27.06.2012, 15:50 ФБИ откри уште двајца хакери од Македонија
Уште двајца македонски хакерии се вплеткаа во мреѓата на ФБИ. Во заедничка меѓународна операција наречена „Кардшоп“, американското Федерално истражано биро (ФБИ) во соработка со Единицата за компјутерски криминал при МВР откриле група на хакери кои на повеќе интернет страници вршеле криминални активности со злоупотреба на податоци од платежни картички и банкарски сметки.
Истрагата за овој случај траела две години и во неа учестувале полиции на 13 земји, главно од Европа, но и од Азија, Аврстралија и од САД. Со истрагата биле идентификувани повеќе лица кои извлекувале готови пари или купувале стока и членства на одредени сајтови како ВИП-корисници.
Од преземените мерки и активности и Единицата за компјутерски криминал при МВР, а по претходна размена на податоци и информации со американската ФБИ, биле идентификувани двајца македонски државјани. Тие се сомнчат дека биле дел од криминалната шема и дека од 2010 до почетокот на оваа година, на интернет страници продажба нуделе податоци од платежни картички и банкарски сметки. Единицата за компјутерски криминал извршила и претрес на објект и притоа биле пронајдени компјутери и друга опрема, а во тек се разговори со лица за кои постои верување дека се припадници на меѓународната криминална група.
Инаку, само во САД, во вторникот, биле приведени се 11 лица, а од слобода биле лишени и по едно лице во Италија, Норвешка и Јапонија, а во тек се активности во Австралија, Канада, Данска и секако во Македонија. (Љ.С.)
|