Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.06.2012, 17:46

Опозицијата веќе не спие - дома

СДСМ реши да го смени имиџот на салонска партија, кој не и' донесе резултати во изминатиот период. Ефектите од новата теренска кампања ќе се видат на следните избори

Александра М. Митевска



Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, излезе претпладне од климатизираните простории во партискиот штаб и влезе во автобусот што требаше да го однесе до браната „Козјак“, каде што му се препушти на врелото сонце, гласно потсетувајќи на првите години од неговото владеење, кога почна изградбата на хидроелектраната. На „Бихаќска“ го остави имиџот на лидер кој се вратил во партијата по пет години престој на врвот на државата и кој преферира да ги влече потезите од кабинетот на вториот кат во партиската зграда, додека политички противници од власта до детали го анализираат неговиот минат труд во политиката.

Турнејата од „Бихаќска“ до „Козјак“ што ја приреди СДСМ деновиве во паузата меѓу два протестни митинга - проследени со промоција на опозициските кандидати за градоначалници и со престој на партиските функционери во куќи на мештаните (додека дел од Владата на чело со премиерот Никола Груевски бара инвеститори во странство) покажува дека опозицијата почна да практикува нов стил на политичка кампања. Откако Црвенковски објави дека битката преку институциите не дала резултати и дека отсега ќе практикува улична демократија, впечаток е дека опозицијата ја напушта дефанзивната тактика и влегува во офанзива против власта.

Универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов, поранешен генерален секретар на СДСМ, очекува позитивни ефекти од новата кампања во која влезе опозицијата. Според него, позитивно е тоа што СДСМ реши навреме да ги избере своите кандидати за градоначалници и што го пр��ви тоа преку нивна јавна промоција, на митинзи во градовите. Со тоа, вели, на кандидатите им се остава простор да ги формираат своите тимови и да и' ги претстават на јавноста, а истовремено се напушта принципот да се чека до последен момент за откривање на изборните адути.

„Втората добра работа е тоа што СДСМ, со ваков пристап, ја диктира агендата на медиумите. Партијата го сфати она што долго време и' се сугерираше - дека за да бидеш вест, треба да организираш настан“, анализира Спасов.

Тој посочува дека опозициските настапи во последно време, всушност, претставуваат нов и поефективен начин за држење на старите прес-конференции, кои веќе станаа здодевни. Сега, објаснува Спасов, тоа се прави на митинзи, што е многу повпечатлив начин за привлекување на вниманието. Спасов дополнува дека пораките што се испраќаат од плоштадите треба да се надополнат со предлог-мерки за подобрување на животот на граѓаните и да се демонстрира капацитет за исполнување на ветувањата.

СДСМ планира да го одржи истото темпо до 2 септември, за кога е најавен голем митинг во Скопје. Од партијата се' уште не откриваат како потоа ќе ја водат кампањата, во ситуација кога речиси сите ресурси на власта и натаму се во рацете на ВМРО-ДПМНЕ . Само најавуваат уште понагласено дејствување во шесте месеци што ќе преостанат до локалните избори, кои ќе бидат најдобар показател дали опозицијата ја избрала вистинската стратегија. Во сдсмовскиот штаб се разгледува и опцијата за нови предвремени парламентарни избори, иако од партијата велат дека евентуалната одлука за распуштање на парламентот не зависи од нив, туку од владејачките партии.

Комуникологот Петар Арсовски вели дека новиот стил на политичка битка што го промовира опозицијата е спротивен на досегашната практика партиите да комуницираа меѓу себе наместо со граѓаните. „Мислам дека комуникацијата со граѓаните ќе и' донесе добивка на опозицијата. Граѓаните сакаат да бидат во близина на политичарите, да ги видат на дело и да ги слушнат на самото место“, вели Арсовски и го посочува примерот со поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, која во функција на кампањата, се сликаше како вози тенк.

Досега, додава Арсовски, ВМРО-ДПМНЕ го носеше ореолот на партија која е поблиска до народот. Сега, според него, СДСМ им го презема просторот и оттаму потекнува нервозата во владејачката партија. „Во последните неколку недели СДСМ одржа сто конференции на кои презентираше мерки и предлози, а ВМРО-ДПМНЕ имаше исто толку прес-конференции посветени на СДСМ. Така, владејачката партија влегува во стапица да комуницира само со противничката партија“, вели Арсовски.


Статијата е прочитана 3270 пати.

Испрати коментар



Златна зора ќе не' дисциплинира и нас
Бучковски немал намера да прави партија
Митрова не ја коментира одлуката на судот
Според Кацин, Груевски се договорил за името, па одложил
Бугарија гради (анти)грчка позиција
Македонија успешна во борбата против трговијата со луѓе
Извештајот за МРТВ е нереален, оцени ревизорот
И Путин ќе гласа за Груевски
Новa лустрација пред новитe избори



Krajno vreme e da si patriotite zaminat. Dosta e!, 21.06.2012 01:53:41
Ne znam dali SDSM ke pobedi, ama znam deka DPMNE ke zagubi. Osven ako ne se napravat odredeni manipulacii so pomosh na prepolnata vmro-vska kasa. Pokraj ochistenite mediumi, kasata e zapravo i glavniot adut na premierot koga veli ubedlivo ke pobedime, a ne ideologijata i rezultatite, za koi e naravno Branko kriv. Inache, raspolozenieto kaj narodot e drastichno smeneto vo odnos na predhodnite izbori. Mozebi ne vo polza na SDSM, ama sekako na shteta na DPMNE. A imajki ja vo predvid ekonomskata sostojba, vo narednite meseci ushte poveceke ke se smenat rabotite. Osven ako ne se odvrze keseto i podignat enormni krediti, shto e mozna varijanta. Zgora na toa ke se aktiviraat pritisocite i ucenite. Vece storeno i videno! Imaat razrabotena shema, ama neodrzivo e na dolg rok. Zatoa cenam deka ke padnat. Vreme e!
sasso, 21.06.2012 03:17:55
Od klimatizirani prostorii vo klimatiziran avtobus so site luksuzi.Neka gi posetuvaa selata so selski avtobusi ako sakaat da bidat pobliski do narodot a ne samo ke farbame oci.
ФЕЛИКС, 21.06.2012 06:08:15
Ако продолжат да не спиат дома тоа може да предизвика грижи за фамилијата нивна,па можат да се запрашаат каде тоа ги поминуваат ноќите.Значи имаме домашно патувачко шоу во кој се покажуваат знаменитостите од историското владеачко минато(а кој тоа рече да не се споменува историјата,а да се гледа иднината)Но при тоа заборавајќи ги жртвите од тоа минато.Па така илузионистот заборави да напомене(некој велат намерно)кој тоа од времето на градбата на Козјак се офајди и потоа преку судскиот процес доби психотични душевни растројства.
Dragica Lapajkoska-Belchevska, 21.06.2012 07:42:28
Koj moze da go trpi Grujo. Toa e edno nevospitano stvorenje sto retko se ragja vo svetov. No poleka,ama za sigurno.Ce se slizne brzo od hitlerovskiot tron. Od druga pak strana,fala na Boga sto i SDSM se svesti da bide poblizu do narodot isto kako sto i Kliment Ohridski rekol: -Govori da te razbere narodot. Dobra sreca,no ne zaboravete potoa na narodot. Vece imate golemo iskustvo od toa. Makedonija e vo prasanje i nejziniot opstanok.
Istocna Makedonija, 21.06.2012 08:07:19
Niedna opozicija,kolku i da ne e dobra,ne smee da spie.Praksata veli deka,obicno,vlasta zaspiva na lovoriki,privilegiii,benefiti.Koj leta visoko...
Regan, 21.06.2012 08:39:32
Добро е,можеби ќе видат дека покрај шницли и кременадли како нив,некои луѓе јадат компир-манџа,а некои го немаат ни тоа!(Еден од сдсм-овците во Струмица се пофали дека прв пат јадел компир-манџа!Браво!)
Кире, 21.06.2012 11:57:34
На оваа жештина сигурно спијат на гаќи, оти во селата нема клими. Бранко 4 години не излезе од кабинетот, сега ќе спиел по куќи. Само за да се догребат пак до удобните фотелји, ако треба ќе спијат и со кравите и ќе почнат да берат и патлиџани по бавчите.
Мирко, 21.06.2012 14:18:59
Uste oni im falat po doma, covek plus da go ranat i cuvaat. Malce po konstruktivno vaka nema da ja smenite vlasta.
real, 21.06.2012 15:24:32
fala Bogu sto SDSM se seti da se priblizi na narodot, parafraziram, taka nekako, se e kazano ,se setija ,na zdravje. Dragica Lapajkoska .

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 19°C

Сабота
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Деветте браќа и сестри имаат вкупно 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книг...
Пукал во воздух на свадба и го убил младоженецот
Инцидентот се случил во кувајтската пустинската област Сулаибија каде има обичај да се пука во воздух на свадби...
Телеграма пронајдена по 68 години
Телеграмата ја реши мистерија за судбината на британскиот војник Гордон Хитон...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

О��лајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |