29.06.2012, 14:45 Гостиварката Анета Стојковска - Мис на Македонија 2012
Македонската убавица ќе не претставува на изборот за Мис на светот во Кина
Дваесетгодишната Анета Стојковска од Гостивар е победничка на изборот за Мис на Македонија што се одржа вчеравечер во ресторанот „Јана“. За прва односно втора придружничка беа пригласени Симона Стојковска и Софија Мушу.
Носителката на титулата „Мис на Македонија 2012“ ќе не претставува на најголемиот избор на убавина „Мис на светот“ што по 62. пат ќе се одржи на 18 август во Кина.
|