Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
29.06.2012, 18:49

Едиторијал

Никогаш не вели никогаш

Александра М. Митевска

Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски се помирија и ги пуштија низ вода сите несогласувања кои обележаа една ера од македонскиот плурализам, а нив ги профилираа како два екстрема на политичката сцена. Годинешново јунско сонце ги стопи старите анимозитети, а разликите што се' уште постојат ги замрзнаа - за да ги зачуваат за полемика во некои подобри времиња.

Во оваа пригода, тие им се посветија на точките што ги зближуваат и на заедничкиот политички противник, Никола Груевски. И, веројатно, пресметаа дека полесно ќе го издржат анатемисувањето од сегашните политички противници, на сметка на нивното некогашно ривалство, отколку опасноста и на следните избори да се расцепкаат опозициските гласови, во прилог на актуелната владејачка гарнитура.

Средбата меѓу двајцата поранешни премиери како настан, навистина, е пикантна за домашната политичка јавност која секогаш е жедна за сензации. Но, таа не е до толку неочекувана, особено за приврзаниците на реализмот и прагмата во политиката. Макијавелистичкиот принцип дека целта ги оправдува средствата од поодамна функционира и на македонската политичка сцена, на која згаснувале и други непријателства, како што и многу пријателства се трансформирале во ривалство, топејќи ги и најтврдокорните идеолошко-политички разлики.

Црвенковски, кој беше прикажуван како еден од носителите на реформираната комунистичка идеја, и Георгиевски, кој покрај долгата коса носеше и хипотека на закоравен националист, мошне млади влегоа во бурните политички води и обележаа, исто така, едно бурно време за државата. Во тие моменти, нивните несогласувања ги мобилизираа гласачите и може да се каже дека беа речиси исто толку прагматични колку што се сега и нивните обиди да изградат сојузништво. Неколку крупни предизвици од првата декада на независноста (како што се, на пример, формирањето на широката коалиција во 2001 и донесувањето на Рамковниот договор), всушност, покажуваат дека нивните ставови не биле до тој степен непомирли��и за тие да не можат да седнат на иста маса.

Во три изборни циклуси, сегашните лидери на СДСМ и на ВМРО-НП беа директни конкуренти за премиерската функција. Во 1994 година Георгиевски ги бојкотираше парламентарните избори и четири години го остави парламентот без „вистинска“ опозиција. Потоа, во 1998 година, тој влезе во коалиција со ДА на Васил Тупурковски и му ја презеде власта на Црвенковски. Лидерот на СДСМ возврати на изборите во 2002, по што Георгиевски презеде одговорност за изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ и замина од партиското кормило, препуштајќи му ја лидерската позиција на Груевски, неговиот сегашен најголем политички противник... Токму ваквиот развој на настаните, во период од една деценија, јасно покажува колку е тенка линијата меѓу соработката и ривалството во политичката арена.

За разлика отпорано, овој пат меѓу Црвенковски и Георгиевски повеќе не се испречува амбицијата тие лично да стигнат до тронот на „Илинденска“. Затоа нивното помирување може да се доживее како големо изненадување, но тоа, во никој случај, не е преседан во историјатот на македонскиот плурализам. Во изминатите дваесетина години, домашната политичка сцена бележи повеќе случаи на коалиции и на промени на политичките партнери, кои од старт биле оценувани како непринципиелни, а потоа имале долг век на траење. Доволно е да се потсетиме што и' претходеше и како се роди сегашната коалиција на власт или на добрите релациите во минатото на ВМРО-ДПМНЕ со ДПА, а на СДСМ со ДУИ!


Статијата е прочитана 1018 пати.

Испрати коментар



Улицата на непознатиот војвода на коњ
Опасностите на предвидувањето
Кому иде



jovan, 30.06.2012 01:10:43
Neznam sto tolku se fativme za toa dali koalicijata Branko-Ljubco e prirodna ili ne, pa debatirame so primeri ZA ili Protiv. Mnogu mnogu pobitno e da vidime i prokomentirame sto moze taa koalicija da donese, promeni, podobri... Dali i sto bi smenile, sto nudat, kako mislat da ja podobrat situacijata i stetite, koj se veke napraveni so ovie, i koj veke se potesko i potesko mozat da se ispravat. Da vidime sto odgovori ke dadat po odredeni problemi koj gi generira segasnava Vlast. Toa e glavnata tema za koja treba da ne interesira ovaa koalicija. Resile da se zdruzat, i toa e nivno pravo, a i nema nisto loso vo toa. So obzir na toa sto do sega nikoj drug asolno ne se nafati da im bide opozicija na ovie, togas ostanuva ovie dvajca da vidime sto nudat. Ako nudat podobri varijanti, togas da gi podrzime, ako nudat edno isto, ili nisto, togas da gi ostavime neka si igraat partizani-germanci so VMRO zaedno. Toa i onaka za naselenieto ke znaci se isto kako i do sega.
D.V., 30.06.2012 18:07:47
Nasava drzavicka,ne sto poslednive godini nema nikakov napredok,osven vo kradenje i lazenje tuku odi vo rikverc; mnogu ponazad odosto bevme po osamostojuvanjeto, vo godinite na nadezta! Iako sme daleku pod dnoto, sé pak dobro e da se pokusa nesto da se napravi za da ni *trgne*, belkim na podobro.Ideja za obedinuvanje na opozicijata, bilo so kogo da e,e za pofalba ako e Opozicija!! Nash dolg, e da ja podrzme.Nema da i bide lesno da zastane na noze i da ne opravi, po ovoj 6 godisen uragan sto ne zafati. Barem neka ni dadat nekoja programa, nadzez za koja ke se zakacime za da preziveeme,iako kako Cercil nekogas,vo eden period, ke mozat da ni ponudat *samo solzi.*koi barem nema da bidat tolku krupni kako denesnive i barem BEZ STRAV da mozeme da placeme i da sme sigurni deka ke nema da bude polosho od deneska.Im posakuvam uspeh na zdruzenata opozicja, bez sto vo edno opstestvo,ne moze da ima napredok!
emili, 01.07.2012 07:32:45
„Политичкиот трилер помеѓу двата лика од темната страна на поновата македонска историја-Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, деновиве разбираме дека всушност било само една голема љубовна драма. Забранета љубов на која што и требала време да излезе на површина.Тие 20 години се карале зошто се сакале и се воодушевувале еден на друг Всушност Љубчо цел живот сакал да биде Бранко, а Бранко да биде Љубчо. Таа љубов не може да се сокрие. Критиката на едниот спрема другиот, дека едниот е наркоман, дека е алкохоличар и недомаќин било само критика поради недостижна љубов. И критиката на првиот спрема вториот дека е за во ментална институција, дека е фантазер и бугарофил е исто така поради недостаток на љубов. Се мрази она што не може да се сака. Се до моментот додека не се засака, а тој момент конечно дојде. им посакуваме многу среќа во љубовта. Иднината е секогаш неизвесна, но едно е сигурно- и Љубчо и Бранко ќе си заминат заедно-, осамени и поразени, но барем во љубов еден спрема друг.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 24°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Нашата кинематографија ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели Владимир Блажевски, режисер и сценарист...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |