30.06.2012, 11:39 Селмани: Декриминализацијата на клеветата ќе донесе поголема слобода
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани синоќа се сретна со со новинарите од струмичкиот регион
Законот за декриминализација на клеветата, владините кампањи, работата на Советот за радиодифузија и положбата на јавниот сервис МРТВ, беа теми на синоќешната првата средба на претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани со новинарите од струмичкиот регион.
- Со закон за декриминализација на клеветата, новинарите, но и сите вршители на јавни функции, ќе добијат поголема слобода. Наместо директното поднесување кривична пријава, се предвидуваат задолжителните фази, можност за извинување, за демант и оценка од Судот на честа при ЗНМ. Дури по нивното поминување судот ќе може да расправа за евентуалната клевета, изјави Селмани.
Новиот закон за клевета се очекува да биде донесен до крајот на јули и со него по автоматизам ќе бидат амнестирани околу 320 кривични пријави кои во изминатите четири години се поднесени против новинари и вршители на јавни фунции.
На синоќешната средба претседателот на ЗНМ Селмани се осврна и на непринципиелниот однос од страна на колеги новинари од друга асоцијација кои со своето однесување, како што рече, не придонесуваат во напорите за подобрување на сосотојбите во македонското новинарство.
|