Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
27.06.2012, 23:40
Шпанија прв финалист на ЕП 2012



„Фуријата" ја елиминира Португалија на пенали со 4:2 и ќе го брани тронот против победникот од утрешниот меч меѓу Германија и Италија

Шпанија ќе ја брани титулата на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина во недела во Киев против подобриот од утрешниот дуел меѓу Германија и Италија. Во вечерашното полуфинале во Доњецк, шпанските репрезентативци ја елиминираа Португалија по подобро изведување на пенали со 4:2, откако немаше погодок во основните 90 минути и во двете продолженија по 15 минути. Иниеста, Пике, Рамос и Фабрегас погодија за "фуријата" (промаши Чаби Алонсо), Пепе и Нани беа прецизни кај Португалците (промашија Мутињо и Бруно Алвеш).

Шпанската тика-така не дојде до израз во првото полувреме. Португалците умешно и успешно се справија со фаворизираниот сосед и не му дозволија да се разигра и размавне како што знае. Во речиси сите 45 минути беа рамноправни на теренот и покажаа дека националниот тим не е само Кристијано Роналдо туку колектив, па будно го држеа под око секој потег, секое движење и секое додавање на репрезентативците на Шпанија. Изостанаа голови затоа што изостанаа и шанси за реализација. Патот до мрежата најчесто се бараше со обиди од далечина. "Фуријата" се закани двапати, преку Арбелоа и Иниеста, а "европските Бразилци" еднаш, преку својот капитен Кристијано Роналдо, но ниту една од заканите не одеше во рамки на целта, па и Касилјас и Руи Патрисио останаа без работа во воведниот дел од пиринејската фудбалска полуфинална битка.

И Дел Боске и Паоло Бенто влегоа во вториот дел со почетните состави. Но, не за долго. Првиот потег го повлече шпанскиот селектор кој по нецели 10 минути во продолжението во игра го уфрли Сеск Фабрегас наместо Негредо од едноставна причина. Да добие повеќе простор за игра во средината одошто во врвот на нападот. Само пет минути подоцна нова замена кај Шпанците. Давид Силва му отстапи место на Хесус Навас со што Дел Боске се корегираше за првичниот избор на фудбалери и тактичките замисли што ги имаше со нив. Меѓутоа ситуацијата на теренот не се промени во поглед на головите. Португалија се закануваше од дистанца, двапати од игра се обиде Алмеида, исто толку удари упати Роналдо од прекин плус контранападот во 90 минута пришто мрежата на Касилјас остана мирна. Како одминуваше времето претпазливоста се повеќе доаѓаше до израз на сметка на желбата и амбицијата да се реши мечот во регуларниот дел и приоритет стана одбрана на сопствениот отколку напад на противничкиот. Конечните 0:0 беа направеден епилог по она што го видовме од актерите во мечот, идентично минаа и дополнителните 30 минути на "Донбас арена" во Доњецк. (С.Д.)



Статијата е прочитана 847 пати.

Испрати коментар



(ЕП ВЕСТИ) Бејл во Тотенхем до 2016 година
Тричковски претставен во Бриж
Првите два пика на драфтот од Кентаки
Филип Ивановски две години во Астана
Иво Карловиќ ги обвини судиите на Вимблдон за „грабеж“
Македонија поразена и на втората контролка со Порторико
Надал елиминиран уште во второто коло на Вимблдон
(ЕП 2012) Италија финалист, Балотели и пресуди на Германија
Половина фаворитки на Вимблдон во аут
(ЕП ВЕСТИ) Оставка на холандскиот селектор Ван Марвајк
Лондон „печен“ за трка во Формула 1
(ЕП 2012) Германија - Италија, судир на две големи фудбалски династии
Македонските кошаркари поразени од Порторико
Милошевиќ нов тренер на Силекс
„Фед-екс“ не запира на Вимблдон
Лери Бирд се повлече од Индијана
(ЕП ВЕСТИ) Балотели како Кинг Конг
Алонсо блиску до рекордот на Шумахер
(ЕП 2012) Ибериски двобој за финалето
МЗТ Скопје станува акционерско друштво
Крај уште на почетокот за Бердих
Шевченко избира меѓу пензија и САД
(ЕП ВЕСТИ) Две години суспензија за Самир Насри?
Шундовски ја презеде Констанца
Дрогба доаѓа во Барселона?!
(ЕП 2012) Илиевски - Најдобрите се во полуфиналето
Илчо Ѓорѓиевски најсериозен кандидат за претседател на ФФМ
Серафимоски нов претседател на АФМ
Ѓоковиќ лесно со Фереро, Венус во аут
Почина 23-годишен поранешен член на Ливерпул и Бетис
Поволна ждрепка за нашите претставници во Лига Европа
Вардар го доби БАТЕ Борисов во квалификациите за ЛШ
Кошаркарите успешни на вториот тест во САД
Гетлин побрз од Геј на 100 м
Вимблдон шлаг на сезоната
(ЕП 2012) Пеналите кобни за Англија
Алонсо ја разби низата со различни победници
(ЕП 2012) Борбеноста против тактиката
(ЕП 2012) Французите немаа клуч за шпанската тика-така
Македонија домаќин на ЕП за ракометарки до 17 години
Иницијативниот одбор постигна договор со ФФМ околу одржување на Собранието
Германската и грчката амбасадорка заедно гледаа фудбал
(ЕП 2012) Грчкиот бункер распарчен, Германија во полуфинале
Ракометарките добија тешка група на ЕП 2012
Управниот Одбор на ФФМ поднесе оставка
Мајами со шампионски прстен!
(ЕП 2012) Германија ќе им наплаќа на Грците во Гдањск

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |