29.06.2012, 15:18 Првите два пика на драфтот од Кентаки
Њу Орлеанс очекувано го избра првиот пик Ентони Дејвис (19), кој може да игра на позициите четири и пет, а Шарлот се реши за вториот пик Мајкл Кид-Гилкрист
Овогодишниот НБА-драфт помина во знакот на Универзитетот Кентаки како прв чиј двајца кошаркари беа избрани како први два пика. Њу Орлеанс очекувано го избра првиот пик Ентони Дејвис (19), кој може да игра на позициите четири и пет, а Шарлот се реши за вториот пик Мајкл Кид-Гилкрист. Но, останува неизвесно дали крилото воопшто ќе го облече дресот на бобкетси, бидејќи веќе има пет понуди за евентуална трампа.
Вашингтон како трет пик го одбра Бредли Бил од Флорида, а Кливленд го доби Дион Веитерс од Сиракјуз. Најдобриот плејмејкер на овој драфт, Демјан Лилард од Вебер стејт заврши во Портланд како шести пик, а Голден стејт се реши за Харисон Барнс од Северна Каролина.
Торонто го зеде осмиот пик Теренс Рос, а Детроит како деветти пик го избра Андре Драмонд од Конектикат.
Првите десет на „НБА-драфт 2012“ ги заокружи Остин Риверс, синот на тренерот на Бостон, Док Риверс, кој од следната сезона ќе настапува во Њу Орлеанс.
|