28.06.2012, 09:24 Немири во Стокхолм, демолирани полициски возила
Улични немири во кои учествуваа стотина лица избувнаа ноќеска во стокхолмското предградие Тенста, јави дописникот на МИА од Шведска.
Немирите започнаа околу полноќ, кога еден чувар бил нападнат од група маскирани лица со ножови. На полициските патроли кои интервенирале на местото на настанот се фрлани камења, при што се демолирани три полициски возила.
- Бевме таму со 18 патроли. Тоа што се случи беше како герилска војна, вели полицискиот командир Стефан Норденмарак.
Според шведските медиуми наспроти силната полициска интервенција никој не е уапсен.
Во рамките на истрагата полицијата ќе ги испитува и снимките направени со видео камери за набљудување.
|