Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Култура
25.06.2012, 17:25

Емитер „Скопје“ и „Змејовата невеста“ на „Скопско лето“

Вечерва на во центарот на градот, на приодите кон плоштадот од 18 часот до полноќ во рамки на „Скопско лето“ во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија, ќе се реализира кураторскиот проект Емитер „Скопје“.

Во рамки на петтите „Скопски урбани приказни“, четири млади македонски уметници, членови на Друштвото, со интерактивни и мултимедијални дела: Марија Сотировска со „Торнадо“, Борис Шемов со „Инспиративен етер“, Дарко Алексовски со „Одмори се“ и Александар Спасоски со „Бродот што никогаш не помина“, следејќи ја тематската определба на кураторот, Бојана Јанева-Шемова, ќе се обидат да ја привлечат јавноста и со јавниот карактер на остварувањата да придонесат кон означување на постојниот јавен простор во градот. Основната идеја, од која кураторот се води, е уникатна карактеристика на Скопје, да предизвикува голем број сетилни дразби, истовремено. „Овој амалгам на визуелни, аудитивни и тактилни дразби, на така мал простор, е резултат на специфичната синергија на идеолошките и комерцијалните рекламни кампањи и на засилената потреба за сетилен хедонизам, карактеристичен за граѓаните на.Македонија“, посочува Шемова.

Во Драмскиот театар, пак, во 20,30 часот во продукција на НУЦК „Марко Цепенков“ и Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе биде одиграна претставата „Змејовата невеста“ на Димитар Г. Молеров , во режија и адаптација на Нела Витошевиќ. Во улогата на Јана ќе настапи Марија Спиркоска-Илијоска, улогата на Змејот ќе ја толкува Зоран Ивановски, композитор на музиката е Огнен Анастасовски, сценограф Константин Трпеновски, додека автор на костимите е Розе Трајчевска. (К.Б.)


Статијата е прочитана 140 пати.

Испрати к��ментар



Промоција на Македонија во Полска
Македонскиот јазик го бранат светски лингвисти
До септември ќе заврши изградбата на Спомен-куќата на Ататурк
„Госпоѓица Јулија“ низ особена визура

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 35°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...
(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Нашата кинематографија ги насочува младите автори да бидат к��нформисти“, вели Владимир Блажевски, режисер и сценарист...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |