29.06.2012, 15:25 Се шири пожарот на Кајмакчалан
Пожарот што избувна во Мариово на планината Кајмакчалан е проширен, но приземјен и нема пламени јазици.
Ова за Тера Телевизија го изјавија од Дирекцијата за заштита и спасување од Битола.
Нивната екипа, заедно со противпожарната единици и работници на Македонски шуми се на терен. Денеска чекаат и екипи од дирекцијата во Скопје за да направат проценка за евентуална воздушна интервенција, за што пак постои реална опасност при експлозии на воени материјали од минатите војни, да дојде до поголема катастрофа.
Денеска во мариовско се градоначалниците на Битола и Новаци.
|