25.06.2012, 17:47 Ѓоковиќ лесно со Фереро, Венус во аут
Новак Ѓоковиќ успешно ја почна одбраната на титулата на Вимблдон, славејќи со 6:3, 6:3, 6:1 по еден час и 40 минути игра против Шпанецот Хуан Карлос Фереро. Некогашниот освојувач на Ролан Гарос и светски рекет број еден во 2003 година на почетокот водеше со 2:1, но во понатамошниот тек од мечот му преостана само да гледа како Србинот му ги одзема наредните гемови. До крајот на првиот сет Фереро освои само уште еден гем, а веќе на почетокот на вториот стана јасно дека нема да има ништо од сензација.
Кај жените изненадување е раното завршување на турнирот на поранешната вимблдонска шампионка Венус Вилијамс, која загуби од Русинката Елена Веснина со 6:1, 6-3. Неочекуван пораз доживеа и 16. носителка Флавија Пенета од Италија, која изгуби со 6:4, 6:3 од сонародничката Џорџи.
Резултати од првото коло, мажи: Ѓоковиќ (1., Србија) - Фереро (Шпанија) 6:3, 6:3, 6:1, Вердаско (17., Шпанија) - Ванг (Тајван) 7:6, 6:4, 7:5, Гаске (18., Франција) - Камке (Германија) 6:2, 6:2, 6:2, Јужни (26., Русија) - Јанг (САД) 4:6, 6:3, 6:2, 6:3, Бенето (29., Франција) - Милер (Луксембург) 6:2 7:5 7:6.
Жени: Радванска (3., Полска) - Рибарикова (Словачка) 6:3, 6:3, Стоусур (5, Австралија) - Суарез Наваро (Шпанија) 6:1, 6:3, На Ли (11., Кина) - Первак (Казахстан) 6:3, 6:1, Лисицки (15., Германија) - Мартиќ (Хрватска) 6:4 6:2, Џорџи (Италија) - Пенета (16., Италија) 6:4, 6:3, Веснина (Русија) - В. Вилијамс (САД) 6:1, 6:3. (Љ.В.) |