23.08.2012, 17:50 Си велам
Не е само фабричка грешка
Ерол Ризаов
Македонија не е во коалициска, туку во длабока, политичка, економска и морална криза
Што ни се случува. Зошто нашиот премиер Никола Груевски беше очаен во Кичево, па мораше да ја вознемири јавноста со толку драматични зборови, често употребени во последните крвави балкански војни, дека нема да дозволи да се гази (македонското) достоинство. Владата е во криза, нарушени се односите меѓу коалициските партнери - и' соопшти возбудено на нацијата Груевски и ѓоа резигнирано и помалку натажено додаде: иако тоа не го сакаме подготвени сме за предвремени праламентарни избори. Демек тоа би било брзо решение да се надмине тешката хаварија и елементарна катастрофа што ја погоди Македонија оти Груевски и Ахмети ептен се скарале, што веќе нејќеле да се видат. Бре, бре, бре. Чудно ми чудо, коалициска криза и предвремени избори. Сосема вообичаена работа во демократскиот свет.
Зошто тогаш кај нас ваквите банални работи во политиката попримаат катаклизмични димензии до јавен лелек на еден премиер за загроза на националната гордост. Замислете достоинството ни' го газел неговиот сојузник и партнер во поделбата на власта. Аууу, страшно, рани куче да те лае. Ајде малку да ги оставиме на страна актерските способности на премиерот како неостварена прва љубов од младоста. Прво, точно е дека Македонија е во криза, но не коалициска, туку длабока политичка, економска и морална криза која ја направи државата земја безнадежија, земја на голема сиромаштија и страдања. Преродбата на ВМРО ДПМНЕ по шест и пол години владеење без речиси никаква контрола не ги даде ни оддалеку очекуваните, барем почетни резултати. Сите пет најголеми стратешки цели на државата и нејзините граѓани не само што не се остварени, туку нема никакви изгледи во блиска иднина тоа да се случи. Сите светски универзални мерила за успешноста на една политика тргнуваат од тоа каков е квалитетот на живеење, стандардот на населението, вработеноста, функцинирањето на правната држава, нивото на заштита на слободите и човековите права и секако посебно значјано за Македонија нејзината европеизација.
Од сето ова нема ништо. За седум години владеење не е направен ниту еден чекор напред во сите овие клучни и најголеми интереси за иднината на Македонија. Тоа е најголемото газење по достоинството на сите граѓани. Ако една власт не испорачува резултати и своето владеење го потпира на гол популизам и квази патриотизам како единствен заштитник на националните интереси, што и' преостанува кога тоа сознание за големата прелага веќе стаса до мнозинството граѓани. Перцепцијата за успесите на власта последните месеци брзо се менува.
Е, тогаш се посегнува по испробаниот и опасен балкански рецепт: никој не смее да гази по достоинството на македонскиот, српскиот, албанскиот, хрватскиот, бошњачкиот, црногорскиот народ.... Оваа дрога иако одамна е позната, иако од нејзината прекумерна консумација народите се уморни, исцрпени, осиромашени во најголеми страдања по Втората светска војна, таа се уште навлекува на мобилизација за последната битка со непријателот. Особено овој очајнички повик станува драматичен кога ќе се истрошат парите на безвредна бронза, кич споменици, кораби, врби и плажи на Вардар, трумфални порти, барокни гаражи....кога веќе не помагаат скапо платените кампањи и корумпирани медиуми, ни ловот на вештерки, домашни и странски непријатели, тогаш не преостанува ништо друго освен власта да се освои во патриотска војна за спас на достоинството на нацијата и верата.
Чинам дека воопшто не е важно дали Груевски и Ахмети се договориле, или не, да одглумат крстоносна војна или џихад, па по победата повторно да седнат да ја делат власта. Опасноста е во тоа што работите можат да излезат од контрола и Македонија повторно да влезе во канџите на 2001 година, но овојпат тоа да биде далеку потрагично. Таа опасност никогаш не треба да се потценува колку и да изгледа од денешен аспект неможна. Не знам што тогаш ќе делат Ахмети и Груевски.
Коалициската криза за која толку алармантно предупредува Груевски и повикува на нови предвремени избори на цели три години пред завршетокот на мандатот настана само навидум поради фабричка грешка во македонското ново општество. Имено, потегот на еден министер на коалицискиот партнер да оддаде почит на споменикот на паднатите борци на УЧК во Слупчане голем дел од македонската јавност, мошне разбирливо, го доживеа повеќе како навреда, отколку како обид за помирување. Министерот изрази жалење, ама вели дека пак истото би го направил. Дури и кога не би глумеле патриотско лудило Груевски и Ахмети, премиерот пак не би можел ништо да направи без да го праша партнерот за неговиот дел од Владата.
Се сеќавате ли на единствената оставка на еден премиер во независна Македонија. Зошто си замина Хари Костов. Требаше да избира дали да си оди, или да му плукне под прозор на Агрон Буџаку, исто така министер на ДУИ. Или да се вратиме уште порано зошто Петар Гошев одби да биде премиер. Човекот не научил дека иако е мандатар друг треба да му ја составува владата. Има уште десетина примери на разнишани коалициски односи при поделба на власта, поради министерските, амбасадорските и директорските назначувања и разрешувања, но очигледно иако постои фабричка грешка не е проблемот само во вродениот дефект. Македонските политичари никако да научат дека врв на политичката умешност е успешно да се менаџираат токму коалициски политички влади, ососбено во мултиетничко општество. Популизмот и квази патриотизмот при тоа се најлошиот сојузник. Македонските политички лидери избраа да кокетираат со националните чувства и да собираат поени како единствени заштитници на националниот идентитет. Премногу лицемерие има меѓу партнерите во власта. Односите не се искрени, а често меѓунационалните и меѓуверските инциденти се забошотуваат од судска или било каква друга разрешница. Само во текот на оваа и мината година се случија десетина тешки меѓуетнички и меѓуверски инциденти кои политиката ги искористи за разгорување на јазик на омраза. Ниту за повеќекратните убиства во Смилковци и во Гостивар има разврска, ниту за случувањата во Струга и во Вевачани, ниту за тепачката на Кале, во школските дворови, градските автобуси, стадионите, сето тоа се поттура под тепих додека не се појави Фатмир Бесими со офицерите на АРМ да положува венец пред паднатите борци на УЧК загинати во воен судир со одбранбените сили на Македонија.
Груевски не сака, или не може да го разреши Фатмир Бесими без дозвола на Ахмети. Тој и натаму ќе го води Министерството за одбрана на земајата. На Ахмети ни на крај памет не му паѓа да го повлече Бесими. Изгледа и Груевски и Ахмети пресметале дека вака повеќе ќе ќарат пред да одат на предвремени избори. Само, кога си играат со оган треба да ја имаат предвид поговорката дека домашниот есап не излегува на пазар. |
|
Статијата е прочитана 4820 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 24.08.2012 00:22:05 | Spored ona sto ni se slucuva i kako se odvivaat rabotite, vreme e da se odlucime sto ke odbereme:
1.budenje, treznenje i stavanje kraj na detskite bajki.
2. ili sigurna i brza propast.
treto veke nema.
Grujo and company mozat i ponatamu da prodolzat da gi spodeluvaat nivnite iluzii so narodot, no rezultatot od toa e pod izbor broj 2.
|
| USA, 24.08.2012 00:45:12 | Има превирања во власта. Кога е веќе така и опозицијата вели дека не ја бива, нека излезе Шекеринска ( премиер во сенка, нели) и нека каже како би било подобро. Се друго е политика. |
| demokrat, 24.08.2012 00:45:49 | Ne znam sto e tolku tesko da se presmeta kolku vreme DPMNE na celo so Gruevski e na vlast koga zadacata avgust 2012 - avgust 2006 e lesno resliva i za 7 godisno dete!? Drugiot del od kolumnata e veke poznata rabota, gledan film koj za zal sekoja godina ke biva repriziram. Edinstveno mozat da se promenat akterite, sodrzinata nikako...! |
| Falsh, 24.08.2012 01:41:55 | Da se prirodna greshka, ke se solidarizirame i ke gi aminuvame, ama tie se fabrichka greshka i zatoa ke gi *rasturame*. Se prashuvam, dali premierot ke gi udostoi gradjanite na ovaa drzava so odgovor, shto e pogolem grev: Avtentichnoto (tu)machenje ili venecot od Slupchane? I dali e toj venec (pokraj tolku gluposti) tolkav grev, da e tokmu toj prichina za novi izbori? Na ovie prashanja sekako deka nema da dobijam odgovor od premierot, ama zatoa gotovo sigurno ke mi odgovori dezurniot patriotski komentator ex-Feliks, segashen Jovan@vlada, koj go smeni psevdonimot, no ne i mislenjeto. Edino gi nema pojmovite shatevci i blagonadezniot. Sve ostalo je isto! |
| citatel, 24.08.2012 07:35:11 | Bravo za kolumnata |
| Isproban recept, 24.08.2012 07:43:24 | Obicna providna igra na populizam i pseudopatriotizam , so cel da se zamae narodot od vistinkite promlemi i teskotii vo drzavata. Pa toa e vece isproban recept vo site avtoritarni drzavi, koga kolata ce pojde naudolnica. |
| petar, 24.08.2012 07:56:33 | Izjavata na premirot bese iskrena i potpolno na mesto.Kolumnava na Rizaov e totalno promasena.Plukanje po se sto e izgradeno se sto e zraboteno.Rizaov e slika na komunisticki novinar zelen za vlast po sekoja cena.Vo odnos na ekonomijata,ako SDSM e alternativa vo momentov, ne blagodaram, podobro neka redat cvekinja ovie od DUI.Koga ne se gradese ne se postavuvaa spomenici,lugeto pak nemaa pari,nemase bezvizen rezim so EU, bese totalno sivilo so ekstremni profiti za mal del od SDSM elitata.Rizaov ne gi spomnuva novite parkovi,rekonstrukcijata na ulicite,na ucilistata.Erol te molam odi vo penzija veke ednas |
| nato-jato, 24.08.2012 08:01:05 | Gruevski go unisti dostoinstvoto kaj Makedonskiot narod i sega kje go brani-bog da cuva! |
| P.Petar, 24.08.2012 08:23:22 | Kratka prikazna. Vo edna ubava zemja ziveele indijanci srekno i zadovolno. No dosle voini so sabji i gi potamanile. Donele nova kultura, religija i SOZDALE svoja nova zemja. Preostanatite indijanci denes vo 2012 godina ziveat na rabot od siromastijata vo mesta nareceni rezervati. Potpolno istata prikazna e kaj nas bidejki so dovagjanjeto na Slovenite uste vo 3-ot vektie napravile veleslalom se do Juzna Grcija i vospostavile svoja nova zemja na teritoriite na Makedonija,Srbija,Hrvatska. Crna Gora..originalna ,so svoje pismo,religija i istorrijski kontinuitet., i NAPREDOK. E sega razlikata e vo toa sto Slovenite ne gi potamanile starosedelcite tuku vo kontinuitet im DOZVOLILE da opstanat, da se skoluvaat da ziveat svoj zivot! I sto dobija Slovenite od toa??Najadeni,napieni ,obleceni NEPRIJATELSKI raspolozeni soziteli ! Prostete mi Albanci/imam prijateli megju vas/ no vaka NE BIVA, Ostanuva alternativa: 1.Budenje,treznenje.a VMRO neka pomisli sto znacat tie 4 bukvi!! |
| milan, 24.08.2012 09:37:13 | Omalovazuvanjeto na druga nacija a velicanjeto na sopstvenata e odlika na nacionalizmot, a ako pomine vo omraza eve sovinizam.Kaj nas ova go potpaluva vlasta i se pojavuva eden drug oblik demek zastita na nacionalnite interesi so mobiliziranje.Loso poloso ne moze da bide.Zar ne e vreme site nacii vo MKD da se obedinat kolku moze poveke i takvite vodaci koj potpaluvat nacionalna omraza da se odstranat od tkivoto na drzavata. |
| mene, 24.08.2012 09:58:51 | За седум години владеење .
Za volja na vistinata ne se raboti za 7 tuku za 6 godini. |
| Mila, 24.08.2012 12:03:53 | Ako ovoj narod ne go procita dosega Gruevski togas i ne zasluzuva podobar premier.Stom nema rezultati vo rabotata i nema vizija sto ponatamu a narodot veke e vo golema siromastija toj vednas raspisuiva izbori i na toj nacin manipulira so nego. |
| монет на вистината, 24.08.2012 12:26:31 | Народе,има решение.После било каква секвенца,епизода од нашиов серијал,наречен битисување во државава,политички особено,ние треба секогаш да настапуваме единствено.Не мора со оро и песна,сонце и љубов,(не ни е до тоа) ама со една единствена парола.Леб и вода (р а б о т а)почитувана господо!.Ова е нашта, Македонија. |
| robert, 24.08.2012 12:47:52 | pred nekoj den prognozirav deka vmro i grujo ke si dadat ostavka do krajot na ovaa godina.i izgleda na pat sme ovaa najgolema sreka za drzavata da se ostvari.izgovor mu e slupcane i rasturaneto na koalicijata so dui.realnosta e taa deka nema pari vo drzavata i zatoa site tie silni pokacuvana na cenite.i dosta ni e veke od niv lazni ekonomisti unistuvaci na svojot narod.i po 1000 pat svatete grujo go napravi samo skopje malku podobro mesto za ziveene.site sme isfrustrirani od vmro i grujo.dosta e. |
| Kiril, 24.08.2012 16:41:43 | Do petar
Onoj koj svoeto ime go pisuva so mala bukva - ne treba da se komentira na intelektualen plan. Mislam deka takvite kako nego (a gi ima, nazalost) treba vo novoformiranite fakulteti da si go dooformat obrazovanieto (ili pak vo vecernite skoli). E mizer Makedonijo - na sto si spadnala....
|
| сузе, 24.08.2012 17:04:04 | НАВИСТИНА ДОСТА Е!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
|
Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
Канабисот е штетен за мозокот Пушењето канабис за време на младоста штетно влијае врз мозокот, е заклучок на студијата на научници од Нов Зеланд, која... | |
Покриени пред и зад камерите Веќе еден месец Египќаните можат да ја гледаат телевизиска станица Мариа ТВ. Нејзината програма ја водат целосно покриен... | |
|