Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
26.06.2012, 15:24
(ЕП ВЕСТИ) Две години суспензија за Самир Насри?



Причина за тоа се недоличните зборови што фудбалерот ги упати кон новинарите по поразот од Шпанија во четвртфиналниот дуел на ЕП

Играчот од средниот ред на француската репрезентација Самир Насри би можел да направи голема пауза во националниот дрес бидејќи на играчот на Манчестер Сити му се заканува драконска казна од две години неиграње за „галските петли“. Причина за тоа се недоличните зборови што фудбалерот ги упати кон новинарите по поразот од Шпанија во четвртфиналниот дуел на ЕП.

Насри од почетокот на првенството со своето однесување го привлече вниманието кон себе, а се' почна кога го стави прстот преку уста по постигнатиот погодок во првиот натпревар со Англија, со цел да ги замолчи критичарите на неговата игра.

Кол и Јанг цел на расизам

Двајцата англиски трагичари Ешли Кол и Ешли Јанг беа цел на расистички напади на социјалната мрежа „Твитер“, откако обајцата не успеаја да ја затресат мрежата на Џанлуиџи Буфон во пенал-серијата по мечот Англија - Италија во четврт-финалето на Европското првенство. Натпреварот беше следен на телевизија од 25 милиони гледачи во Велика Британија, а лондонската полиција смета дека расистичките навреди доаѓаат од „Твитер“ со база стационирана во Лондон.

Германците казнети поради неонацизам

Германската фудбалска федерација е казнета втор пат на ЕП од страна на УЕФА, овој пат со парична глоба од 25.000 евра поради недоличното навивање на германските навивачи за време на натпреварот со Данска, кој „панцирите“ го добија со 2:1. Германските фанови во овој дуел запалија факели и фрлаа петарди, а се појавија и со транспаренти со неонацистичка содржина, и покрај предупредувањата и кампањата на УЕФА против расизмот пред почетокот на ЕП.

Кјелини се врати на тренинзите

Италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини се врати на тренинзите по повредата што играчот на Јувентус ја доби на мечот со Република Ирска. Централниот одбранбен играч би можел да биде подготвен за полуфиналниот дуел со Германија. Тој го пропушти четвртфиналниот меч со Англија, а со неговото враќање во тимот се зголемија опциите во изборот на Прандели за последната линија ако се земе предвид неиграњето на Маџо поради суспензија, а под знак прашалник е ставен и настапот на Игнацио Абате и на Даниеле де Роси поради повреди.

Фурсенко поднесе оставка од РФУ

Првиот човек на Руската фудбалска федерација, Сергеј Фурсенко, поднесе оставка од функцијата по неуспехот на репрезентацијата да ја помине фазата по групи на ЕП. Русија во групата А заврши на третото место, откако во последното коло беше совладана од Грц��ја со 1:0.

Фурсенко, во друштво на рускиот претседател Владимир Путин, се извини за неуспехот на руската репрезентација.

„Би сакал да им се извинам на сите руски фанови за ваквиот резултат. Знам дека ова е голем удар за руските граѓани“, му соопштил Фурсенко на Путин.

Фурсенко (58) за претседател на РФУ беше избран во февруари 2010 година, откако претходно си замина од функцијата прв човек на Зенит од Санкт Петербург.

Срби го хакирале сајтот на ХНС

Српски хакери успеале да влезат на веб-страницата на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) и да го стават српското знаме. Покрај него, напишале порака, а постирале и видеоклип од натпреварот меѓу Хајдук и Зенит. На видеото се слушаат песните и пораките од гостинските навивачи, при што се слушаат и извици од типот „убиј ги усташите“.








Статијата е прочитана 1130 пати.

Испрати коментар



(ЕП ВЕСТИ) Оставка на холандскиот селектор В��н Марвајк
Лондон „печен“ за трка во Формула 1
(ЕП 2012) Германија - Италија, судир на две големи фудбалски династии
Македонските кошаркари поразени од Порторико
Шпанија прв финалист на ЕП 2012
Милошевиќ нов тренер на Силекс
„Фед-екс“ не запира на Вимблдон
Лери Бирд се повлече од Индијана
(ЕП ВЕСТИ) Балотели како Кинг Конг
Алонсо блиску до рекордот на Шумахер
(ЕП 2012) Ибериски двобој за финалето
МЗТ Скопје станува акционерско друштво
Крај уште на почетокот за Бердих
Шевченко избира меѓу пензија и САД
Шундовски ја презеде Констанца
Дрогба доаѓа во Барселона?!
(ЕП 2012) Илиевски - Најдобрите се во полуфиналето
Илчо Ѓорѓиевски најсериозен кандидат за претседател на ФФМ
Серафимоски нов претседател на АФМ
Ѓоковиќ лесно со Фереро, Венус во аут
Почина 23-годишен поранешен член на Ливерпул и Бетис
Поволна ждрепка за нашите претставници во Лига Европа
Вардар го доби БАТЕ Борисов во квалификациите за ЛШ
Кошаркарите успешни на вториот тест во САД
Гетлин побрз од Геј на 100 м
Вимблдон шлаг на сезоната
(ЕП 2012) Пеналите кобни за Англија
Алонсо ја разби низата со различни победници
(ЕП 2012) Борбеноста против тактиката
(ЕП 2012) Французите немаа клуч за шпанската тика-така
Македонија домаќин на ЕП за ракометарки до 17 години
Иницијативниот одбор постигна договор со ФФМ околу одржување на Собранието
Германската и грчката амбасадорка заедно гледаа фудбал
(ЕП 2012) Грчкиот бункер распарчен, Германија во полуфинале
Ракометарките добија тешка група на ЕП 2012
Управниот Одбор на ФФМ поднесе оставка
Мајами со шампионски прстен!
(ЕП 2012) Германија ќе им наплаќа на Грците во Гдањск

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |