Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
26.06.2012, 17:09

Нова бронза го покри Скопје за еден ден

Речиси истовремено дојаваа два петметарски коњаника, стаса споменикот на основачите на ВМРО, а се формираа и две нови градилишта

Деспина Трајковска
Бојан Шашевски


Без никаква најава вчера изутрината во Скопје имаше инвазија од нови споменици, дел од „Скопје 2014“. Речиси истовремено дојаваа два бронзени петметарски коњаника, стасаа и делови од групното споменично здание посветено на основачите на ВМРО што ќе се постави во паркот „Жена-борец“, почна да се оградува простор наменет за споменик спроти „Мекдоналдс“ во центарот на градот, а се оградуваше и кај Портата „Македонија“ во непосредна близина на споменикот на Крсте Петков Мисирков, донација на Велија Рамковски.

Прв ја дочека светлината на денот исправен на постамент кај Чешма коњаникот на Тодор Александров, кој официјално, според општинарите од Кисела Вода, е „Македонски војвода качен на коњ“. Практично, со него „Скопје 2014“ се прошири и во оваа скопска општина.

Вчера се подготвуваше на коњ да се исправи и Димитар Поп Георгиев- Беровски за кого е резервиран простор на плоштадот во близина на новата зграда на кејот. Во паркот „Жена-борец“, пак, беа донесени делови од споменикот посветен на основачите на ВМРО. Неофицијално, во паркот почна да се подготвува и терен за споменикот на Пјетар Богдани, еден од предвидените тројца албански дејци кои ќе партиципираат во „Скопје 2014“. Истовремено, екипи работеа на оформување на градилиште кај некогашен „Ловец“ каде што треба да се постави споменик на Христо Узунов.

Иако, како никогаш досега, денот почна ударнички во интерес на „Скопје 2014“, од Општина Центар која практично е реализатор на делот од проектот кој се ��днесува на спомениците, официјално не кажаа ни збор за активностите на терен. „Детални информации ќе дадеме во наредните денови“, информираше накусо портпаролот Јовица Ацковски.

Од Кисела Вода, пак, која доби обврска за споменикот на Тодор Александров информираа дека коњаникот е висок пет метри, а постаментот 3,5 метри и на него ќе се постават четири релјефи од бронза со вкупна површина од 8,4 квадрати. Мермерниот постамент го градела скопската фирма „Нела Ар“, додека бронзената скулптура е излеана во српската леарница „Јеремиќ“. Општинарите од својот буџет за оваа намена издвоиле 4,5 милиони денари, а како финансиер се јавува и Министерството за култура, кое за споменикот учествувало со 21 милион денари. Така, за кусо време на контроверзниот Александров не само што власта му оддаде почит со улица и мост, туку му изгради и споменик.

Инаку, за спомениците на чија монтажа се работеше вчера, потрошени се вкупно речиси 2 милиона евра и тоа само за леење. Најскап од нив е споменикот посветен на основачите на ВМРО, групно с��оменично здание од шест личности. Нешто повеќе од 400.000 евра се потрошени за леење на Тодор Александров. Српските мајстори од „Јеремиќ“ го излеале и беровскиот војвода за околу 130.000 евра, додека за Христо Узунов, кој допрва ќе се лее, а веќе се подготвува изградба на постаментот, Општина Центар ќе плати околу 115.000 евра. Овој споменик ќе биде прво излеано дело на извесна скопска леарница „Панко“. Автор на зданието на Александров е Миле Брцески, потписник на споменикот на Беровски е вајарот Гоце Наневски.

Се' уште нема официјални информации дали и Узунов ќе биде качен на коњ. Основачите на ВМРО ќе се наоѓаат во исправена положба качени на постамент, а спомениците на Димитар Поп Георгиев-Беровски и Тодор Александров ќе достигнат висина до речиси осум метри.

СДСМ

Расипничкото трошење доби сериозна димензија


Опозиционерите од СДСМ од пред новиот бронзен коњаник вчера ја обвинија власта дека свесно ги омаловажува хероите од антифашистичката борба, а во исто време на пиедестал го става најголемиот противник на македонската кауза.

„Овој споменик наречен ’Непознат војвода на коњ’, всушност, треба да го преставува Тодор Александров. Расипничкото трошење на народните пари добива друга, многу сериозна димензија. Власта продолжува да се обидува да ја редефинира македонската историја и тоа сега го прави и во нашата општина Кисела Вода. Градоначалникот Марјан Ѓорчев заедно со Владата за овој споменик потроши преку 350.000 евра. Со кое право Ѓорчев без да ги праша граѓаните ја поставува оваа контроверзна личност да биде симбол на Општина Кисела Вода?“, праша вчера претседателката на ОО на СДСМ од Кисела Вода, Тања Томиќ, нагласувајќи дека тоа што споменикот е поставен тајно во 7 часот наутро нема да го намали револтот на жителите на Кисела Вода. (Б.Ш.)

ВМРО-ДПМНЕ

Oпозицијата има проблем со македонската гордост


ВМРО-ДПМНЕ му врати на опозицискиот СДСМ дека има проблем со македонската гордост и самобитност.

„Сите споменици кои се поставуваат во Скопје се поставуваат на јавен и транспарентен начин со работен наслов на имињата кои ги носат. Зачудени сме од тоа што СДСМ има проблем со македонската гордост, со македонската националност, со македонската борба за слобода“, рече вчера портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на владејачката партија околу тврдењето на СДСМ дека поставиле споменик на Тодор Александров.

Бичиклиски ја обвини опозицијата дека се противи на одбележувањето на хероите од древното минато на Македонија, од илинденскиот период, од периодот на НОБ и АСНОМ.

„Кога и да станува збор за одбележување на македонската самобитност СДСМ, очигледно, има страв и гнев. Зошто е тоа така, само тие можат да одговорат“, смета портпаролот на владејачката партија. (Б.Ш.)

 


Статијата е прочитана 5023 пати.

Испрати коментар






pameten, 27.06.2012 00:15:24
Има две можности. Или сите кои се прогласувале за Бугари од преродбениците преку Александров до Љубчо Георгиевски да биле предавници, изроди, проводници на странски интереси итн. Но зошто меѓу Македонците да има толку предавници? И зошто тие се обjавиле токму за Бугари? Бугарите биле најсиромашни и последни добиле свои црква и држава. Втората можност е луѓето да се прогласувале за Бугари бидејќи мнозинството било отсекогаш бугарско, а појавата на идеите за посебен Македонски ��дентитет да почнале како очајни интелектуални обиди предвид неможноста да се постигне Бугарска Македонија, кои што потоа биле прифатени од комунистите. Зарем не е јасно, дека првата теорија денес го поделува Македонскиот народ, а со втората ако jа прифатиме, сите спорови ќе се решат прекуноќ. Македонкиот идентитет нема да се обезличи, току ќе се зацврсти!
Itar Pejo, 27.06.2012 00:34:21
Voin na konj, vojvoda na konj ... Nema da me zacudi deka naskoro ce se pojavi Predsedatel na VMRO na konj, gradonacalnik na Skopje na konj, gradonacalnik na Kisala Voda na konj, portparol na DPMNE na konj. Mozda i predsedatel na republika na konj. Pa osudenik vo Hag na konj. Makedonska gordost.
gostivar, 27.06.2012 00:41:24
sekoj den ni doagat konji, celi famili, muski, bikovi, cistaci na konduri pa duri fraer i fraerica, neli ova e sramotno, koga na druga strana ima 35 % nevrabotenost, i ima luge sto nemat leb daj jadat sramno...
Alter, 27.06.2012 04:33:44
Da se postavi i bista na nepoznat makedonski kosmonaut. Em nema da ni se ljutat amerikancite i rusite, moze i na konj da e, za da ne otskoknuva mnogu od okolinata.
Tina, 27.06.2012 07:03:57
Mnogu sam razocarana so losi statui i vojvodi na konj, i so nekoji, se krije Makedonski indentitet, kao da se sramime koji sme, i koja istorija ni pripaga na nas. Ne me e briga za Bugari i Grci i koj si drugi. Nijnite zemji neka si pravat sto sakat. Sepak koga ke imame statui kon koji ne moze da se dojde do nih i da si zemish edna fotografija na konjot, ili do nekoji si heroji i grupa ljuge, ne e interesno za turizam. Neli? Jas sakam da vgajam na konj zaedno so Aleksandar, i da stanem do tie ljuge koji imat istorijsko znamenito pocituvanje od graganite na Makedonija. Koga, drzavata gi ima prasano Makedoncite, koji ljuge tie sakat da gi ovekovechat? Ne e se politika. Statua na selanec kako kopa, ili so motika na rame a i Magare zad nego, natovareno so prchki, i taka na tamo, e ubav znamenitost na zivotot. Ej, nie sme artisticki nakloneti od antikata. Ajde malce nesto humano, artisticko.
OLIVER, 27.06.2012 07:38:34
Znaci sekogas Bicikliski i kompanija se krijat za Makedonskata gordost, Makedonskata istorija , Makedonskata borba za sloboda . Neka vi bide JASNO, deka nikoj makedonec ne e protiv toa, dali bil toj od SDSM ili bil od ne znam kade. Gospodine Bicikliski, PROBLEMOT e vo toa sto potrosivte milionski sumi na evra, pari od budjetot, pari na gragjanite na R. Makedonija. Rim i Pariz pravele spomenici i kultura niz VEKOVITE a Vie sakate preku nok da glumite gospodarstvo i prefinetost. Ne se pravi toa taka. Golemi sumi na tie pari, preku samite spomenici, zavrsija vo privatni dzebovi na politicarite. Sram da vi e. Tokmu preku nacionalizmot i vrakanje vo istorijata sakate da go trgnete vnimanieto na obicniot covek od sekojdnevnite problemi. Lugjeto nemaat rabota, energetskiot sistem ke kolabrira, strujata i parnoto se zgolemuvaat, benzinite, potrosuvackata kosnica.....Totalno NEODGOVORNO ODNESUVANJE NA VLADATA.
Богомил(ец), 27.06.2012 07:48:42
Ако ставовите на Бичиклиски се некакво мерило за националните историски и културни вредности, тогаш подобро е и да ги немаме. Со каква бруталност со каков цинизам тој човек се појавува на екраните за да објасни нешто што е далеку од неговиот, очигледно скуден интелект. Во устата како да има шаржер од кој се исфрлаат, место аргументи, памфлети, закани, иронизирања, навреди. Во секој случај, дегутантен телал, недораснат ни до копитата на коњите од владината споменична ергела.
jaco, 27.06.2012 08:15:20
rabotava na celo zabega ovie nemaat pamet ni najmalku vo ovaa siromastija da ni postavuvaat spomenici sekoj den a uste kolku ke postavat pitanje e dali znae i gruevski .Ova ludilo nema kraj .Dali ovie zabegani imaat namera da napravat nekoj pat da ja namalat siromastijata da otvorat novi rabotni mesta .Da sum malku pomlad ne cekam ni eden den zaminuvam od ovaa diktatorska severno korejska zemja ovde zivot ima samo za bliskite do vmro ama mnogu bliskite a za obicnite vmrovci samo da go ndvikuvaat sdsm- zalna ni Makedonija
goce viena, 27.06.2012 08:47:04
Дајте веќе еднаш престанете како деца да се однесувате само плачите,само плукате,се ви смета,кај ви е културата.Плоштадот бил порано поубав него сега,изграденото било силување на Скопје,во старите автобуси се чуствувавте подобро него сега во новите,ви сметаат субвенциите во земјоделството,ви смета навременото иссплаќање на пензите,ви смета борбата против криминалот,ви сметаат спортските сали и објекти,ви смета стадионот во оваа состојба,ви сметаат инвеститорите кои сакаат да инвестират во Македонија.Па добро зар ќе ви биде подобро со бившата Македонска владеачка гарнитура која се заканува дека ќе јаде живи човеци,ќе руши веќе изградени споменици и згради и ќе ни го сменела нашето свето име Македонија.Срамота за вас,срамете се!
sasho, 27.06.2012 09:05:59
ne mi e jasno zoshto negativni komentari nemashe koga beshe kriminalnata tranzicija? Sega - koga se gradi i koga se postavuvaat rabotite na dolg rok da ima pozitivnosti - site kritikuvaat? Chden nekoj narod ! ! !
stavre, 27.06.2012 09:09:18
Sega sme orginal Severna Korea...bravo VMRO! Narodot umira za leb a vie go kitite so metali...Kim il Jong moze voda da vi nosi. Po komunisticki od ova ne bilo!!!
Zoran, 27.06.2012 09:39:36
dali ste normalni sto pravite ??????? imate li pamet malku ........i koj gi sobira parite od ovaa glupost so spomenici i konji .........nenormalna rabota ...
Nikola, 27.06.2012 09:58:50
Za mizerna drzava, so najmizerna vlast i poprilicno glup narod samo konji, konji ...do postignuvanje na nivo na totalna beda vo sekoja smisla.
MajkinPerth, 27.06.2012 11:42:22
Mozebi SDS ima problem so Makedonskata gordost,no Vie DPMNE definitivno imate problem so nesto drugo.jas sum mnogu daleku od rodnata zemja,no ova koga go citam kako se rasfrlate so parite na siromasniot narod I kako go manipulirate ednostavno me poluduvate.
dedo dimo, 27.06.2012 11:48:29
Luge umesto komentari da pishite, zemete gi alatkitei rabotete . Polinjata lezat, nikoj negi rabotat pa naravno nema leb da jadite.Vaka kako shto ste golemi mrzi i Konjite od Spomenicite ke ve izgazat .Vie postabavte kako DEMBELITE od tursko vreme.
Miroslav Kisela Voda, 27.06.2012 12:14:20
Jas sum zitel na opstina Kisela Voda i vi tvrdam deka ova e edinstveniot spomenik na Makedonski revolucioner koj e postaven vo izminatite 50 godini.Site ostanati se od komunistickoto vreme.Mnozinstvoto gragani mislime deka pametnikot e na vistinskoto mesto i vo vistinsko vreme.Zatoa velam BRAVO za M.Gjorcev i vladata !A Tanja Tomic ne e taa koja treba da kazuva sto e a sto ne MAKEDONSKA KAUZA ...
miki do Zoran, 27.06.2012 13:41:44
Зоране !!? По се изгледа тие што ги поставуваат овие грдотии од споменици се нормални........ненормален е овој народ што не се дигне и се парче да направи......... а вија неранимајковци дури наидуваат на лабаво ова ќе го тераат........
Bicikl na konj ili bez konj, vo sekoj sluchaj se raboti za konj, 27.06.2012 13:55:18
Za kakva li gordost zbori doticniot portparol, koga site tie javachi na konji ili bez konji se bezimeni, kako vprochem i samata drzava. A da, Branko e kriv! Ama ke vi dojde krajot, a tokmu toj kriviot Branko, se nadevam deka pravo ke vi sudi i presudi. Lopovi nizaedni, ne napravivte site konji.
До Гоце Виена, 27.06.2012 14:11:58
Па добро Гоце, ако се е во најдобар ред овде и нема потреба од плукање, што, по ѓаволите, бараш во Виена???
Kice, 27.06.2012 14:15:28
Dali ke dojde nekogas krajot na ova ludilo, na ovaa spomenikomanija na dpmne, na ova nezapameteno perenje pari?!? Ludiot pastir prisilno gi trosi narodnite pari za kamen i pokraj site kritiki od narodot za Skopje 2014!! Zar ne mu bese dovolen glasot na narodot od CENTAR (kade sto e skoro celiot Skopje 2014) na 5-ti Juni lani, koga narodot dade skoro 4000 glasa poveke za opozicijata?!?
Oskar, 27.06.2012 15:13:38
Ne na Branko na ovie od DPMNE, OKO NE IM TREPNUVA, za revoltot i gnevot na narodot protiv ova nerazumno i za gluposti trosenje na nivnite pari. Vakvo potcenuvanje od vlasta ovaa generacija nema doziveano. Bidejki ovie nikogo i nisto ne slusaat spas, od ova gladam vo predlogot na Branko Gerovski da legneme pred kamionite i bagerite na prerodbata.
vlado, 27.06.2012 16:16:21
Нема да Ви го разглобувам Вашиот напис во кој што имате намера само да не известите што се случило со спомениците... Вие двајца потпишани новинари, зарем и ие се плашите да адете коментар за спомениците, особено за Александров... еј, дечки, дечки, и Вас Ве страв да даете коментар, па ништо друго од страв не ви остабнува туку само еве и Вие нешто пишувате... а коментарот од Вас? Или Ве старв за коментар? Ај доста си играте новинари...
Ајван Доктор®, 27.06.2012 16:21:23
Интересно е што „македонската гордост“власта ја изразува преку градење споменици на сатрапи на македонскиот народ,луѓе кои се чувствувале како Бугари и континуирано работеле за нејзината кауза „самостојна Македонија“но со додавка „со цел припојување кон мајка Б’лгарија“!Покрај другото биле и противници на ослободувањето на Македонија од Османлиско ропство!Човекот,нарачател и наредбодавец на бројни убиства на Македонци во Македонија и во Бугарија,при чии атентати гинеле најчесто и сосема намерно и невини цивили,наместо да се именува како Т.Александров,„патриотите“кукавички го именуваат како „,Македонски војвода“,иако до смртта се искажувал како чист Б’лгарин и си бил Бугарски офицер и разузнавач!Бугарите,ала Борисов сето ова го нарекуваат антибугарштина?!Само за да го замачкаат Антимакедонското делување на ВМНЛО-ДРПАМЕ!
do sasho, 27.06.2012 16:31:33
За какви позитивности на долг рок зборуваш?Дали ќе добијам вработување,дали децата ќе можам да ги пратам на некој курс,дали ќе можам еднаш во месецот да се напијам кафе во кафеана или да одам на летување,дали ќе можам овој месец навреме да ја платам струјатаДАЛИ СПОМЕНИЦИТЕ ЌЕ МИ ГИ ОБЕЗБЕДАТ ТИЕ ПОГОДНОСТИ НА ДОЛГ РОК?
Leviot, 27.06.2012 20:33:37
Zoso mora spomenicite da bidat za istoriski licnosti , zarem tolku ni e kreativnosta na nasite umetnici ?. A bezimenosta na spomenicite pokazuva deka vlasta pocnuva da se plasi od gnevot na narodot . Taka Bezimenkoto kacen na konj e staven tuka malku da go razubavi siviloto sto ni sjae naokolu koe e proizvod na mizerijata i bedata na nasiot narod. Ama programata mora da se sprovede a taa ima 100 cekori , uste kolku spomenici ke ima do kraj neznaeme a kako trgnalo ni pastirot ne e siguren dali gi broi kako sto treba ili mu se dupliraat .Vprocem toj i samiot si prizna deka ne mu se dopagjaat as kako sto si zamislil ,sto e dokaz deka toj gi smisluva rabotite a drugi mu gi sproveduvaat.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 20°C

Вторник
Сончево
Макс: 42°C, Мин: 22°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ФОТО) Болт е најбрзиот човек на планетата
Јамајканецот повторно со злато и олимписки рекорд на 100 метри...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 9.ден
По деветтиот натпреварувачки ден 61 држава има освоено медали...
Казахстанецот Илјин со два светски рекорда
Илјин го освои златниот медал во кревање товар во категоријата до 94 килограми и постави два светски рекорда...
Светски рекорд на Пендлтон во спринт

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |