Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Култура
26.06.2012, 17:32

Стартот на „Охридско лето“ со над 150 уметници на сцена

Фестивалот ќе одбележи и неколку јубилеи на македонски композитори меѓу кои се Гајдов, Бранѓолица, Пејовски, Цанев, Голабовски, Андреевска и Бужаровски

Веле Митаноски

Охрид - Селекторите на музичката и драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска и Ѓорѓи Јолески, вчера на прес-конференција соопштија повеќе детали околу програмата на годинешното 52. издание на нашата најпрестижна музичко-сценска манифестација. Фестивалот ќе биде отворен во традиционалниот термин, 12 јули, на Петровден, со театарскиот ораториум „Ромео и Јулија“, спектакл работен по текст на Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројкоски и Дејан Лилиќ во актерската улога на Ромео. Носител на проектот е Битолскиот народен театар, продуцент е „Охридско лето”, копродуценти се театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург, Русија, Македонската опера и балет и Народниот театар од Охрид.

Свеченото отворање и спектаклот на Антички театар ќе донесат повеќе од 150 уметници на сцената, додека заедно со техничките поддржувачи - над 200. Повеќе од 70 музичари ќе ја свират во живо музиката на Прокофјев, заедно со над 20 балетски играчи, оперски хор, актери и сцена, која првпат во Македонија ќе биде застапена со 3Д-проекции.

Целосната драмска програма ќе ја изведат повеќе од 500 драмски уметници, во 10 театарски претстави, пет специјални премиери (најмногу во историјата на фестивалот) на шест различни сцени. Селекторот Јолевски, во драмскиот блок ги потенцираше уште и спектаклот со националниот Државен театар на Турција од Истанбул, „Антигона“ од Софокле, потоа Албанскиот театар од Скопје со мегаспектаклот „Питачка Опера“ на чешкиот дисидент, претседателот Вацлав Хавел под водство на Дино Мустафиќ, селектор и директор на МЕС од Сараево. Со нагласен интерес се очекува „Почетокот на народите“ од Јордан Плевнеш, во режија на Владе Цветаноски, на нов сценски простор во „Заливот на коските“ (наколната населба). Вклучувајќи се во одбележувањето на 100-годишнината од смртта на Авгус Стринберг, Фестивалот ја носи од Шведска актерката и режисер Ана Патерсон со „Госпоѓица Јулија“, а публиката нема да остане покусо и со ланската театарска сензација кај нас „Хенри Шести“ од Шекспир, на Народниот театар од Битола и режисерот Џон Блондел, претстава одиграна токму во Шекспировиот „Глоб театар“ во Лондон.

Многу атрактивни содржини, вкупно 25 концерти, со учество на врвни светски уметници и ансамбли и солистички имиња на класичната репродуктива, донесува и музичката програма. Ќе настапат исполнители од Русија, Италија, Франција, Германија, Кипар, Полска, Чешка, Шпанија, Доминиканска Република, Јужна Кореја, Словенија, Хрватска, Албанија, Бугарија и други земји.

Селекторката Јосифовска посебно ги подвлече доминиканскиот пијанист Мишел Камило, словенечкиот вокален џез-состав „Перпетум Џезиле“ (една од најголемите светски атракции), кои ќе настапат на 4 август, Денот на раѓањето на фестивалот. Го потенцираше и учеството на Андреј Коробејников, претставник на силната руска пијанистичка школа, Седрик Тибергјан, еден од најзначајните претставници на францускиот пијанизам, со концерт специјално подготвен за „Вечерта на Европа“, во соработка со Канцеларијата на ЕУ во Македонија.

Од останатите исполнители, неизоставно треба да се споменат уште и рускиот виолинистички виртуоз Борис Бровцин, младиот албански виолинист Ермир Арбе��и, финалист од Меѓународниот натпревар „Queen Elizabeth Competition“ во Белгија.

На 2 август, организаторите очекуваат полн Антички театар со големата светска атракција, популарното дуо „2 Cellos“ од Хрватска (Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер) придружници на светските турнеи на Елтон Џон. Свеченото затворање е резервирано за реномираниот мајстор на виолина, Енрико Диндо, со пијано-придружба на Моника Катароси.

Фестивалот „Охридско лето“ како член на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) ќе биде дел од одбележувањето на Дијамантскиот јубилеј - 60 години од постоењето на асоцијацијата, во која членуваат 90 фестивали од 38 европски земји. Фестивалот ќе одбележи и неколку јубилеи на македонски композитори како Стефан Гајдов, Љубомир Бранѓолица, Илија Пејовски, Благој Цанев, Сотир Голабовски, Јана Андреевска и Димитрие Бужаровски.


Статијата е прочитана 309 пати.

Испрати коментар



„Жената што си ги избриша солзите“ во трка за „Срцето на Сараево“
„Празен град“ на Дуковски на „Скопско лето“
Со мјузиклот „Ева Перон“ започнува „Бит фест“
„Лисјата...“ го преполни Турскиот театар



trajan, 27.06.2012 09:23:25
Dodeka se sto se narekuva domasen turist i potencijalen korisnik na ohridskata riviera otide vo pohod po evtini ceni i besplatni FYROM nalepnici kaj juzniot sosed, nasive staro-novi, amnestirani selektori vo poluprazniot Ohrid prireduvaat anticko rimski igri so narodni pari!? Majko mila, moze li ova nekoj da go zapre?!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 36°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 18°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Од недела над 40 степени и многу висок УВ индекс
Во Македонија од недела под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка ќе биде претежно сончево и многу топ...
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...
(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |