволство од делувањето на другиот блок на партии, пред се од социјалистите и либералите, и нивното дејствување во сопствените држави со повеќе популистички, а помалку реформски политики. Некој од нив ги оста��ија земјите со големи буџетски дефицити и новите премиери од десницата не можат да ги вратат во колосек, што влијае на целокупното делување на еврозоната. Претседателот на Советот, Ван Ромпуј ислезе со општ документ, фокусиран во делот на реформи каде се посочува дека треба да се преземат мерки за здрави екон��мски политики, ниски буџетски дефицити, намалување на задолжувањата и забрзување на растот. Постои цврста волја да се оди во таков правец, посочи Груевски.





Статијата е прочитана 583 пати.

Испрати коментар



Поранешен руски полицаец силувал и убил 23 жени
Силен земјотрес ја погоди Кина, 17 лица повредени
Германскиот парламент го одобри фискалниот пакт
Селмани - Декриминализацијата на клеветата ќе донесе поголема слобода
Црна Гора ги започна преговорите за членство во ЕУ
„Хеленик петролеум“ тврди дека има нафтени резерви
Се шири пожарот на Кајмакчалан
Завршува кампањата за плаќање на долговите за струја
Иванов - Сите членки на ЕУ се одговорни за Македонија
Џулијан Асанж нема да им се предаде на британските власти
Евангелос Мимаракис избран за спикер на грчкиот Парламент
Европскиот совет ги потврди преговорите за Црна Гора
Баросо - Членките на еврозоната посветени на иднината на еврото
Ставрески - Компаниите што поскоро да ги искористат 111-те милиони евра
Попоски - Немаме територијални претензии кон соседите
Иванов - Македонија има за цел да биде ставена на мапата на енергетски коридори
Пронајдено телото на момчето кое се удави во Мавровско Езеро
Прва жртва во пожарите во Колорадо
Средба на организациите на архитекти од Југоисточна Европа и Азија
Сончево со умерена облачност
Почнува ноќното обележување на градските улици
Покренато обвинение за „Детонатор"
Петнаесетгодишник изчезнал во Мавровско Езеро
Бистра Ангеловска - нов претседател на Фармацевтската комора
МПЦ се засили со двајца епископи
Мајка Тереза ќе го надвиши Александар
(ФОТО) Средба за помирување меѓу Црвенковски и Георгиевски
Самоубиство од Акропол
Почна исплатата на субвенциите за тутунарите
Тројца велешани демонтирале 746 метри шини
Најлоша туристичка година за Грција
Жена се самозапали во Арачиново
Азербејџан заинтересиран за инвестирање во Македонија
Дачиќ нов мандатар на српската влада
Тројца повредени во пад на воен хеликоптер во БиХ
Напад врз полициски пункт кај Бујановац
Шешељ доби уште две години затвор за непочитување на судот
ЕК се произнесе за налепниците БЈРМ
Монти - На ЕУ и се заканува сиромаштија
„Њуз корпорејшн“ ќе се подели во две компании
Немири во Стокхолм, демолирани полициски возила
Премиерот Груевски на Самитот на Европската народна партија во Брисел
Пан-европска конференција за зелениот појас
Папуљас со писмо од Самарас на самитот на ЕУ во Брисел
Анан со повик за влада на национално единство во Сирија
Cончево и малку потопло
Груевски - Македонија има најниски трошоци за водење бизнис во Европа
Грција бара да престанат нападите од македонските политичари
Нови 54 лека без доплата
ФБИ откри уште двајца хакери од Македонија
Јанкулоска
(ФОТО) Прв пат во Македонија 40 бренда во „Скопје сити мол“
Горан Бошевски - в.д претседател на Кривичен суд
Пад на индустриското производство за 5,4 отсто
Употребата на синтетички дроги го надмина користењето на хероин и кокаин
Бесплатни прегледи за дијабетичари во Систина Офталмологија
„Национал“ заминува во стечај
Листа на најпродавани автомобили во светот
Презентирани можностите за инвестирање на Македонија во Будимпешта
Почна уривањето на објектот „Ив-Ире“ во Трпејца
Карл Билд побара почеток на преговори за Македонија
Тројца турски војници загинаа во напад на ПКК
Баросо повика на солидарност кон Грција
Асад - Сирија е во состојба на војна



skopijanec, 28.06.2012 22:21:41
fala na gospod nasiot GRUEFSKI otide da go spasi evropa i evroto,bravos grujo.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |