Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
29.06.2012, 18:47

Мислења

Улицата на непознатиот војвода на коњ

Ѓорѓи Спасов

Груевски и Трајановски веројатно не се свесни во која насока ги движат работите со политички интервенции во историјата кога се промовираат незнајни воини и војводи

Во Македонија веќе никој не ја споменува поговорката - Викај ме и грне. Само немој да ме скршиш. Напротив. Го браниме принципот: Името е се'. Името е светост. Името е идентитет. Името е она по што другите не' препознаваат. Без име сме никој и ништо. И тој што сака да ни го смени името е наш најголем душман. Тој сака да не' обезличи. Тој сака да не постоиме.

Но, дали така се однесуваме кон туѓите имиња и идентитети? Дали Никола Груевски и Коце Трајановски можат да разберат колку е болно за луѓето да им го менуваат без прашање и согласност името на улицата на која тие се родиле, името на улицата на која тие живеат со години, името на улицата во која го минале своето детство, младост во која прв пат се заљубиле и која на некој начин станала дел од нивниот идентитет. Како тоа за се' друго ги прашуваат граѓаните, организираат отворени денови на Владата за идеи, за името на земјата ќе се решава на референдум, а за ова прашање донесуваат одлука врз основа на своите идеолошки преференции. Дали Груевски и Трајановски можат да сфатат колку многу сопствената земја ја изложуваат на потсмев со тоа што под споменикот на Александар Македонски ќе напишат дека е тоа „Воин на коњ“, а под споменикот на Тодор Александров ќе напишат дека е тоа споменик на „Непознат војвода на коњ“.

Можеби на Груевски и Трајановски вистина им се непознати овие личности и споменици и можеби, како што објаснуваат, вајарите случајно ги избрале ликовите на Александар Македонски и на Тодор Александров за ��воите скулптури „Воин на коњ“ и „Непознат војвода на коњ“, но Владата и Градот, со овој стил на однесување создаваат преседан кој може нив лично да ги изложи на јавен подбив.

Се прашал ли Груевски, на пример, што ќе се случи ако, да кажеме, Бојко Борисов, поради мајтап, постави споменик со ликот на Груевски во Софија и под него напише „Непознат Бугарин од соседна Македонија“. Истото тоа би можел да го направи и Самарас кој би поставил споменик во Солун со ликот на Груевски под кој би напишал: „Непознат националист од соседството“. Со други зборови, да градите споменици со ликови на познати личности од историјата, независно од нивната заслуга и да ги именувате како „воин на коњ“ или „непознат војвода на коњ“ не е политичка мудрост, мимикрија или итрина на умот. Тоа е сквернавење на ликови со јасен историски идентитет и обид за убедување на своите граѓани дека тоа што го гледаат не е тоа што го гледаат, туку тоа што Владата сака да го гледаат.

Груевски и Трајановски веројатно не се свесни во која насока ги движат работите со вакви политички интервенции во историјата. Ако тие сметаат дека секоја власт има право по свој избор да зема познати ликови од историјата и на тие ликови и личности да им прави споменици, па потоа тие споменици да си ги именува како што сака; или да ги менуваат имињата на улиците само затоа што географските одредници, како што се Бихаќ, Мексико или Водно, не и' се допаѓаат на актуелната власт, тогаш треба да бидат свесни дека некоја следна влада може да се мајтапи на истиот начин со нив.

По промената на оваа власт, врз основа на овој принцип и право утврдено од оваа Влада, некој би можел да предложи гробиштата во Бутел да добијат име „Булевар на преродбата во 100 чекори - надградена и проширена“; улицата на која живее Никола Груевски да се вика „Улицата на непознатите војводи Љупчо и Бранко“. А улицата на која живее Коце Трајановски да се вика „Улицата на ��епознатиот градоначалник на магаре“.

Во големите светски метрополи вистина постојат споменици на незнајниот јунак. Со таквите споменици им се оддава признание на сите што ги дале животите за слободата и независноста на својата татковина. Кога странските државници доаѓаат во посета на такви земји, протоколот предвидува тие да положат цвеќе на споменикот на незнајниот јунак. Во земја со многу споменици на незнајни воини, војводи и јунаци треба да се размисли што е тоа што би можел да го предвиди државниот протокол. Можеби идејата на Груевски е кога ќе имаме во посета висока државна делегација од Бугарија, таа да полага венец пред непознатиот војвода на коњ. Кога ќе имаме висока делегација од Грција, таа да полага венец пред незнајниот воин на коњ. Кога ќе има делегација од Албанија, таа да полага венец на споменикот на непознатата Мајка, а за потребите на делегациите од земјите што настанаа од поранешна Југославија можеби ќе направи и споменик на непознатиот маршал со познат лик. Се стекнува впечаток дека во земја со толку познат премиер сите стануваат непознати.

Груевски, кој ветуваше дека за време на својот мандат ќе и' се посвети само на економијата, очигледно сака да остане запаметен и по други нешта. Тој успешно го наметна денот на основањето на ВМРО (23 октомври) за национален празник, нарекувајќи го Ден на македонската револуционерна борба. Му поминуваат и луксузите Денот на дрвото да се прогласува за неработен ден, а да се одработува во празничен ден кој Владата ќе го определи; улицата на која се наоѓа седиштето на опозициската партија да ја преименува во Павел Шатев, според името на својот омилен институт, и' останува само уште својот роденден да не' натера да го славиме како Ден на младоста. Интересно е само зошто кога веќе му е срам споменикот на Тодор Александрв да го нарече со вистинското име не ја нарече и улицата Тодор Александров „Улица на непознатиот војвода на коњ“. Или - зошто кога веќе не сака да ги лути Грците, улицата „Филип Втори Македонски“ на која се наоѓа седиштето на Министерството за надворешни работи не не ја нарече „Улица на татко му на воинот на коњ“. И пак се' ќе биде јасно. Улицата „Максим Горки“ нека ја нарече „Улица на напознатиот автор на романот ’Мајка‘“, а улицата Салвадор Алјенде „Улицата на непознатиот социјалист кој беше соборен од храбриот конзервативец Густаво Пиноче“.

На прашањето од новинарите дали станува збор за споменик на Тодор Александров или случајно е одбран неговиот лик за скулптурата „Непознат војвода на коњ“, истакнатите историчари што ја опслужуваат сегашната власт немаат одговор. Но, тие имаат дилема дали лавчето од капата на Тодор Александров е бугарски лав или двоопашест лав од земските грбови на Македонија. Според темпото на оваа важна дебата, големи се шансите тие да се договорат околу етничкото потекло на лавот, но не и околу заслугите на Тодор Александров, кој дотогаш ќе остане „Непознат војвода на коњ“.

Не дај боже некој да го препознае, како што ја препозна неговата биста во Велес, поставена во еден двор, па на некој да му текне да го урива. Веднаш ќе се отвори дебата за тоа дали бил урнат споменик на некој непознат војвода или некој имал нешто против делото на Тодор Александров. Тоа тешко и полицијата ќе може да го докаже.

Деновиве бев во Црна Гора и се сретнав со некои мои пријатели. Слушнале за спомениците и улиците во Скопје и ме прашаа дали знам како се вика копиле на црногорски. Откако им реков дека не знам, ми рекоа: „Ми то зовемо, пријатељу, дјете незнаног јунака“.

И додаваат нашега - на Балканот имаме идиоти. Ни недостига само Достоевски.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 2298 пати.

Испрати коментар



Никогаш не вели никогаш
Опасностите на предвидувањето
Кому иде



melbourne, 30.06.2012 00:46:49
Sekoja cest na vas,a i na semejstvoto Stefanovski.
Gjorgji, 30.06.2012 00:47:46
G-ne neoznat junak na kolumna vo Utrinski! Dali znaete deka vo vremeto na romanticnoto ziveenje vo realsocijalizmot, ulicata so najnarodnoto ime NARODEN FRONT, bese preimenuvana vo ul.Naum Naumovski Borce? Pa od toa nikoj ne napravi skandal i tragedija vo opsestvoto, a starite skopjani i do den - denes si ja vikaat Naroden Front, iako taa ulica so ova ime e na sosema druga lokacija vo gradot. Sto mislite, dali nekoj ne se poistovetuva so ova ime na ulica bidejki se rodil, ziveel i porasnal so imeto na ovaa ulica. Istoto se slucuva i so ulicata Elisie Popovski koja do den-denes starite skopjani si ja vikaat ulica Savska. I go smenile imeto, a svetecot do den-denes e svetec. Mozele i druga ulica da imenuvaat so Elisie Popovsaki, no ete, ja preimenuvale kultnata ulica za starite skopjani-Savska i nikomu nisto. I nikoj ne padavici zaradi toa. Aj, batalete vakvi kolumni, pisuvajte za nesto popametno, izliteni vi se fintive.
jovan, 30.06.2012 01:27:48
Za da se promeni ulica vo nekoja opstina, togas preku mesnata zaednica, ke se informiraat lugeto koj ziveat na taa ulica, ke se odrzi eden mal sostanok so istite, ke se doznaat stavovite na tie luge i ke se prenesat na povisoko nivo kade ke se resi sto i kako. Uste podobro bi bilo koga graganite od taa ulica sami bi se izjasnile (glasale) dali sakaat ili ne sakaat da im se promeni imeto na ulicata. Za pogolemite ulici,bulevari,plostadi... neka resavaat instituciite, no povtorno spored raspolozenieto na graganite. Ova kako sto se pravi sega, e cisto siluvanje, i zatoa po paganjeto na ovie, seto toa treba da se revidira i stavi vo red, a ne kako na koj mu teknalo da imenuva ulici, stava spomenici...
P.Petar, 30.06.2012 02:26:24
Bez komentari! Vo potpolnost se slozuvam so vaseto konkretno.precizno i jasno eksponiranje na problemot koj ne zasega site nas. Imam eden predlog do Vas profesore a toa e da vo bliska idnina objavite komentar dali ovaa vlada ima legitimno pravo da postavuva spomenici,i iminja na ulici koi predizvikuvaat kosmar,nemir i revolt kaj pogolemiot broj gragjani. Znaci site da razberat dali od pravna gledna tocka ova e vo red, bidejki od nacionalno -moralen aspekt ova e nasilstvo t.e akt na vladino siledzistvo!!
dobro utro :-), 30.06.2012 05:26:40
DA. Pozdrav :-)
Zvonko, 30.06.2012 05:33:21
Navistina sodrzajno.poucno i duhovito.Mnogu me interesira dali vo narednata kolumna ke napisete nesto i za sojuzot megju Branen i Ljubco,pa zaedno so Koleto da bidat inspiracija za nov romanTrojcata idioti od edna nepoznata zemja.
pameten, 30.06.2012 06:38:23
Груевски го уништува систематски идентитетот таков каков го знаевме од времето на комунистичкиот режим ... со неговите методи. Прашал ли ги некој Велешани дали сакаат да станат Титови? Дали преименувањето на најзначајната книга од време на Преродбата Бугарски народни песни на Миладиновци во Зборник ги направи песните помалку Бугарски? А ако песните или војводите биле Бугарски дали значи дека денешниот Македоски народ не им е наследник? Може ли со нови букви и зборови, или со бронзени статуи да се промени целата историја од Александар до Александров? Дали е во право Љубчо да го нарекува своjот народ фалсификатори кога народот бил бомбардиран со фалсификати без никој да го праша. Кога Македонија ќе го дочека лидер, кој ќе каже: Ние сме тоа што сме, историјата е таква каква што била. Додека ово не се случи ќе ни ги лепат видливи и невидливи налепници!
mile, 30.06.2012 06:45:02
Браво професоре, ако не друго во овие мрачни времиња, навистина слатко ме насмеавте........за жал Македонската сага продолжува.......... само прочитајте ги коментарите за спомениците и глупостите во Македонија од соседните земји и ќе видите дека станавме обично МАЈТАП државче......
лудебит, 30.06.2012 06:45:54
Бес коментар, одповеќе би бил, сигурно нешто би расипал.
ФЕЛИКС, 30.06.2012 06:51:11
Не е воопшто важно дали лавчето има расцепен опаш свртен налево или е истопорено на десно,важно (а со тоа сме на иста страна со авторот)да немаше воопшто потреба споменичување на контраверзна историска личност,плус непотребното продолжение на трошење пари на непродуктивности било на локалната било на централната власт.Тоа е она што иритира од една страна но од друга страна кај веселата Шатевско-благонадежна коалиција барем кај благонадежникот предизвикува верувам големо задоволство.Очекувам од него објаснување да лавчето на капата со расцепен опаш да ти бил по потекло од кај источниот сосед.Исто така верувам дека благонадежникот ќе ја разбије контраверзноста на блгарскиот војвода топтан сосе коњот и ќе ни ја пласира вистинската невистина за заслугите на коњаникот.За воља на вистината Шатевци од сите форми,од партиски до коментаторски треба да го поздрават војводата на коњ,оти не би требало да му го расипат меракот на новопечениот коалиционен партнер во трката за освојување на власта.
Stipjanec, 30.06.2012 08:37:28
So promenata na ulicite, ne e najstrasnata rabota sto ni se slucuva. So promena na vlasta, koga-togaj, istite mnogu lesno ke se prepravat, odnosno vratat so sto nema da se smeni identitetot na Skopje. Najstrasna rabota e sto ke se pravi so CIRKUSOT-narecen Spomenici. Sto ke se pravi so CIRKUSOT-novo componirana (anticka?) ili neznam kako da ja narecam, KIC arhitektura. Tie ke ostanat traen beleg na NOVO SKOPJE, se razbira karikaturalno, sto ke bide posmev na generaciite sto ke dojdat posle nas. Nekoj rekol: Sto Budala moze da napravi-sto Pametni nemozat da go ispravat!
Fenix, 30.06.2012 11:12:59
Maestralno i mnogu duhovito. Poentata e na Dostoevski i Maksim Gorki. Klasika si klasika, zasekogas.
Ha ha ha, gradonachalnik na magare!, 30.06.2012 11:52:43
Menjanje na iminjata na ulicite vo sklop na edna ideologija ne e problem, npr Mihajlov vo Aleksandrov ili Apostolski vo Gligorov, no koga ke se trgne od ednata da bi se stavil od drugata opcija i toa bez konsultacii so zitelite, e toa e vece problem. A ovde se ushte raboti za navistina problematichni lichnosti, poradi shto ne se imenuvaat, koi na zalost imaat svoi sledbenici vo segashnata vlast. Shto se odnesuva do Titov Veles, bi go podsetil pametniot deka toa beshe chest i ponos i borba koj grad da go nosi negovoto ime. Za razlika od idiotite na koi nishto ne im e sveto, blagodarnite i den denes se ponosat so toa ime i ima zoshto, bidejki toj e edinstveniot *makedonec* na koj mu uspealo da stvori makedonska nacija i drzava. I zatoa e naj GOLEM! A ne shto se nekoj borel. Pa i jas se borev na Tanushevci, ama drzavata otide vo *ramkovniot*. Rezultat, gospodo i samo rezultat kako fakt, a ne emocii, zelbi i slichni gluposti.
R N-B, 30.06.2012 17:36:54
*I toj sto saka da ni go smeni imeto e nas najgolem dushman*. taka e, samo sto nam ni bea menuvani iminjata od site koi ne okupirale, pa deneska na mnogumina ni go smenija pravopisot vo noite pasosh, so sto, ne se/ne ne prepoznavaat na granicnite premini! A novite iminja na ulicite ( i spomenicite)e cista pervrzija nekultra, nepocit kon narodot, ednostavno siluvanje kakosto pisuva JOVAN. Vistna iminja na ulici,*po politicka linija*se menuvale i porano ,ama toa ne bilo nasilnicki,290, tuku edna ovde ,edna onde. Vo normalna drzava,za toa se prasuvaat zitelite na ulicata! Duri i golemiot de Gol komu mu go dadoa *plostadot* vo Pariz ne bese prifaten pa ostana da se vika *Etol S. de Gol*. Se popravase edna mala ulica, ; dobiv pismo od opstinata so izvinuvanje deka nekolku dena ke imame teskotii vo dvizenjeto. Dodeka razbrav koja e ulicata, taa bese veke popravena Lugjeto se pobunija za EDNO odkornato drvo, poradi gradba na tranvaj.Planot na sinite go promenija,drvoto go vratija na mesto
viki, 30.06.2012 19:30:38
Г-дине Спасов, Сте ја напишале оваа колумна токму онака како што се чувствува мојата маленкост. Прав текст во право време. Но, се плашам дека само некои непознати и ситни риби како мене ќе прокоментираат на многуте вакви колумни колку да си го изразат својот бес и разочарување за она што го прави и ќе го прави актуелната власт. Да не борувам колку го нагрдија центарот на Скопје убедувајќи не дека треба да личи Скопје на Европска метропола како да ние не сме излегле надвор од државава па не знаеме како личи една метропола. Жалосно и трагично е тоа што истите сметаат дека се одлични во она што го прават во државата и за неа, лажејќи ги само неуките и оние нивни партиски војници. Секој паметен човек гледа и се чуди на нивните секојдневни планови, идеи, програми.
техничко прашање, 30.06.2012 19:43:54
Значи сега со промена на име на улицата треба да се сменат и сите лични документи на луѓето кои живеат на таа улица?? Бааги документи ...
dedo dimo, 01.07.2012 10:42:03
Ajde more napishete neshto dobro a ne samo negativno .Koga vo zemjata se misli negativno -zemjata ne mozi napred da odi, mislete pozitivno ine se plashete .Bidete srekni toa shto go imata denes a toa e SLOBODA inaku mozda ponovo ke bidite robovi pod Bugarite Srbite ili Grcite .Komshiite site ve sakaat da bidite nivni ROBOVI a ne slobodni MAKEDONCI.
do komentatorite, 01.07.2012 15:46:16
Nasiot zapaden sosed vo 1908 g.dobi novi bukvi.Nie Makedoncite gi imame ovie zborovi koi sme gi imale i mnogu odamna i sme gi imale sekogas.Nie Makedoncite gi isfrlivme ruskite bukvi,a vo nasata istocna sosedna drzava ruskite bukvi si gi zadrzaa,no tie sekogas imale razlicen jazik.Tito ne go stvoril makedonskiot narod,samo mu gi dade pravata koi site okupatori prethodno niz istorijata ne mu gi davale pravata i koi go zabranuvale makedonskiot jazik.Tito samo ja priznal realnosta i gi priznal Makedoncite.Nie Makedoncite samite gi proteravme okupatorite od Makedonija bez nicija pomos od nadvor.
LKM, 01.07.2012 15:55:45
ODLICEN napis i relevantna analiza.A so komentarot na citatelot koj veli deka cest i gordost bese gradovite da go nosat Titovoto ime potpolno se slozuvam. NO retki se politicari so Titoviot intelektualen kapacitet, hrabrost, upornost i pragmaticnost . Blagodarejki na Titovata makedonstina moite roditeli i nivnite roditeli kao i jas mozevme konecno da zboruvame na nas jazik , da gi koristime nasite makedonski iminja i preziminja bez strav, da se skolucvame besplatno na MOJ MAKEDONSKI jazik. Slabosti vo Titoviot sistem imase sekako i toa mnogu, , no ona sto bese pozitivno ne moze da se porekne

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 24°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Нашата кинематографија ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели Владимир Блажевски, режисер и сценарист...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македониј�� има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |