Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
28.06.2012, 09:40
(ЕП 2012) Германија - Италија, судир на две големи фудбалски династии



Во вториот полуфинален дуел на ЕП вечерва Германците во потрага по првата победа над „аѕурите“ на големите натпреварувања

Кога ќе се судрат две фудбалски филозофии секогаш нешто се поместува во разбирањето на оваа игра. Токму тоа претставува соочувањето на Италија и Германија - конфронтација на две долги традиции, на две фудбалски династии. Европа и светот вкупно 12 пати се поклонувале на едната или на другата репрезентација откако постои компетитивен фудбал. Конкуренцијата е убиствена и ќе биде тешко уште еднаш да се стигне до врвот, но и „панцерите“ и „азурите“ знаат дека полуфиналната битка ќе има посебен жар.

Германците никогаш не ја совладале Италија на светските и европските шампионати! Во седум соочувања „азурите“ три пати победиле, но на континенталните собири двете одиграни средби завршиле без победник. Фазата на најдобрите четири досега два пати била точка на спојување на двете фудбалски сили, но на мунадијалите. Уште долго ќе се памети епското полуфинале од 2006 и горката елиминација на Германците во последните минути од двочасовниот бој. Сегашниот селектор Јоаким Лев тогаш беше асистент на Јирген Клинсман, но вели дека тој неуспех е заборавен, без никакви траги по неговите репрезентативци. „Ни еден натпревар не зборува ништо за нас. Ниту тој од 2006 ниту постарите. За мене, во фудбалот не постои одмазда. Дуелите од минатото не играат апсолутно никаква улога за нас, ниту за младите играчи кои овие работи ги знаат како историја“, го соопшти Лев своето гледање на работите. Мирослав Клосе беше најдобар стрелец на мундијалот во Германија и директно ја почувствува болката по 120-минутното полуфинале против Италија. „Мислам дека е смешно да зборуваме за некаква ментална блокада против Италијанците. Точно, беше голема траума, траеше некој период, но заврши. Тоа беше пред шест години, сега сме различна репрезентација“, изјави Клосе, поддржувајќи го ставот на својот селектор. Меѓутоа, тоа не е последниот натпревар меѓу Италија и Германија. Се сретнаа во пријателска средба во февруари минатата година и се разделија без победник, со резултат 1:1. „Тоа е мечот кој треба да не' интересира. Тоа беше против една нова, поофанзивна Италија“, предупредува Лев. И треба да биде загрижен, не само поради тоа што Германија нема победа против „азурите“ уште од 1995 (во контролен меч), туку бидејќи Италија е навистина преродена под водство на Чезаре Прандели. Напаѓачкиот фудбал и „втората младост“ на Андреа Пирло ги задоволија и најпрефинетите критериуми, но ја сочуваа Италија непоразена досега на ЕП иако играше и против Шпанија, актуелниот е��ропски и светски владетел. „Пирло доживува ренесанса. Тој е генијалец, кој знае да прати топка во противничката одбрана каде што најмногу боли“, оценува германскиот селектор. „Нема да задолжам директен чувар за него, но ќе разговараме со екипата како ќе го запреме“, заврши Лев.

Пирло учествуваше во три од четирите италијански гола на ЕУРО 2012 и ќе ја предводи репрезентацијата и во вечерашното полуфинале. Прашање е настапот на Кјелини, кој се врати на тренинзите по повредата со Ирска, но се' уште некомплетно заздравен. Неизвесни се Де Роси и Абате, кои се повредија на четвртфиналната средба со Англија, посебен проблем би донело отсуството на играчот на Милан бидејќи второто решение за десната бековска позиција, Маџо е суспендиран. Интересно ќе биде дали Монтоливо ќе истрча на теренот бидејќи тој има дополнителна мотивација за овој натпревар. Неговата мајка е Германка и тој изјави дека ќе му биде драго да заигра бидејќи се чувствува 10 проценти Германец. Впрочем, откако се занимава со фудбал, на неговите копачки отсекогаш стоело и италијанско и германско знаме.

Монтоливо самиот си знае на која страна ќе натежнат неговите чувства, додека селекторот Прандели јавно призна дека Германците се фаворити, повеќе за да го предаде товарот на соперникот. „Тие се неколку години пред нас. По СП во 2006 повеќе се концентрираа на младите играчи и сега имаат одлична екипа“, изјави Прандели за селекцијата која е единствена со максимален број победи во Полска и во Украина. Јоаким Лев, пак, со комплетна и здрава екипа на располагање има поинакви дилеми. Против Грција извади целосно нова навална линија, а овој пат може да комбинира оставајќи го искусниот Клосе во шпицот.

На „Националниот стадион“ во Варшава, Германија ќе го брка седмото европско финале, а Италија третото. (В.А.)








Статијата е прочитана 530 пати.

Испрати коментар



(ЕП ВЕСТИ) Бејл во Тотенхем до 2016 година
Тричковски претставен во Бриж
Првите два пика на драфтот од Кентаки
Филип Ивановски две години во Астана
Иво Карловиќ ги обвини судиите на Вимблдон за „грабеж“
Македонија поразена и на втората контролка со Порторико
Надал елиминиран уште во второто коло на Вимблдон
(ЕП 2012) Италија финалист, Балотели и пресуди на Германија
Половина фаворитки на Вимблдон во аут
(ЕП ВЕСТИ) Оставка на холандскиот селектор Ван Марвајк
Лондон „печен“ за трка во Формула 1
Македонските кошаркари поразени од Порторико
Шпанија прв финалист на ЕП 2012
Милошевиќ нов тренер на Силекс
„Фед-екс“ не запира на Вимблдон
Лери Бирд се повлече од Индијана
(ЕП ВЕСТИ) Балотели како Кинг Конг
Алонсо блиску до рекордот на Шумахер
(ЕП 2012) Ибериски двобој за финалето
МЗТ Скопје станува акционерско друштво
Крај уште на почетокот за Бердих
Шевченко избира меѓу пензија и САД
(ЕП ВЕСТИ) Две години суспензија за Самир Насри?
Шундовски ја презеде Констанца
Дрогба доаѓа во Барселона?!
(ЕП 2012) Илиевски - Најдобрите се во полуфиналето
Илчо Ѓорѓиевски најсериозен кандидат за претседател на ФФМ
Серафимоски нов претседател на АФМ
Ѓоковиќ лесно со Фереро, Венус во аут
Почина 23-годишен поранешен член на Ливерпул и Бетис
Поволна ждрепка за нашите претставници во Лига Европа
Вардар го доби БАТЕ Борисов во квалификациите за ЛШ
Кошаркарите успешни на вториот тест во САД
Гетлин побрз од Геј на 100 м
Вимблдон шлаг на сезоната
(ЕП 2012) Пеналите кобни за Англија
Алонсо ја разби низата со разл��чни победници
(ЕП 2012) Борбеноста против тактиката
(ЕП 2012) Французите немаа клуч за шпанската тика-така
Македонија домаќин на ЕП за ракометарки до 17 години
Иницијативниот одбор постигна договор со ФФМ околу одржување на Собранието
Германската и грчката амбасадорка заедно гледаа фудбал
(ЕП 2012) Грчкиот бункер распарчен, Германија во полуфинале
Ракометарките добија тешка група на ЕП 2012
Управниот Одбор на ФФМ поднесе оставка
Мајами со шампионски прстен!
(ЕП 2012) Германија ќе им наплаќа на Грците во Гдањск

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |