28.06.2012, 14:40 Самоубиство од Акропол
Маж на возраст од 45 години претпладнево почина откако скокна од Акропол во грчката престолнина Атина.
Човекот скокнал од страната на Театарот на Дионис во 9:30 часот по локално време, пред очите на неколку туристи. Еден од чуварите на споменикот повикал полиција и противпожарна бригада.
Пожарникарите го пронашле човекот кој бил однесен во болница каде им подлегнал на повредите.
Полицијата спроведува истрага за инцидентот.
|