28.06.2012, 17:57 МПЦ се засили со двајца епископи
Јеромонахот Јосиф Тодоровски од манастирот „Св. Јован Бигорски“ и архимандритот Јосиф Поповски од манастирот „Св. Богородица“ во Калишта се избрани за викарни епископи на вчерашната седница на Светиот синод.
Јеромонахот Јосиф Тодоровски ќе му биде помошник на архиепископот Стефан, кој подолго време имаше потреба од викарен епископ за Скопската епархија.
Архимандритот Јосиф, пак, ќе му биде помошник на полошко-кумановскиот владика Кирил.
Портпаролот на Синодот, г. Тимотеј, изјави дека е неизвесно дали наесен ќе биде избран уште некој владика, на чија кандидатска листа се наоѓаат уште петмина.
Инаку, викарните епископи во иднина ќе може да присуствуваат на синодските седници, но нема да имаат право на глас. (П.Р.) |