28.06.2012, 09:12 Пан-европска конференција за зелениот појас
Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми ќе ја отвори шестата Пан-европска конференција за зелениот појас што од денеска до сабота се одржува во Маврово.
Конференцијата ја организираат германските Еуро Натура и Пријатели на природата, како и Македонско еколошко друштво, со финансиска поддршка на германската Федерална агенција за заштита на природата како дел од Министерството за животна средина, заштита на природа и нуклеарна безбедност на Германија.
Работата на Конференцијата ќе се одвива според дефинирана програма, вклучувајќи презентација на различните искуства преку изложбен и работен дел, како и запознавање на учесниците со убавините на Македонија, дел од Европскиот зелен појас. |