26.06.2012, 13:43 Џеј Ло не оди никаде без лична WC даска
Џенифер Лопез не оди никаде без даска за WC која е направена специјално за неа
Латино дивата Џенифер Лопез е опседната со чистотата и со стравот од бактерии, па не влегува во ниту еден тоалет без нејзината даска за тоалетна шолја, што е направена така да може да се вклопи на било која школка.
Додека била во врска со Бен Афлек пејачката добила на подарок даска за WC во која биле вградени скапоцени камења и кристали, а актерот за овој луксуз издвоил 105.000 долари.
Меѓутоа, не е познато што направи Џеј Ло со овој невообичаен поклон после раскинувањето, иако сега има своја даска изработена по нејзина мерка и желба.
|