Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
26.06.2012, 14:54
Стартот на „Охридско лето“ со над 150 уметници на сцена



Фестивалот ќе одбележи и неколку јубилеи на македонски композитори меѓу кои се Стефан Гајдов, Љубомир Бранѓолица, Илија Пејовски, Благој Цанев, Сотир Голабовски, Јана Андреевска и Димитрие Бужаровски

Веле Митаноски

Охрид - Селекторите на музичката и драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова - Неделковска и Ѓорѓи Јолески, денеска на прес-конференција соопштија повеќе детали околу програмата на годинешното 52. издание на нашата најпрестижна музичко - сценска манифестација. Фестивалот ќе биде отворен во традиционалниот термин, 12 јули, на Петровден, со театарскиот ораториум „Ромео и Јулија“, спектакл работен по текст на Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројкоски и Дејан Лилиќ во актерската улога на Ромео. Носител на проектот е Битолскиот народен театар, продуцент е „Охридско лето", копродуценти се театарот "Вера Комисаржевскаја" од Санкт Петерсбург, Русија, Македонската опера и Балет и Народниот театар од Охрид.

Свеченото отворање и спектаклот на Антички театар ќе донесат повеќе од 150 уметници на сцената, додека заедно со техничките поддржувачи - над 200. Повеќе од 70 музичари ќе ја свират во живо музиката на Прокофјев, заедно со над 20 балетски играчи, оперски хор, актери и сцена која првпат во Македонија ќе биде застапена со 3Д проекции.

Целосната драмска програма ќе ја изведат повеќе од 500 драмски уметници, во 10 театарски претстави, 5 специјални премиери (најповеќе во историјата на фестивалот) на 6 различни сцени. Селекторот Јолевски, во драмскиот блок ги потенцираше уште и спектаклот со националниот Државен театар на Турција од Истанбул , „Антигона“ од Софокле, потоа Албанскиот театар од Скопје со мега спектаклот „Питачка Опера“ на чешкиот дисидент, претседателот Вацлав Хавел под водство на Дино Мустафиќ, селектор и директор на МЕС од Сараево. Со нагласен интерес се очекува „Почетокот на народите“ од Јордан Плевнеш, во режија на Владе Цветаноски, на нов сценски простор во „Заливот на коските“ (наколната населба).Вклучувајќи се во одбележувањето на 100 годишнината од смртта на Авгус Стринберг, Фестивалот ја носи од Шведска актерката и режисер Ана Патерсон со „Госпоѓица Јулија“, а публиката нема да остане покусо и со ланската театарска сензација кај нас „Хенри Шести“ од Шекспир, на Народниот театар од Битола и режисерот Џон Блондел, претстава одиграна токму во Шекспировиот „Глоб театар“ во Лондон.

Многу атрактивни содржини, вкупно 25 концерти, со учество на врвни светски уметници и ансамбли и солистички имиња на класичната репродуктива, донесува и музичката програма. Ќе настапат исполнители од Русија, Италија, Франција, Германија, Кипар, Полска, Чешка, Шпанија, Доминиканска Република, Јужна Кореја, Словенија, Хрватска, Албанија, Бугарија и други земји.

Селекторката Јосифовска, посебно ги подвлече доминиканскиот пијанист Мишел Камило, словенечкиот вокален џез состав „Перпетум Џезиле“, ( една од најголемите светски атракции), кои ќе настапат на 4 август, Денот на раѓањето на Фестивалот. Го потенцираше и учеството на Андреј Коробејников, претставник на силната руска пијанистичка школа, Седрик Тибергјан, еден од најзначајните преставници на францускиот пијанизам, со концерт специјално подготвен за „Вечерта на Европа“, во соработка со Канцеларијата на ЕУ во Македонија.

Од останатите исполнители, неизоставно треба да се споменат уште и рускиот виолинистички виртуоз, Борис Бровцин, младиот албански виолинист Ермир Арбеши, финалист од Мегународниот натпревар „Queen Elizabeth Competition“во Белгија.

На втори август, организаторите очекуваат полн Антички театар со големата светска атракција, популарното дуо „2 Cellos“ од Хрватска ( Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер) придружници на светските турнеи на Елтон Џон. Свеченото затворање е резервирано за реномираниот мајстор на виолина, Енрико Диндо со пијано придружба на Моника Катароси.

Фестивалот „Охридско лето“ како член на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) ќе биде дел од одбележувањето на Дијамантскиот јубилеј - 60 години од постоењето на асоцијацијата, во која членуваат 90 фестивали од 38 европски земји. Фестивалот ќе одбележи и неколку јубилеи на македонски композитори како Стефан Гајдов, Љубомир Бранѓолица, Илија Пејовски, Благој Цанев, Сотир Голабовски, Јана Андреевска и Димитрие Бужаровски.

Статијата е прочитана 519 пати.

Испрати коментар



Мјузиклот „Ева Перон“ го отвори седмиот „Битфест“
„Гугл“ го претстави таблетот Nexus Seven
Претставата „Госпоѓица Јулија“ од Стриндберг премиерно во МНТ
(ФОТО) Подводен моден свет на врела чаршиска калдрма
Почина режисерката и сценаристка Нора Ефрон
(ФОТО) Возбудлива компилација на артисти на „Скопје Гори“
„Глас на светлината“ - втор регионален концерт на слепите лица
Промовиран порталот КупиКнига.мк
Со мјузиклот „Ева Перон“ започнува „Бит фест“
Џеј Ло не оди никаде без лична WC даска
(ВИДЕО) „Орбитал“ и „Паблик енеми“ вечерва на „Скопје гори“
Никола Маџиров учествува на Поетската олимпијада во Лондон
Македонскиот јазик го бранат светски лингвисти
Краткиот филм „Бардо“ награден во Романија
Промоција на Македонија во Полска
До септември ќе заврши изградбата на Спомен куќата на Ататурк
Се ожени ракометарот Филип Миркуловски
Мадона ја стерилизира облеката за да не и украдат ДНК примерок
Промовирани нови 24 наслови од проектот „Превод на 1.000 стручни книги“
Промоција на 24 наслови од проектот „Превод на 1.000 стручни книги“
Kомедија, рок-класика и хорска музика на „Скопско лето“
„Аргентинска лекција“ - најдобар филм во главната селекција на „МакеДокс“
(ФОТО) Јубилејот на Елизабета Втора одбележен и во Скопје
Принцот Вилијам наполни 30 години и доби 10 милиони фунти
„Њуз нет“ со свое „глобално издание“
Џони Деп ќе и остави 155 милиони долари на Ванеса Паради
(ВИДЕО) Нов гаф на „Мајкрософт“



volkot, 26.06.2012 22:56:45
Ubavo Ubavo. Makedonskite mzicki reporduktivci se pak marginalizirani, a demek ce se oznacuvaat jubilei na nashi kompozitori. Taka i treba, samo ne kazuvaat deka toa organizatorot bara da bide bezplatno od site involvirani! Verovatno ni na Kamilo mu go bara istoto, besplaten nastap :) Kako i da e, neli ce gi apsea ovie selektori koj bea zameshani vo najraznorazni matni zdelki preku Ohridsko Leto ili toa papala maca, komu mu teknuva komu ne.. pa ne kradele samo za sebe de. Da se atvori Ohridsko leto pod itno! Vakvo stvarno na Makedonija ne i e potrebno!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |