Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.06.2012, 17:52

Македонската црвена линија недостижна

Изјавата на премиерот дека само со ново раководство во СДСМ ќе може да изгради државен став за името ги оддалечува двете главни партии

Наум Котевски


„Додека ова раководство ја води опозицијата немам намера да разговарам со нив за формирање консензус околу проблемот со името“, со овие зборови во емисијата „Х-О“ на Канал 5, премиерот Никола Груевски стави крај на надежите на оптимистите дека македонските политички елити може да седнат на заедничка маса и, конечно, да изградат цврст став, сличен на оној во Грција.

Барем не додека Бранко Црвенковски е на чело на СДСМ. Така доаѓаме во ситуација извесноста на консензусот да зависи од неизвесниот партиски и претседателски стаж на некогашниот премиер и претседател.
Премиерот само јавно го обелодени она што долго време ја боде јавноста во очи - функционирањето на два паралелни политички организми во ситуација кога не смее да тече зла крв низ вените на државничкиот разум кога се работи за името.

Груевски, веројатно, свесно влезе уште подлабоко во ровот на личната, или партиската борба. Гаранција дека не одбира лоша карта и дека тоа е вистинскиот избор, му се, како што вели, постојаните варијации на ставовите на опозицијата. „Најпрвин го сменија името во ФИРОМ, потоа зборуваа за двојна формула, па потоа за тројна формула, па времето работи за нас...“, рече Груевски.

Бившиот премиер Владо Бучковски, кој подолго време, слично како и Груевски, смета дека Бранко Црвенковски треба да си замине од претседателското место во СДСМ, вели дека во јавноста мора да се создаде притисок за некои прашања кои се од исклучителен интерес за државата.

„Како ние што не можеме да го одредуваме партнерот за преговори кај грчката страна, така премиерот Груевски не може да го одредува лидерот на опозицијата. Мора да се гради консензус. Тоа било практика во измина��иве 18 години. За жал, во последните две-три години дојде до мораториум. Јазот е преголем и мора нешто да се смени. Секогаш се правеле консултации. Така мора да продолжи бидејќи никој сам не може да го реши проблемот со името“, смета Бучковски, кој во 2005 година како премиер, заедно со Црвенковски како претседател одржаа средба со предводникот на тогашната опозиција Груевски на која го информираа за тогашниот предлог на Нимиц.

Според него, проблемот со името е прашање кое треба да обедини, а не да подели. „Најдобро би било да изградиме став со кој би ја тестирале и новата влада во Грција и преку нашите пријатели, пред се' тука мислам на САД, да извршиме притисок. Ваквата нарушена атмосфера треба да не' загрижи. Тоа е сериозен проблем, пред се' наш интерен. Во 2008 година пред Самитот на НАТО во Букурешт, да речеме, Црвенковски како претседател и Груевски како премиер изградија став, иако беше во пет до дванаесет. Значи можно било да разговараат“, порачува Бучковски.

Бившиот министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека не го разбрал премиерот во насока дека не постои шанса за консензус, туку дека тоа може да се случи ако опозицијата излезе со конкретен предлог.

„Одамна се залагав за обврзувачка резолуција, која ќе го сочинува цврстиот консензуален државнички став. Но, кога ова го расправав во јавна дебата и на трибини со претставниците од СДСМ тие тоа го отфрлаа. Мислам дека тука не станува збор за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ не би прифатил договор, туку дека опозицијата е таа која со неконзистентен став, како најлесен начин, одбегнува договор. Се случува одредени високи членови на СДСМ да излезат со предлози, како на пример Зоран Заев, но се' уште нема јасен партиски став“, вели Чашуле.

Според него, во услови на целосна немаштија на политичка понуда, најлесна е манипулацијата со националните чувства. Чашуле смета дека СДСМ игра на картата да ја претстави владејачката гарнитура како најголем виновник за блокирањето на евроатлантските интеграции и да и' се понуди и на меѓународната заедница како играч кој знае да го реши проблемот кога ќе дојде на власт, а притоа не кажува како.

„Кога бевме во опозиција на мој предлог почнавме политички дијалог за кандидатурата во ЕУ. Јас, Ганка Самоилова, Ќурчиев и Илинка Митрева се сретнавме и разговаравме на таа тема и на нашиот предлог се изготви декларација за кандидатурата. Процесот тргна и отиде многу напред. Ако некој мисли дека само оние што се на власт даваат понуди, има многу погрешен политички дискурс“, вели Чашуле.

И Бучковски и Чашуле од последните ставови за името на позицијата и опозицијата не гледаат дека меѓу нив постојат непремостливи разлики.

„Дефинитивно постојат услови за разговор меѓу двете најголеми партии, особено откако и СДСМ излезе со став дека е за референдум. Груевски, пак, е свесен дека ќе имаме промена на името, но не на уставното, туку на ПЈРМ. И тука е борбата дали со ерга омнес, како што бараат Грците, или компромис кој имплицитно нема да го сугерира тоа. И двете страни велат дека идентитетот мора да се одбрани, а медијаторот Нимиц при последната посета во Скопје јасно кажа дека за идентитетот не се преговара. Тука мислам дека лежи и најголемата заблуда за јавноста. Тоа и двете партии заеднички треба да и' го објаснат на јавноста. Сосема поинаку би било кога цела една недела би зборувале усогласено за овој голем проблем“, резонира Бучковски.

Според Чашуле, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат на неколку точки. „Референдумот, заштитата на идентитетот, непромената на уставното име...Тие имаат исти ставови. Станува збор за финеси во реториката, но не и во суштината. Доколку СДСМ излезе со јасен став како оној на Илинка Митрева кој е сличен со мојот, може да се направи државна стратегија“, потенцира Чашуле.


Статијата е прочитана 3123 пати.

Испрати коментар



Идинината е во „дот.ком“ генерацијата, а не во пропагандите од 19 век
Голем товар врз кошаркарите
Тешки времиња за македонските медиуми
Европска банка
Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Министерот за здравство - шеф на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ
Се заколнаа новите членови на Советот на обвинители
Протестна нота за Грција поради налепниците
Црна Гора почнува преговори со ЕУ, Македонија ќе почека



Itar Pejo, 27.06.2012 00:09:51
Od demokratskite zemji samo vo Makedonija vlasta se bavi so kadrovskata politika na opozicijata. Zamislete Obama da kazuva koj treba da bide sef na republikanskata partija!
jovan, 27.06.2012 00:32:47
Eden koalicionen partner na segasnava Vlada saka nov*reformiran*SDSM, pod nivna kontrola, za da vo slucaj VMRO izgubi, lesno se presaltaat vo*noviot*SDSM, koj ke bide nesto kako*novoto*VMRO, koga se promenija Georgievski-Gruevski. Celata ujdurma e okolu toa. Crvenkovski najverojatno nema namera takvite prebegulji da gi vraka nazad, pa sega od site strani ke mu vrsat pritisok. Gruevski e samo izvrsitel.Ako tolku nesakal da pregovara i ugovara strategija za imeto so liderot na najgolemata opoziciona partija vo drzavava, togas barem neka kaze so ime i prezime koj mu odgovara da bide lider na SDSM, pa da sedne na pregovori, pa i dueli. Vaka non-stop samo blada Branko, Branko, a i sam neznae i nesvaka sto tolku nego Branko mu smeta. Pa Branko mu *obezbedi*6 godini vladeenje.Saka nekoj posilen od Branko koj ke go turne uste utre, ili *poglup* od Branko, za da mozat kriminalcite od negovite redovi lesno potoa da prejdat vo *nova partija*, a toj da zavrsi kako zrtven jarec, kriv za se.
bitola troa skolovan, 27.06.2012 00:58:06
Interesna e izjavata na premierot kako BC da e predstavnik sam za sebe a ne na onie glasovi na poslednite parlamentarni izbori.Znaci koga Makedonija ke e na tatkomu togas ke moze da kazuva so koj ke saka a so koj ke nejke da pregovara.Ubavo navede Casule koga bevme nie vo opozicija sednuvavme i raspravavme,znaci nekoj gi povikal na taa tema da sednat i raspravaat a sega veli opozicijata da se proiznese neli e toa malku provokativno.Jasno mu e na sekoj na koja karta premierceto si igra so sudbinite na site makedonci no vo medjuvreme ke prodava tri vrbi za 250.000 evra pa napravete si racun,sto nemu mu odgovara.
mmkmm, 27.06.2012 02:15:16
што би се случило хипотетички да претпоставиме дека СДСМсе согласува НГ да му избере лидер и раководство.При првата закачка ке се појави на ТВ и ке каже дека УДБА му го подметнала кадарот.Очигледно НГ заглавил и го губи компасот на државен политичар.Според него најдобро би било тој да ги именува лидерите и на другиѕе партии што не мислат како него.Нео комунизам во најлоша варијанта.
USA, 27.06.2012 04:53:16
Ako se vratime 10 godini nanazad i gi sporedime trektoriite na trite najgolemi partii vo Makedonijaata. Sto bea a sto se denes, VMRO DPMNE, PJSDSM (poranesna jugoslovenska) i DUI ? Kako leta vremeto...........bez oko da mu trepne.
Asan od Krivolaka, 27.06.2012 06:05:39
Pa lugje, dosta so toj Slobodan Casule! Toj e bivsi minister i treba da pretstavuva minato kako sekoj drug poranesen funkcioner. Zarem ne gledate kolku e steten i kontraverzen, pa toj e sekade i vo sekoa situacija kade sto ne treba da bide i uporno gi mati politickite vodi. Pokraj tolku mladi i obrazovani politolozi navistina prisustvoto na ovoj covek vo naseto najzesko sekojdnevie e izlisno i nepozelno. Deka e taka potvrduva i svetskata praktika politicarite od prethodnite vreminja da si sedat doma i da si igraat so vnucinjata.
Branko, 27.06.2012 06:22:32
EEEE crni Grujo, Brane ti e nokna mora........
Mark, 27.06.2012 07:17:10
Gruevski samo otvoreno si go prizna ona sto site go primetuvaat: deka ima teska frustracija od samoto postoenje na Crvenkovski (a tuka navistina ne moze se napravi nisto)..Deka custvuva inferiornost najmnogu pokazuva faktot sto nema hrabrost javno da se sooci so nego, duri i na mediumite sto mu se pod totalna kontrola!? Ova sto sega se obiduva, demek da go *oprai* SDSM samo pokazuva nemok, bezidejnost - i poprilicna doza na ne bas maski strav !!!
Богомил(ец), 27.06.2012 07:27:18
Каква небулоза, премиерот мисли дека и партиите од опозициите се тениско игралиште во кое тој ќе може да ги бира играчите и да им ги менува дресовите. Националната политика премере не се води со фетуси и бројлерчиња, со мангупи од криминалното подземје кои оваа држава на Македонците сакаат да ја проголтаат во сопствениот стомак како да е парче торта, а не дека е творба на милионите наши претци, заложба на илјадници патриоти, воскресната од заветите на претците. Свртете се и белки дефинитивно ќе видите со кого сте опкружени. Оставете и го Бранко, како проблем на опозицијата, а не ваш. Вие би требало да бидете среќни што ете вашите противници немаат лидер реформатор од ваш калибар. тоа ви е гаранција дека сите наредни избори ќе се ваш триумф, што, простете, ама би било тешк о излечива непогогда.
Hari, 27.06.2012 09:42:48
Zarem nekoj seriozno gi cita izjavite na najgolemata soncogletka vo politikata -Casule??? A za Grujo jasno e deka go izgubil kompasot, brodot tone i po sekoja cena ne ja dava vlasta sto e mnogu stetno za Makedonija a najmnogu za nego i familijata.
Коста Стоименовски, 27.06.2012 09:55:23
Изјавата на премиерот покажува дека тој има сериозен демократски, но и политички дефицит! Право на секоја опозиција е да дефинира своја политика и тоа власта мора да го почитува, но и да најде начин како да соработува со неа. Факт е дека Б. Црвенковски е слаба точка во стретегијата и политиката на СДСМ, но и на опозицискиот „фронт“ во целина. Тоа актуелната власт постојано го „подгрева“ и на тој начин доста вешто и умешно успева ја спречува можноста за создавање на политичка алтернатива во државата. Во неколку наврати сугерирав Б. Црвенковски да ја прифати улогата на почесен претседател на Партијата и да им даде шанса на нови некомпромитирани луѓе кои ќе бидат ��о состојба да се афирмираат како сериозна алтернатива на актуелната власт.
od ostrijot, 27.06.2012 10:29:52
samo napred brane ovije od vmro-dpmne zaedno so premijerot od strav kepocnat vo nesvest da pagat.
GO SAKAM SKOPJE, 27.06.2012 11:43:13
Nikade, ama bas nikade na svetot,vo bilokoja demokratski zemji ne e pobarano i nikoj lider ne bi si dozvoluva da tresna vakva glupost i da postav uslovi, sprotivnata partija da go promeni liderot! So ovoa, nasiot Premier samo polkaza kolku nema lidersko-politicka kultura, kakva politika vodi i kade vaka ke ja odvede MK. . Ako kako mnozinstvo gi dobija izborite,a na kojnacin ?toa ne im dava pravo da se odnesuvaat kako Mk;da im e podarokod Boga i mozat da pravat od nea,sto im e keif.Ako NG saka da se mesa vo planovite na opozicijata, togaj zosto i TAA, pa i narodot ne bi pobarale da se procisti,VMRO partijata:vrvot, nejziniot lider i premier! Bilo koj pobedil, koga se odnesuva na zaednicki i golemi problemi i interesi za MK.,site moraat da bidat ednoglasni a po toa,na TV debata pred narodot da ni se prestavat, pa togaj ke se odluci sto po toa. Ako za Skopje 2014 i za site podmetati spomenici od somnitelni vrednosto,nikoj nikogo ne prasaa, Mk. e nasa na site, a ne na NG i VMRO to!!
so koe pravo, 27.06.2012 11:53:43
So koe pravo Gruevski go ucenuva SDSM so toa koj da bide lider?? Mozebi saka Bicikliski da bide lider na SDSM. Ova e nevideno edna partija da se grizi za toa koj kje bide lider na svojot oponent. Ova e za Ginis
Иво, 27.06.2012 12:03:28
СДСМ неможе да седне на маса со ДПМНЕ како прво поради тоа што СДСМ спремна е да си го продаде името само за влез ви ЕУ . А од такви предавници доволно ни е . Нема потреба да се разговара со нив . Се покажа кој е вистински лидер во Македонија .
Grujo, vednash da si zaminesh, a so sebe povedi go i Branko., 27.06.2012 12:04:35
Stavot na Gruevski, * ke se dogovarame, ama ke bide kako jas ke kazam ili nikako*, zapravo kazuva deka treba toj da zamine, a ne Crvenkovski. Kolku gledam, toj ne moze so nikogo da se dogovori, osven so svoite patrioti koi mu se podanichki klanjat *vashe velichchestvo* ili kako vo vojskata *razbiram*. Mozam da svatam shto demokratija ima vo DPMNE koga vo drzavata uporno pokushava da nametne opozicioner po svoj kef. Koja drskost? Georgievski go opisha kako chovek ispokaran so site, verovatno i so samiot sebe. Kako takov ne smee povece da ostane na najodgovornata funkcija vo drzavata. Zatoa ne Crvenkovsjki, nego tokmu Gruevski da si zamine, a najdobro bi bilo i dvajcata zaedno.
Goce USA, 27.06.2012 13:27:50
Zamislete kakva nebuloza: Nasiot cenet premier bi sakal da gi menuva i postavuva rakovodstvata na drugite partii??!! Pa toa ni na Sadam i Pol Pot ne im teknalo! Bog da cuva. Da zemese barem 10% od vremeto sto go trosi na opozicijata da go trosi na drzavata, do sega makedonija ke cvetase. Vaka za 6 godini ne mozam ni da se setam sto napravile. Da ne bese za placenje ke se smeevme!
Nikola HA8 9LR, 27.06.2012 17:18:40
Citam komentarive, i za i protiv ima, normalno, ama ne mi e jasno, kakva vrska ima koj e na celo na sdsm, ili sto drobel Casule ? NG ako saka stvarno da napravi nesto vo vrska so problemot, neka napravi sam, ako e muz...neli ni vika deka e muz, ?, samo kara nekogo, im raskazuva u Brisel svasta, glasno razmisluva sto misli deka si mislat grcite ? - epa Koljo drugare, fati napravi nesto !036
vrti suci toa ti e grujo, 27.06.2012 17:56:48
samo uste eden dokaz deka gjujo vas ne saka da bide resen problemot so imeto zatoa celava ovaa antikvizacija i raznite problemi sto gi stvoruva kako grom od vedro nebo so preimenuvanjeto na ulici so imeto na aleksandar potoa aerodromot i red drugi raboti koi samo problemi stvoruvaat a nikako resenija

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 20°C

Недела
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
Од недела над 40 степени и многу висок УВ индекс
Во Македонија од недела под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка ќе биде претежно сончево и многу топ...
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |