Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
25.06.2012, 17:26

Македонскиот јазик го бранат светски лингвисти

„Поканивме лингвисти од светот кои ќе ја кажат научната вистина наспроти дневната политика“, рече Елка Јачева-Улчар, на отворањето на симпозиумот „За македонските работи“

Тина Иванова

„За македонските работи“ е насловот на дводневниот Меѓународен научен симпозиум што го организира Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, а на кој учествуваат дваесетина македонисти од Македонија и од Франција, Словенија, Словачка, Полска, Чешка, Хрватска, Албанија и од Русија. Симпозиумот, кој ја носи длабоката симболика поврзана со делото на Крсте Петков Мисирков, почна вчера во претоплата и неклиматизирана сала на Институтот, со интонирање на химната на Македонија, а свеченото отворање се одбележа со говор на неколкумина учесници кои се фокусираа на негирањето на јазикот и уставното име на Република Македонија.

Симпозиумот го отвори претседателката на Организацискиот одбор, Елка Јачева-Улчар, која истакна дека идејата да се поканат лингвисти од светот кои ќе ја кажат научната вистина наспроти дневната политика се родила во октомври кога Европската комисија во Годишниот извештај за напредокот на државата ја изостави придавката „македонски“.

„Македонците добија по којзнае кој пат удар пожежок од шлаканица, зашто беше врз нивната душа, а тоа поттикнува на бунт и борба. Бидејќи татковината се брани со ум и разум, предложивме симпозиум со колегите-лингвисти од странство, непристрасни мислители, за да потврдат дека овде не живеат сеништа, туку луѓе со автентична култура и генијални книжевници кои творат токму на тој јазик - македонски“, рече Јачева-Улчар. Таа праша: „Со кое право бара некој од нас да се разбудиме под друго име? Да не е реалност, ќе се разбудам, ќе дојдам во Институтот и ќе им раскажувам на колегите за кошмарниот сон... За жал, ова не е еднократен небулозен сон. Ова е буден, секојдневен, жив, долг, предолг кошмар, кој не само што те мори, туку и те понижува, ти го гази достоинството, кога и да решиш и по каков и да е повод да ја преминеш границата на сопствената земја. Со цел да го чуеме мислењето на експертската јавност однадвор, по прашањето кое го мачи секој Македонец, решивме да го реализираме овој симпозиум“, истакна Јачева-Улчар.

Директорката на Институтот, Веселинка Лаброска, рече дека грижата за јазикот не е само право, туку и долг кон предците. „Македонците со своите национални обележја се дел од светското семејство, а со карактеристиките на јазикот се дел од големото словенско семејство и од балканскиот јазичен сојуз“. Таа додаде дека иако науката бара многу одрекувања, многу макотрпна работа и многу ангажман, Инст��тутот најдостоинствено ја извршува задачата која при неговото основање во далечната 1953 година ја поставиле луѓе како Конески, Видоевски итн.

„Она што некои квазинаучни кругови сакаат да го постигнат со негирањето на нашето име, или на нашиот јазик, не' прави само посилни во своите залагања да ја шириме вистината за македонскиот јазик и за македонската држава насекаде во светот. За да бидеме посилни во оваа наша намера, денес овде со нас се нашите колеги од повеќе земји од Европа и од Австралија, за да бидеме заедно поважни и да го повториме она што е потврдено со векови - македонскиот народ со сите свои национални обележја е дел од светското семејство на народите, а македонскиот јазик со своите особености и документиран историски развој е дел од големото словенско јазично семејство и дел од балканскиот јазичен сојуз. Македонскиот народ кој во 9 век им ја дава писменоста на своите собраќа Словени со писмото составено од светите Кирил и Методиј е горд зашто денес во својата држава Република Македонија го остварува сето она за што мечтаеле неговите предци“, рече Лаброска.

На отворањето н�� симпозиумот учествуваа и претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, кој истакна дека Академијата, како највисока научна институција, за своја основна задача ја има заштитата на културното наследство, што подразбира заштита и напредување на македонскиот јазик. „Покрај сета современа научна верификација за постоењето на македонскиот јазик од најеминентни славистички и лингвистички кругови и со илјадници научни труда во светот, тој е спорен само за луѓе кои го замислуваат светот како зелена маса на која во слободен стил се исцртуваат геостратегиски карти и државни граници“, рече академик Камбовски.

Покровителот на симпозиумот, министерот за образование и наука, Панче Кралев, рече дека странските македонисти се културни амбасадори на земјава. „Ја имаме целата интелектуална моќ на н��учниците кои со својата објективност и непристрасност ги соборуваат табуата за ’избрани народи‘. Нашата држава е основана на вложеното дело на многу наши предци и ниеден поединец нема право да ја обезличи и преименува“.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, пак, истакна дека иницијативата за овој симпозиум и придобивките од него уште еднаш ќе ја потврдат долговечноста на Македонија, Македонците и македонскиот јазик. „Грижата за јазикот е меѓу приоритетите на Владата кои резултираат со проекти како што е едицијата ’130 тома македонска книжевност‘“, рече Канческа-Милевска.

Симпозиумот го отворија и деканот на Филолошкиот факултет во Скопје, Максим Каранфиловски, кој рече дека со овој собир, како и со Семинарот за македонски јазик што се случува во Охрид можеме слободно да кажеме дека имаме цврста подлога за македонистиката, не само овде, туку и во странство. „Убеден сум дека нема да дозволиме македонското име да загине“, рече Каранфиловски. Потоа, деканот на Филолошкиот факултет во Тетово, Арбер Челику, рече дека и во иднина треба да постои ваков собир меѓу Македонците и Албанците, кој би служел за подобро разбирање, за размена на албанската и на македонската наука, и за придонес кон подобриот соживот во Македонија. Додека Виолета Димова, деканка на Филолошкиот факултет во Штип, пак, потенцираше колку е важно да се изучува македонскиот јазик не само овде, туку и во странство. „Сите сме чеда на нашиот прататко - македонскиот јазик и треба да го почитуваме и да го сакаме онака како што се сака родителот“.


Статијата е прочитана 1196 пати.

Испрати коментар



Промоција на Македонија во Полска
Емитер „Скопје“ и „Змејовата невеста“ на „Скопско лето“
До септември ќе заврши изградбата на Спомен-куќата на Ататурк
„Госпоѓица Јулија“ низ особена визура



Itar Pejo, 26.06.2012 00:22:23
Silni braniteli. Borci za dnevnici, kako sto vikase deneska slavniot Risto Siskov! Od kogo go branat jazikot? Nekoj da ne saka da ni go zeme i da si go upotrebuva a nie da ostaneme nemi?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |