Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
25.06.2012, 11:56
Вимблдон шлаг на сезоната



Ѓоковиќ и Квитова од денеска ќе ги бранат титулите на 126. неофицијално СП во тенис

Осамна уште едно прво утро од единствениот настан на трева што може да се носи со популарноста на фудбалот. „Белиот спорт“ повторно се враќа на своето изворно лице, а светот ќе погледне нови автентични приказни од неофицијалното светско тениско првенство - Вимблдон. Пехарите овде се заработуваат со многу тениско знаење, преку драматични поени и со резервите од менталната сила. Минатата година почесните аплаузи ги заслужија Новак Ѓоковиќ и Петра Квитова, но уште тогаш знаеја дека си поставуваат една пеколна мисија. Успехот е потешко да се одржи отколку да се оствари, а детронизирањето е сладок предизвик за сите останати конкуренти.

Ѓоковиќ знае од кого да стравува. Од 2010 наваму никој друг освен Србинот, Надал и Федерер не освои грен-слем титула, а од последните 29 големи турнири, тројцата имаат освоено 28 (Дел Потро во 2009 победи на УС опен). Тешкото е да се предвиди кој од првите три рекети во светот ќе стави нова аквизиција во својата колекција. Ждрепката му се наклони на Надал, оставајќи ги Ѓоковиќ и Федерер да планираат меѓусебно полуфинале. Дополнителен мотив за сите тројца е тоа што кој и да победи ќе го преземе, или ќе го зачува, првото место на АТП ранкингот. Федерер изгледа најчувствителен пред да почне „војната“. Втора година мечтае по седмата титула од Вимблдон која што би го израмнила со Пит Сампрас. Ако победи ќе се изедначи со неговиот идол и по бројот на недели како лидер на АТП листата. Од друга страна, фрустрира податокот што двајцата соперници на Федерер ги освоија последните девет грен-слем финалиња. „Секоја чест за Надал и Ѓоковиќ, но мислам дека дојде редот некој трет тенисер да освои грен-слем и се надевам дека токму мене тоа ќе ми појде од рака“, изјави Федерер. Но, за тоа ќе мора да го надмине ланското четвртфинале, а потоа да го покори Ѓоковиќ. Србинот ја нема непобедливоста од минатата сезона и веќе загуби три финалиња по ред од Надал. На Шпанецот му расте самодовербата, но нема победа против актуелниот број еден на друга подлога освен земја уште од ноември 2010.

За разлика од мажите, кај дамите бранителката е во подредена положба. Како ретко кога во последниве години првата фаворитка е навистина најголем кандидат за пехарот. Марија Шарапова со титулата од Ролан Гарос ги комплетираше сите четири грен-слема и полна самодоверба ќе се обиде да стане само втората по Штефи Граф која во иста година ги споила трофеите од Париз и Лондон. „Тоа е тешко да се оствари. Колку и да е убаво уживањето, прилагодувањет од земја на трева е најтешко“, сподели Шарапова. Ждрепката беше милостива и уште сега проектира финале меѓу неа и С��рена Вилијамс. По ланската елиминација во осминафиналето, помладата сестра се врати по петтиот наслов од „Ол ингланд клаб“, но сите ги вџаши со елиминацијата во првиот круг од Ролан Гарос и затоа не е единствената фаворитка. (В.А.)


Статијата е прочитана 283 пати.

Испрати коментар



Македонија поразена и на втората контролка со Порторико
Надал елиминиран уште во второто коло на Вимблдон
(ЕП 2012) Италија финалист, Балотели и пресуди на Германија
Половина фаворитки на Вимблдон во аут
(ЕП ВЕСТИ) Оставка на холандскиот селектор Ван Марвајк
Лондон „печен“ за трка во Формула 1
(ЕП 2012) Германија - Италија, судир на две големи фудбалски династии
Македонските кошаркари поразени од Порторико
Шпанија прв финалист на ЕП 2012
Милошевиќ нов тренер на Силекс
„Фед-екс“ не запира на Вимблдон
Лери Бирд се повлече од Индијана
(ЕП ВЕСТИ) Балотели како Кинг Конг
Алонсо блиску до рекордот на Шумахер
(ЕП 2012) Ибериски двобој за финалето
МЗТ Скопје станува акционерско друштво
Крај уште на почетокот за Бердих
Шевченко избира меѓу пензија и САД
(ЕП ВЕСТИ) Две години суспензија за Самир Насри?
Шундовски ја презеде Констанца
Дрогба доаѓа во Барселона?!
(ЕП 2012) Илиевски - Најдобрите се во полуфиналето
Илчо Ѓорѓиевски најсериозен кандидат за претседател на ФФМ
Серафимоски нов претседател на АФМ
Ѓоковиќ лесно со Фереро, Венус во аут
Почина 23-годишен поранешен член на Ливерпул и Бетис
Поволна ждрепка за нашите претставници во Лига Европа
Вардар го доби БАТЕ Борисов во квалификациите за ЛШ
Кошаркарите успешни на вториот тест во САД
Гетлин побрз од Геј на 100 м
(ЕП 2012) Пеналите кобни за Англија
Алонсо ја разби низата со различни победници
(ЕП 2012) Борбеноста против тактиката
(ЕП 2012) Французите немаа клуч за шпанската тика-така
Македонија домаќин на ЕП за ракометарки до 17 години
Иницијативниот одбор постигна договор со ФФМ околу одржување на Собранието
Германската и грчката амбасадорка заедно гледаа фудбал
(ЕП 2012) Грчкиот бункер распарчен, Германија во полуфинале
Ракометарките добија тешка група на ЕП 2012
Управниот Одбор на ФФМ поднесе оставка
Мајами со шампионски прстен!
(ЕП 2012) Германија ќе им наплаќа на Грците во Гдањск

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |