23.06.2012, 16:57 Иницијативниот одбор постигна договор со ФФМ околу одржување на Собранието
На прес-конференцијата Стојанче Златановски и Иван Путилин истакнаа дека е добиено ветување од Хаџи-Ристески, дека нема повторно да се кандидира за претседател на ФФМ
По одлуките донесени на вчерашната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија во Прилеп, денеска Иницијативниот одбор за промени во ФФМ место планираното Вонредно собрание во хотелот „Александар Палас“ во Скопје одржа прес-конференција на која беше соопштено дека се согласуваат со условите за одржување на Вонредно изборно собрание и дека постигнале договор за одржување на собрание.
На прес-конференцијата Стојанче Златановски и Иван Путилин, истакнаа дека е добиено ветување од претседателот Харалампие Хаџи-Ристески, дека нема повторно да се кандидира за претседател на ФФМ.
- Дојдовме до договор со ФФМ и барањата што ги имавме ние ФФМ ни ги исполни - да се свика Изборно собрание на 29 јули, сите членови на Управниот одбор на ФФМ да поднесат оставки, а претседателот и потпретседателот да останат до собранието и технички да ја водат федерацијата, и да се формира комисија која ќе ја води процедурата до Изборното собрание. Имаме забелешка за местото на одржување, ние бараме да биде во Скопје, а во одлуката е Охрид, но од понеделник формираната комисија и тоа ќе го надмине – истакна Стојанче Златановски, еден од иницијаторите.
На почетокот на денешната прес-конференција ицијаторите истакнаа дека на ваков чекор се решиле и не го одржаа најавеното Собрание бидејќи биле можни реакции и казни од УЕФА и од ФИФА.
|