Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.06.2012, 14:21
Најлоша туристичка година за Грција



Грчките туристички работници очекуваат пад на приходите од околу 870 милиони до 1,16 милијарди евра

Атина - Грчките туристички работници се загрижени дека 2012 ќе биде една од најлошите туристички години за Грција. Една од главните гранки на грчката економија се очекува годинава да забележи пад од 15 до 20 отсто на профитот на хотелите во Грција, што значи пад на приходите од околу 870 милиони до 1,16 милијарди евра за грчките туристички работници. На ова предупреди првиот човек на Комората на хотелиери на Грција, Јоргос Цакирис, на презентацијата на истражувањето за туристичките трендови годинава за Грција. Според резултатите на Институтот за туристичко истражување и предвидување бројот на резервации во хотелите ќе се намали за околу 10 отсто, а цените на собите 8 до 9 отсто.

Политичката нестабилност и годинава се смета за клучен проблем за намалениот број на туристи во Грција. Случајно или не, првиот ден по изборите 18 јуни, според податоците на Комората на хотелиери на Грција, се смета за ден кога бил забележан рекордно најголем број на резервации за одмори во Грција. Ден по изборите имало зголемување од 27 отсто на резервациите во споредба со 2011 година. Најголем број резервации во Грција по изборите се забележани на Крф, Санторини, Крит и Миконос. Меѓутоа, и покрај подобрувањето на резултатите по изборите, сепак се очекува годинава да биде негативна за туристичките работници. Во првите три месеци на 2012 бил забележан пад на резервациите во хотелите од 25 отсто. Истражувањата на туристичките комори покажале дека цените во хотелите со 4 и 5 ѕвезди се намалени за 15 отсто, додека пак во поевтините за 23 отсто во споредба со минатата година. Веќе се забележува голем удар на туризмот поради опаднатиот интерес на туристи од Германија и Холандија, кои се традиционални летувачи во Грција. Се проценува дека работите нема да бидат нималку лесни за хотелите кои работат претежно со домашни туристи затоа што е забележан голем пад на нивниот број поради проблемите со кои се соочуваат од финансиската криза. Според досегашните процени, резервациите за летниот период од јуни до септември се опаднати за 32 отсто токму поради падот на домашните туристи. Со големи проблеми се соочува Атина поради намалениот број на туристички и бизнис-посети. Во Атина годинава биле затворени 25 хотели, а со тоа на улица останале 3.500- 4.000 вработени. (М.П.)

Статијата е прочитана 1590 пати.

Испрати коментар



Поранешен руски полицаец силувал и убил 23 жени
Силен земјотрес ја погоди Кина, 17 лица повредени
Германскиот парламент го одобри фискалниот пакт
Селмани - Декриминализацијата на клеветата ќе донесе поголема слобода
Црна Гора ги започна преговорите за членство во ЕУ
„Хеленик петролеум“ тврди дека има нафтени резерви
Се шири пожарот на Кајмакчалан
Завршува кампањата за плаќање на долговите за струја
Иванов - Сите членки на ЕУ се одговорни за Македонија
Џулијан Асанж нема да им се предаде на британските власти
Евангелос Мимаракис избран за спикер на грчкиот Парламент
Европскиот совет ги потврди преговорите за Црна Гора
Баросо - Членките на еврозоната посветени на иднината на еврото
Ставрески - Компаниите што поскоро да ги искористат 111-те милиони евра
Попоски - Немаме територијални претензии кон соседите
Иванов - Македонија има за цел да биде ставена на мапата на енергетски коридори
Пронајдено телото на момчето кое се удави во Мавровско Езеро
Прва жртва во пожарите во Колорадо
Средба на организациите на архитекти од Југоисточна Европа и Азија
Сончево со умерена облачност
Почнува ноќното обележување на градските улици
Покренато обвинение за „Детонатор"
Петнаесетгодишник изчезнал во Мавровско Езеро
Груевски - Спасот на еврото е централна тема во Брисел
Бистра Ангеловска - нов претседател на Фармацевтската комора
МПЦ се засили со двајца епископи
Мајка Тереза ќе го надвиши Александар
(ФОТО) Средба за помирување меѓу Црвенковски и Георгиевски
Самоубиство од Акропол
Почна исплатата на субвенциите за тутунарите
Тројца велешани демонтирале 746 метри шини
Жена се самозапали во Арачиново
Азербејџан заинтересиран за инвестирање во Македонија
Дачиќ нов мандатар на српската влада
Тројца повредени во пад на воен хеликоптер во БиХ
Напад врз полициски пункт кај Бујановац
Шешељ доби уште две години затвор за непочитување на судот
ЕК се произнесе за налепниците БЈРМ
Монти - На ЕУ и се заканува сиромаштија
„Њуз корпорејшн“ ќе се подели во две компании
Немири во Стокхолм, демолирани полициски возила
Премиерот Груевски на Самитот на Европската народна партија во Брисел
Пан-европска конференција за зелениот појас
Папуљас со писмо од Самарас на самитот на ЕУ во Брисел
Анан со повик за влада на национално единство во Сирија
Cончево и малку потопло
Груевски - Македонија има најниски трошоци за водење бизнис во Европа
Грција бара да престанат нападите од македонските политичари
Нови 54 лека без доплата
ФБИ откри уште двајца хакери од Македонија
Јанкулоска
(ФОТО) Прв пат во Македонија 40 бренда во „Скопје сити мол“
Горан Бошевски - в.д претседател на Кривичен суд
Пад на индустриското производст��о за 5,4 отсто
Употребата на синтетички дроги го надмина користењето на хероин и кокаин
Бесплатни прегледи за дијабетичари во Систина Офталмологија
„Национал“ заминува во стечај
Листа на најпродавани автомобили во светот
Презентирани можностите за инвестирање на Македонија во Будимпешта
Почна уривањето на објектот „Ив-Ире“ во Трпејца
Карл Билд побара почеток на преговори за Македонија
Тројца турски војници загинаа во напад на ПКК
Баросо повика на солидарност кон Грција
Асад - Сирија е во состојба на војна



Biljana, 28.06.2012 15:17:08
Mnogu ubava vest.
bojan, 28.06.2012 21:55:33
Малку ви е

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |